Сега веќе можеме да го блокираме она што ни пречеше

Ако на детето сте му купиле компјутер или го подготвувате компјутерот за користење во училиште, или пак, имате лични причини како „случајно“ влегување на Редит или Инстаграм преку работното време, постои решение.

Која и да е вашата причина за блокирање на веб-страниците во Google Chrome, процесот е многу едноставен. Сè што треба да направите е да инсталирате „Block Site“.

Дополнителната апликација за Chrome, можете да ја инсталирате откако ќе се пријавите на својот Google профил, а потоа симнете ја преку официјалното мени на Chrome. Во горниот десен агол од екранот, треба да видите портокалов штит со симбол „Cancel“. Кликнете на него и потоа на точката која ќе ја видите во прозорчето што ќе се отвори.

 

Внесете лозинка и размислете за активација на „Работниот режим“ во одредени часови од работниот ден. Како да додадете страници?

Постојат два начини:

1. Во опцијата за проширување, кликнете на „Block Sites“ на врвот на менито на левата страна на екранот и потоа рачно внесете ги веб-страниците кои сакате да ги блокирате на табличката од десна страна.

2. Втората опција е едноставно да отидете на страната што ја сакате и да ја блокирате со тоа што само ќе кликнете на штитот и потоа опцијата „Block This Site“.

Ако некогаш сакате да ја промените опцијата, кликнете на штитот, отидете во опциите и погледнете ја листата со „Blocked Sites“. Таму кликнете на црвениот круг со бела цртичка за веднаш да ја одблокирате веб-страницата. 

 

Top