Бројките не лажат: Се помалку млади, а повеќе стари лица користат Фејсбук

Фејсбук се бори да ја задржи базата на корисници – се проценува дека денес има 15 милиони помалку од 2017-та година, а само во САД забележан е пад на популацијата која ја користи најголемата социјална мрежа на светот, од 67% на 61%.

Иако можеби е претерано да речеме дека Фејсбук се претвора во дом за стари лица, оваа социјална мрежа доживува егзодус на млади луѓе, а истовремено бележи се поголем број на нови корисници кои се постари од 55 години.

Компанијата “Edison Research” потврди дека е забележан голем пад на бројот на корисници кои се на возраст од 12 до 34 години, додека бројката на нови корисници кои се постари од 55 години продолжува да расте.

 

Не е ни чудо што тинејџерите ја напуштаат најголемата социјална мрежа која бележи контра-ефект од својата огромна популарност. На младите лица не им се допаѓа што во виртуелниот свет добиваат покани за пријателство од своите родители и блиски и далечни роднини, па затоа се повеќе „бегаат“ кон другите социјални мрежи.

Меѓу последиците се споменува и разнишаната доверба која корисниците ја имаат во најголемата социјална мрежа на светот, посебно откако изби скандалот во кој беше откриено дека Фејсбук на аналитички компании им продава приватни информации од своите корисници.

 

Појавата на останатите социјални мрежи како “Snapchat” и “Instagram” дефинитивно влијаат на одливот на млади луѓе од Фејсбук. Овие платформи се едноставни, не се популарни кај повозрасните и собираат далеку помалку приватни информации.

Фејсбук го поседува “Instagram”, но тоа на Марк Закерберг не му помага да ја поправи ситуацијата. Голема е веројатноста дека тој наскоро ќе мора да воведе универзален систем за размена на пораки за да ја сопре миграцијата на корисници, во спротивно ќе мора да го прифати фактот дека Фејсбук станува социјална мрежа за постарите луѓе.

Top