OnePlus 6T McLaren Edition: Формула1 меѓу паметните телефони!

Од 13-ти декември во продажба е пуштен унапредениот 6T McLaren Edition на компанијата OnePlus. Британскиот производител на суперавтомобили – Мекларен, се здружи со компанијата OnePlus и заедно го создадоа специјалниот телефон наречен OnePlus 6T McLaren Edition за кој што велат дека е „суперавтомобилот меѓу паметните телефони“.

Овој телефон располага со 6,41-инчен АМОЛЕД екран со резолуција од 2,340х1,080 пиксели, може да се пофали со актуелниот најмоќен процесор на Qualcomm – Snapdragon 845, Adreno 630 графика, 256 GB интерна меморија и одлични 10 GB RAM меморија.

 

На предната страна се наоѓа селфи камера од 16 мегапиксели, додека на задната страна се сместени две камери од 16 и 20 мегапиксели, како и двоен ЛЕД блиц.

Најголемиот адут на овој телефон е Warp Charge 30 технологијата за брзо полнење – од OnePlus тврдат дека за полнење до 50% на батеријата која што инаку има капацитет од 3,700 mAh се потребни само 20 минути.

 

Со оглед на тоа што станува збор за брендиран телефон на Мекларен, црното карбонско куќиште со портокаловите нијанси не е изненадување. Цената на овој телефон изнесува околу 700 евра.