Исклучете ја опцијата FaceTime, ве прислушкува

Додека не пристигне новата верзија на iOS која ќе донесе и унапредена безбедност, можете да го исклучите FaceTime, затоа што како што се дозна, оваа апликација може да ве прислушкува.

Apple реагираше и ги оневозможи групните FaceTime повици за сите корисници кои што имаат уреди со iOS 12 оперативниот систем (iPhone, iPad и iPod), како и macOS компјутерите, затоа што таа опција има можност да ве прислушкува.

Додека не стигне новата верзија на оперативниот систем, Apple ве советува да го исклучите мануелно FaceTime.

 

Имено, компанијата од Купертино новата верзија на оперативниот систем која ќе го поправи багот ќе ја пушти на 3-ти февруари, а дотогаш, можете во само неколку чекори да го исклучите FaceTime на вашиот iPhone.

Активирајте ја Settings апликацијата, пронајдете ја FaceTime опцијата, влезете и поместете го „лизгачот“ за да исклучите FaceTime.

Кога ќе го ажурирате оперативниот систем на вашиот Apple уред, повторно вклучете го FaceTime и користете ја услугата најнормално.

Top