Со внимателно планирање и напад на цели исклучиво од висок профил, хакери со уценување за помалку од пет месеци успеале да „заработат“ над 3 милиони долари. Хакерите со помош на вирусот, односно со ренсомверот Ryuk не само што ги нападнаа најголемите медиумски куќи во САД, туку успеале со помош на уцени да изнудат импресивен износ на пари. Според безбедносните компании CrowdStrike и FireEye, хакерите од август минатата година, во вкупно 52 исплати, успеале да заработат 3,7 милиони евра во Биткоин. Аналитичарите тврдат дека клучот на успехот на хакерите била нивната трпеливост и фокусирањето на „големи мети“, пренесува Engadget. Процесот на…
Дали некогаш сте се запрашале која е функцијата на поплочувањето со испакнини на пешачките премини, скалите и влезовите? Тоа е во суштина начин со кој лицата со оштетен вид се предупредуваат на можна опасност, која е една од многуте иновации која им помага на лицата со оштетен вид да се движат слободно и безбедно. Иновации за луѓето кои имаат потреба  Слепите лица и лицата со оштетен вид се заинтересирани за технолошките иновации и за нови производи и решенија кои им го олеснуваат животот и им даваат поголема независност. Читачите на екрани и Брајовите дисплеи се неколку примери на „трето око“…
Според информациите на производителите на ЛЦД панелите/екраните, оваа година не очекува прилично голем број на телевизори и монитори со резолуција од 8К. Всушност, аналитичарите сметаат дека 2019-та година ќе биде годината на 8К. Конкретно, дури девет производители планираат оваа година на пазарот да лансираат 8К панели во различни големини. Да потсетиме, веќе во септември минатата година, на IFA 2018 беше претставен првиот 8К телевизор на Самсунг и веднаш потоа се појави во продажба во Берлин. Оваа година, јужнокорејскиот гигант ќе претстави уште неколку такви модели, комплетирајќи ја на тој начин својата понуда во категоријата на големи телевизори со екран со…
Во текот на оваа година добивме многубројни паметни уреди и телефони, но само некои ги освоија срцата на љубителите на геџети. Модерниот живот не би можел да се замисли без овие мини компјутери кои буквално нѝ ги извршуваат сите обврски и кои денес станаа незаменливи. Мобилните телефони некогаш имаат функција да служат само за повици, за подоцна да понудат и можност за испраќање пораки, а денес ги пружаат сите можности кои ги имате на најсовремените компјутери. Поврзаноста со интернетот значи дека во секој момент имате можност да пристапите до сите информации на светот, а тоа е неверојатна моќ која денес…
Од 13-ти декември во продажба е пуштен унапредениот 6T McLaren Edition на компанијата OnePlus. Британскиот производител на суперавтомобили – Мекларен, се здружи со компанијата OnePlus и заедно го создадоа специјалниот телефон наречен OnePlus 6T McLaren Edition за кој што велат дека е „суперавтомобилот меѓу паметните телефони“. Овој телефон располага со 6,41-инчен АМОЛЕД екран со резолуција од 2,340х1,080 пиксели, може да се пофали со актуелниот најмоќен процесор на Qualcomm – Snapdragon 845, Adreno 630 графика, 256 GB интерна меморија и одлични 10 GB RAM меморија.   На предната страна се наоѓа селфи камера од 16 мегапиксели, додека на задната страна се сместени…
Сондата "Voyager 2", лансирана од Земјата во 1977-ма година, станала вториот предмет направен од човечка рака кој го напуштил Сончевиот систем. И покрај тоа што е пратена 16 дена пред "Voyager 1", нашиот систем го напуштила шест години подоцна, бидејќи имала подолга траекторија. Втор пат во историјата, еден објект кој е дело на човечка рака, успеал да стигне во меѓуѕвездениот простор.  Вселенската сонда на НАСА, "Voyager 2" ја напуштила хелиoсферата, односно заштитната област на магнетни полиња и честички кои ги произведува Сонцето. Споредувајќи ги податоците со различните инструменти добиени од леталото, тимот на НАСА утврдил дека "Voyager 2" го напуштил…
Без оглед на тоа колку ни ги промени животите, WiFi-то често знае да ни предизвика нервоза, бидејќи често е недостапно и поуздано, дури и кај корисниците со мали домови. Може да им предизвика уште поголема главоболка на работниците во компаниите, на кои им е потребна сигурна мрежа за уреди. Затоа некои компании имплементираат нови методи за мрежно поврзување на уредите на вработените, како што во овој случај е 5G. Мобилниот интернет е многу побрз од WiFi-то во многу земји, меѓу кои е и Македонија, а префрлувањето на 5G ќе овозможи побрза конекција. Ниската латентност, флексибилност, добра безбедност и функциите за…
Во тесната трка за највредната компанија на светот се најдоа три корпорации, откако на технолошките гиганти Apple и Microsoft им се приклучи Amazon, компанија за интернет продажба. На крајот од тргувањето со берзи кон крајот на минатата недела, прв на листата беше Microsoft со вредност од 860 милијарди долари, но кон почетокот на оваа недела, водството го презеде Amazon, чија вредност порасна на 866 милијарди долари. Кон крајот на трговскиот ден, водството сепак му припадна на Apple, чија вкупна вредност на акциите достигна 877 милијарди долари.  Успех на Microsoft по изборот на новото водство на компанијата Microsoft, минатиот петок го…