Facebook се дели на два дела!?

Марк Зукерберг има намера да го подели Facebook на јавен и приватен дел. Тој го најави ова на својот блог, објавен минатата недела во кој тој објаснува во детали што всушност планира.

“Сакам да создадам два различни простори. Еден ќе биде јавен форум, односно т.н. градски плоштад, додека другиот простор би бил приватен и шифриран, и тој би бил дневна соба”, изјавил основачот на најпопуларната социјална мрежа во светот.

Не е сосема јасно што значи тоа во пракса, но се претпоставува дека новоста подразбира поврзување на различни Facebook платформи за разменување на пораки на Instagram, WhatsApp и Facebook Messenger со цел да се создаде шифрирана интероперабилна услуга.

“Мислам дека тоа ќе биде во фокусот на компанијата за наредните пет години или повеќе”, изјавил Зукерберг.

Компанијата најмалку една година ќе има консултации со експертите, владата и институциите кои ги спроведуваат законите, пред да го понуди затворениот дел од мрежата.

Тој истакна дека овој пристап претставува промена во пристапот на Facebook производите.

Top