Новиот iPhone 11 пристигнува без една од „најинтересните“ функции?

Новото издание на паметниот телефон на Apple нема да ја поседува веќе четири години старата функција која овозможува поинаква интеракција со апликациите.

Пред четири години, новата технологија 3D Touch кај iPhone 6S понуди нов начин на интеракција со паметниот телефон. Корисниците можеа со апликациите и оперативниот систем да управуваат преку три различни нивоа на чувствителност на притисок.

Аналитичарите од британската инвестициска банка Barclays тврдат дека од Apple донеле одлука да се откажат од ваквата функција кај новите изданија на паметниот телефон – новиот iPhone 11, наместо со 3D Touch, ќе пристигне со поевтината Haptic Touch технологија, премиерно претставена кај минатогодишниот модел iPhone XR.

 

За разлика од 3D Touch, Haptic Touch не нуди повеќе нивоа на чувствителност, туку изборот на можности е ограничен на обичен и подолг притисок на екранот.

Доколку се покаже проценката на Barclays како исправна, секако, тоа нема да биде „крајот на светот“ за фановите на Apple, затоа што, како што пренесува Tech Radar, некои истражувања покажале дека корисниците и воопшто не биле свесни кои функции можат да се извршат со 3D Touch технологијата.

Top