Facebook лансира сопствена валута

Компанијата "Facebook" го финализира планот за лансирање на сопствени криптовалути наредната година.

Компанијата има намера до првиот квартал на 2020-та година да воспостави систем за дигитално плаќање во десетина земји, а до крајот на оваа година ќе почне со тестирање на своите криптовалути, кои интерно ги нарекува "GlobalCoin". 

Се очекува дека Фејсбук на лето подетално ќе ги претстави плановите, а основачот на Фејсбук, Марк Цакерберг веќе за тоа разговарал со гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни.

 

Двајцата минатиот месец разговарале за можностите и ризиците кои ги носи создавањето на криптовалута, а Facebook исто така од службениците на американското Министерство за финансии барал совет за оперативни и регулаторни прашања.

"Facebook" е во преговори со компании за трансфер на пари, вклучувајќи ја и "Western Union", бидејќи бара поевтини и побрзи начини за праќање и примање на пари од оние кои немаат банкарски сметки.

 

Top