Apple, Microsoft или Amazon - Која компанија е највредна на светот?

Во тесната трка за највредната компанија на светот се најдоа три корпорации, откако на технолошките гиганти Apple и Microsoft им се приклучи Amazon, компанија за интернет продажба.

На крајот од тргувањето со берзи кон крајот на минатата недела, прв на листата беше Microsoft со вредност од 860 милијарди долари, но кон почетокот на оваа недела, водството го презеде Amazon, чија вредност порасна на 866 милијарди долари. Кон крајот на трговскиот ден, водството сепак му припадна на Apple, чија вкупна вредност на акциите достигна 877 милијарди долари. 

Успех на Microsoft по изборот на новото водство на компанијата

Microsoft, минатиот петок го презема водството на највредна компанија, место на кое оваа корпорација не била од 2002 година. Исто така, нејзините акции најмногу вределе во технолошкиот сектор, што не е забележано од 2010 година.

Вредноста на Microsoft нагло порасна откако во февруари 2014 година, водството на компанијата го презеде Сатја Наделa. Тој ја забрза транзицијата на корпорацијата кон услугите базирани на "облак" (cloud-based services).

 
 

Apple и Amazon веќе вредеа милијарда долари оваа година, но цената им опадна

Во август оваа година, Apple стана првата компанија во светот која ја надмина вредноста од една милијарда долари. Но, проблемите со iPhone, како и најавата дека веќе нема да ја објавуваат бројката на продадени модели ја намалија цената на акциите. Инвеститорите, споменатата најава ја доживеаја како знак дека компанијата ја очекува значаен пад во продажбата на својот главен производ.

По само еден месец, Amazon во септември оваа година стана втората компанија на светот чија цена достигна една милијарда долари.

Последици од трговската војна

Цените на двете споменати компании беа погодени од кинеско-американската трговска војна. Секоја нова најава на царини од страна на американската администрација ја намалувала цената на акциите на Amazon, со тоа што со царините расте и цената на производите во понудата на компанијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп до неодамна се закануваше дека ќе воведе царини и на мобилните телефони и лаптопите кои се произведуваат во Кина, каде Apple има свои фабрики.

Цената на акциите на технолошките гиганти започна да "закрепнува" оваа недела, откако американскиот и кинескиот претседател најавија дека ситуацијата нема да ескалира и нема да се воведуваат дополнителни царини. Со тоа, цената на Amazon во понеделникот порасна за 4,9 отсто, а на Apple за 3,5.