Кои беа најпопуларни паметни телефони во 2018 година?

Во текот на оваа година добивме многубројни паметни уреди и телефони, но само некои ги освоија срцата на љубителите на геџети.

Модерниот живот не би можел да се замисли без овие мини компјутери кои буквално нѝ ги извршуваат сите обврски и кои денес станаа незаменливи. Мобилните телефони некогаш имаат функција да служат само за повици, за подоцна да понудат и можност за испраќање пораки, а денес ги пружаат сите можности кои ги имате на најсовремените компјутери.

Поврзаноста со интернетот значи дека во секој момент имате можност да пристапите до сите информации на светот, а тоа е неверојатна моќ која денес секој од нас ја чува во својот џеб. Индустријата на мобилни телефони неверојатно се промени во последните 10 години и сега се чини дека секоја година добиваме се понапредни и помоќни телефони и едноставно не знаеме што да очекуваме во наредните години.

Во текот на оваа година имавме прилика да испробаме различни нови модели, но овој пат одлучивме да ви ги претставиме најпопуларните телефони од оваа година.

Ова се моделите кои се најмногу користени во 2018 година и по кои љубителите на технологијата најмногу "полудеа", но тоа секако не значи дека тие се најдобри. Еве за кои телефони станува збор:

LG G7 ThinQ

OnePlus 6T

Google Pixel 3 XL

Huawei Mate 20 Pro

iPhone XS / iPhone XS Max

Samsung Galaxy S9 Plus

 

Top