Дали ова ќе биде годината на 8К?

Според информациите на производителите на ЛЦД панелите/екраните, оваа година не очекува прилично голем број на телевизори и монитори со резолуција од 8К. Всушност, аналитичарите сметаат дека 2019-та година ќе биде годината на 8К.

Конкретно, дури девет производители планираат оваа година на пазарот да лансираат 8К панели во различни големини.

Да потсетиме, веќе во септември минатата година, на IFA 2018 беше претставен првиот 8К телевизор на Самсунг и веднаш потоа се појави во продажба во Берлин. Оваа година, јужнокорејскиот гигант ќе претстави уште неколку такви модели, комплетирајќи ја на тој начин својата понуда во категоријата на големи телевизори со екран со дијагонала од 65 до 98 инчи.

Уште еден јужнокорејски произодител и веројатно најголемиот ривал во овој домен, LG ќе претстави 65-инчни, 75-инчни и 98-инчни 8К панели во текот на оваа година.

Слични планови имаат и другите компании. Sharp исто така ќе претстави од 70 до 80-инчни 8К телевизори, а трендот се очекува да го следат и помалите компании како што се BOE Technology, CEC, CSOT и AU Optronics.

Најголемиот број на 8К телевизори ќе ја користат ЛЦД технологијата, а единствениот исклучок може да се очекува од LG од каде што би можеле да претстават телевизор со 8К ОЛЕД панел со оглед на тоа што оваа компанија најуспешно ја развива таа технологија.

Просечната цена на 8К телевизорите во овој момент изнесува околу 15 илјади долари, а првите 8К содржини веќе започнаа да се емитуваат пред неколку месеци во Јапонија.

Top