Дали му се гледа крајот на Фејсбук?

Ако сте забележале дека во последно време користите помалку Фејсбук од обично, не сте единствени.

Дали намалениот ангажман на корисниците придонел за голем број скандали кои се поврзуваат со оваа социјална мрежа или едноставно му „помина времето“, а помладите корисници се завртуваат на другите социјални мрежи како Инстаграм - тешко е да се процени, но статистиката покажува дека луѓето сè помалку го користат.

Според податоците на „eMarketer“, просечното време кое корисниците го поминувале на Фејсбук во 2018-та година се намалило за три минути. Минатите години корисниците на оваа социјална мрежа просечно поминувале по 38 минути на ден, а во 2017-та година тоа време било 41 минута. „eMarketer“ предвидуваат дека до 2020-та година би требало да се намали на 37 минути на ден.

 

Главната аналитичарка во „eMarketer“, Дебра Ахо Вилијамсон, како што пренесува „Mashable“, смета дека до тоа дошло поради намалената популарност на оваа социјална мрежа меѓу тинејџерите.

Неколку минути дневно можеби не ви изгледа многу, но треба да се земе предвид дека Фејсбук многу е финансиран од спонзорираните објави, па намалување на интересот на корисниците воопшто не им одговара. 

Top