Фејсбук воведува големи промени: Повеќе ништо нема да биде исто!

Марк Цукерберг најави големи промени на популарната друштвена мрежа во текот на годишната Фејсбук конференција Ф8. Како што сам истакна, ова се можеми најголемите промени досега. Препознатливата сина боја на позадината ќе биде бела, а се воведуваат и бројачи на лајкови.

Што се однесува до самиот дизајн, логото на Фејсбук нема да има квадратен облик, туку ќе биде во вид на круг, а по првпат се менува и бојата. Мобилната апликација ќе биде претежно бела, додека препознатливата сина заминува во историјата.

Цукербег објаснил дека планот на компанијата е на прво место да ја стави приватноста и игурноста на корисниците, а не рекламите и заработката.

Резултат со слика за F8

Ова се 7 најважни промени на Фејсбук:

-Пораките ќе ги испраќаме преку Месинџер, а на Фејсбук апликацијата веќе нема да можат да се гледа нивната содржина. Платофрмата ќе биде поврзана со WhatsApp. Месинџер ќе зазема помалку место на мобилните телефони, а ќе има и декстоп верзија на апликацијата.

-Инстаграм ќе воведе опција „приватен бројач на лајкови“. Сите кои ќе посетат нечиј профил нема да можат да го видат бројот на лајкови, единствено само сопственикот ќе има пристап до тој податок.

-Ќе има краткотрајни начини на споделување во пораки – што значи дека нема да биде траен записот во нив.

-Полесното испраќање на пари по пат на WhatsApp, кој се тестира во Индија наскоро ќе се прошири во остатокот на светот.

-Во фокус на редизајнот на Фејсбук ќе биде промена на бојата, сината боја ќе замине во историја, а почетната страна ќе биде фокусирана на групи наместо на вести.

-Објавите на Инстаграм нема да мора да почнуваат со фотографија или видео. Содржината ќе може да се сподели и само со текст, стикер или цртеж.

-Најавената опција Secret Crush ќе функционира како апликацијата Тиндер. Ќе може да означите личност која ќе ви се допадне и тоа тајно од останатите пријатели, па ако истата таа личност ве означи вас, тогаш Фејсбук ќе ве „спои“.

Поврзана слика

Top