Зошто милиони Американци ги гасат своите Фејсбук профили?!

Се чини дека сите пропусти на Фејсбук дојдоа за наплата, а тоа го докажува и новото истражување според кое сѐ повеќе Американци ја напуштаат оваа социјална мрежа.

Во САД, Фејсбук користат 15 милиони корисници помалку отколку во 2017 година. Според истражувањето кое го објави истражувачкиот тим “Edison Research”, 80 отсто од Американците користат Твитер, Снепчет и Инстаграм повеќе отколку што користат Фејсбук. 

“Бројката од 15 милиони не е занемарлива, мислам дека со сигурност може да се каже дека тоа е значителен пад на бројот на корисници. Петнаесет милиони луѓе е голем број, од кој и агол да го гледате тоа. Тоа е речиси шест отсто од комплетната американска популација и на некој начин претставува дел од трендот. Ова е втора година по ред кога гледаме значителен пад на користење на оваа социјална мрежа”, изјавила Лари Росин, претставничка на истражувачкиот тим.

 

Таа додава и дека овие резултати и ситуација ќе се одрази и на оние кои вложуваат во компанијата, а зборувала и за фактот како Фејсбук станал популарен помеѓу постарите генерации, што значително се одразило на младите.

“Се чини дека останатите социјални мрежи се попривлечни од Фејсбук, барем од перспективата на младите луѓе”, заклучила Росин.

Top