Новиот паметен телефон на LG ќе има 16 камери!?

Компанијата LG пријави патент за паметен телефон со дури 16 камери кои што ќе бидат сместени на задната страна на телефонот, но не е познато кога јужнокорејците би можеле да го претстават овој телефон.

Бројот на камерите кај паметните телефони станува се поголем, па така, новиот Huawei Mate 20 Pro на задната страна од уредот има три камери, а неколку компании веќе најавија и имплементирање на уште повеќе камери на своите уреди.

Сепак, сето тоа досега изгледаше премалку во споредба со потенцијалниот нов паметен телефон на LG кој што според замислата на инжинерите во оваа компанија, би требало да има дури 16 камери.

Толку големиот број на камери најверојатно ќе значи и дека софтверот ќе споредува повеќе фотографии и ќе може да ги отстранува несовршеностите на фотографиите и на крајот да формира една, совршена фотографија.

Покрај тоа, со поврзување на податоците од фотографиите направени со повеќе камери, една фотографија би можела да се прегледува од повеќе перспективи, а секако, може да се очекуваат и уште подобри портрет фотографии.

 

Уште еден новитет кој што се споменува се „подвижните фотографии“ – таа опција не е конкретно објаснета, но се споменува дека таквите подвижни фотографии ќе можат да направат поврзување на фотографиите снимени од различните камери. На пример, доколку дел од телото е стои, а главата се движи, подвижната фотографија ќе се погрижи и за приказ на движењата.

Интересно е тоа што од LG најавуваат и поставување на огледало на задната страна од телефонот, па така корисниците ќе можат да направат селфи фотографии од висок квалитет со помош на 16-те камери.