Еден маж во Пакистан е уапсен откако ја измачувал својата сопруга – најпрвин ја соблекол гола, ја претепал, а потоа ја избричил нејзината глава, затоа што одбила да танцува за неговите пријатели.

Случајот се најде во центарот на вниманието на тамошната јавност откако беше објавена снимка од претепаната жена на социјалните мрежи. Станува збор за Асма Азиз која ја моли јавноста за помош.

Асма во видео снимката открива дека нејзиниот сопруг Миан Фаисал и неговите другари збеснале откако таа одбила да танцува за нив. Таа тврди дека била понижена затоа што била соблечена гола, а потоа ѝ ја избричиле главата и ја тепале со метални шипки.

„Мојата облека беше крвава. Бев врзана и обесена за вентилаторот. Ми се закануваше дека гола ќе ме обеси“, изјави Асма која открила дека Фаисал бил исполнет со љубов кога пред четири години се венчале, а од неодамна неговото однесување започнало да се менува.

Мајката на тригодишното дете открива дека тој често ја малтретирал и често бил во алкохолизирана состојба. Таа открива дека успеала да побегне од куќата после нападот и да стигне до полициската станица во која одбиле да поднесат пријава затоа што немала пари за мито. Исто така, одбиле да ја лекуваат, барајќи исто така мито.

„Полицијата бараше пари за преглед. Немав пари да им платам. Како и од каде да им платам?“, запраша Азиз која смета дека единствена можност за да добие помош е да се обрати на јавноста, со оглед на тоа што родителите ѝ биле мртви и нема на кого друг да му се обрати.

Откако го видела видеото, министерката за човекови права, Ширин Мазари напиша на социјалната мрежа Твитер дека нејзината канцеларија е известена за апсењето на две лица – сопругот на Азиз и неговиот пријател Рашид Али.

Рибар се надевал дека уловил помала ајкула, но се покажа дека уловил нешто многу поголемо и не му било јасно што можело да го убие тој ѕвер.

Трапман Бермагуи, познат како Џејсон на крајбрежјето на Австралија недалеку од Сиднеј од морето извлекол глава од ајкула тешка околу 100 килограми. 

Во главата исто така пронашол сабја кој тврди дека била таму со години, пренесува Метро.

 

"Тоа само ја покажува неверојатната способност на ајкулата да заздрави", рекол тој. На својот Фејсбук профил споделил фотографија од главата и се запрашал што всушност можело да ја убие оваа ѕверка.

 

"Што и да ја уби, мора да било навистина импресивно. Имавме навистина лудо утро. Се надевавме дека ќе уловима мала ајкула, а испадна дека налетавме на голема која беше изедена од нешто уште поголемо", напишал под фотографијата.

 

Главата која ја пронашол му припаѓа на видот бела ајкула. Постарите поединки од овој вид можат да пораснат до должина од четири и пол метри и да бидат тешки до 500 килограми.

Тинејџер од американската сојузна држава Мисури е фатен како ставал ЛСД во пијалакот на колегите од работа, а во своја одбрана, тој изјави дека тоа го правел оти неговите колеги биле премногу нерасположени и здодевни.

Момчето (19) ја призна вина за ставање халуциногена дрога, па сега му се заканува казна за тоа, како и за поседување недозволени супстанции.

Тинејџерот на дело го фатиле менаџерката на фирмата за изнајмување автомобили, која го видела како стои близу нејзината чаша со вода, па одлучила да не пие од неа. Кусо потоа, таа и повикала полиција откако забележала дека неколку колеги не се добро и дека еден од нив почнал да се тресе.

Кога полицајците го прашале момчето – зошто го сторил тоа, тој рекол дека му биле многу негативни и дека тој само сакал да им го поправи расположението.

Неодамна на социјалните мрежи се појави снимка од интервјуто на сестрата на Мајкл Џексон, Латоја Џексон кое таа го дала во 1991 година во ток шоуто “Live with Regis and Kathie Leе”.

Латоја неколку пати го обвинила својот татко Џо Џексон за наводно сексуално злоставување во детството и изживување врз единаесетте браќа и сестри. 

Таа и претходно признала во јавноста дека Џо сексуално ја злоставувал нејзе и нејзината шест години постара сестра Реби, а во интервјуто потврдила сѐ за кое дотогаш зборувала. Исто така, Латоја тврдела и дека за сето тоа знаела и нивната мајка Кетрин.

“Кога твојот татко ќе стане од креветот кој го дели со твојата мајка и ќе легне во креветот со својата ќерка, а ја слушаш мајка ти како му вели “Не Џо, не вечерва, уморна е, остави ја да се одмори”, тоа те излудува”, напишала Латоја во мемоарите од 1991 година. Таа наводно имала 11 години кога започнале силувањата.

“Не беше само физичко злоставување, туку и ментално и сексуално. Реби се отсели од дома на 16 години токму поради тоа”, изјавила Џексон и додала дека татко ѝ постојано ја злоставувал нејзината сестра. На прашањето дали Џо ја злоставувал и нивната сестра Џенет Џексон, Латоја одговорила дека не знае бидејќи Џенет никогаш не зборувала за тоа.

“Со мене почна откако Реби се отсели. Живееш со тоа како ти да правиш нешто лошо и непријатно ти е. Се срамев, цел живот се срамев да зборувам за тоа”.

Откако секојдневно пиел најмалку шест енергетски пијалаци, учителиот Ден Ројалс покажал што таквата навика му направила на неговиот јазик, пишува “Metro”.

Во Фејсбук групата “Get It Off Your Chest” објавил фотографија од својот јазик на која се гледа како ткивото на некои места е многу нагризано. 

“Кој сѐ уште пие енергетски пијалаци? Зависни сте од нив. Размислете малку за тоа. Добро погледнете ја оваа фотографија, еве што ви прават тие на јазикот. Замислете што се случува со внатрешните органи”, напишал Ден.

 

Додал и дека промените на јазикот ги забележал откако некој период пиел по шест енергетски пијалаци дневно. Кога посетил доктор, дознал дека хемикалиите од енергетските пијалаци буквално го нагризале неговиот јазик.

Иако Ројалс не објаснил како точно дошло до ова, познато е дека забарите предупредуваат на штетните последици на големата количина на шеќери во енергетските пијалаци врз оралното здравје.

“Студијата спроведена во САД покажува дека киселината и големата количина на шеќери во енергетските пијалаци можат да предизвикаат кариес”, наведува “World Health Organization”.

 

Ако сте го користеле Интернетот во последниве недели, најверојатно видовте голем број пријатели кои учествуваат во # 10YearChallenge. Трендот бара да се објават две фотографии од себе една по друга: една од 2009 година, а друга од 2019 година. Меѓу другото, “предизвикот” е исмејуван што е нарцистички, ејџист, па дури и малку сексистички. Но, сега, хаштагот се користи за да се привлече свеста за уште поголема загриженост: климатските промени.

View this post on Instagram

#10YearChallenge . Time flies by under our nose, day to day we don’t see these impacts, maybe we are lucky in that regard or maybe we aren’t because it makes us unaware of the irreversible damage we are doing to our planet. . Your choices every single day, affect the world around us. The way you choose to live, the choices you make, it affects everything. Imagine if all 7.7 billion of us stood up, chose to be more conscious ?! Making daily changes in our lives, became more conscious. It’s up to us, we don’t own this earth, we are inhabitants and share it with so many other incredible beings that we are losing at an alarming rate because humans have been so greedy. We might of caused this, but we sure as hell can turn it around again. . Let’s make the next 10 years the time we see our environment bounce back. Choose to not support animal agriculture, or animal products, eat local, grow your own food, support renewables, consume less, waste less, enjoy the outdoors, make sure your purchases aren’t detrimental to the environment, talk to kids, educate them, stop using single use plastics, speak up against deforestation, big oil drilling, animal cruelty, the exotic pet trade, just to name a few. . . Among many other choices I’ve made to help the planet, I’ve also been vegan over 10 years. Be the change you wish to see in the world ? ???⭐️? . . #ClimateChange #FightForThePlanet #BeTheChange . Thankyou for putting a couple of these collages together @wildaware and everyone else who stood up for the climate with this challenge. If anyone else knows the original photogs for any images DM me ?

A post shared by Brinkley Davies ∙ Australia (@brinkleydavies) on

За само шест милиони евра би можеле да живеете како холивудската глумица Сандра Булок. Имено, таа ја ставила на продажба својата прекрасна куќа со приватна плажа и тоа за 5,7 милиони евра заедно со целиот мебел.

Оваа куќа се протега на 3,360 метри квадратни со голема кујна, домашна теретана, кошаркарско игралиште, базен и приватен влез на плажа. Куќата се наоѓа на островот Тајби. 

Сместена е на плажа која има речиси три хектари. Главната куќа има четири спални соби и дневна соба со камин, кујна и пространа трпезарија.

 

Новите сосптвеници во својот дом ќе имаат и домашна теретана која исто така има пространа соба за рекреација со маса за пинг-понг.

Исто така, идните купувачи може да уживаат во вечера на отворено или да се одмараат и читаат книги на лулашката. Тремот надвор од дневната соба и трпезаријата гледа кон базенот и големиот зелен двор. Исто така има приватен и безбеден пристап на плажата.

 

Покрај главната куќа се наоѓа и пансион со три спални соби кој има дневна соба од отворен тип, трпезарија и кујна со камин.

Сандра оваа куќа ја купила во 2001 година за 1,49 милиони долари.

 
 
 
 

 

Пи Џеј Проби стекна популарност како поп музичар во 60-тите години на минатиот век, но бизарните и морничави приказни од приватниот живот ја одбележаа неговата кариера.

80-годишниот чие вистинско име е Џејмс Маркус Смит, кој се прослави со хитовите “Hold Me”, “Somewhere”, “I Will”, ја одржува својата проштална турнеја во Велика Британија, а во неодамнешното интервју по повод истата за “Daily Mirror” признал дека го привлекуваат малолетнички и поради тоа повеќе не планира да има сериозни љубовни односи. 
 
 

“Не планирам повеќе да се женам бидејќи не смеам да бидам со девојки од 12, 13 и 14 години. Тоа е причината и зошто во последните 22 години немав врска, но и зошто не користам онлајн сервиси за запознавање на луѓе”, изјавил Пи Џеј Проби и со своите зборови ги згрозил и шокирал обожавателите.

Првата девојка со која застанал пред олтарот била тогашната 16-годишна Мариен Адамс, а откако се развеле, ја оженил Џуди Хауард која имала одвај 16 години. Последната избраничка со која се испробал во брачните води била Дулчи Тејлор која се венчала со Пи Џеј на 21 година.

 

За да ги оправда своите претпочитања, пејачот пробал да објасни зошто бил заљубен во млади девојки:

“Пораснав во Тексас каде поголемиот дел од девојките стапуваат во брак до 12-тата година”, објаснил тој.

Иако го привлекуваат малолетнички, пејачот некое време ја љубел 45-годишната историчарка и водителка Луси Ворсли, но како што вели тој, бил со неа затоа што изгледала значајно помлада.

Покрај шокантната вистина за тоа дека сака млади девојки, пејачот ја изненади јавноста со признанието дека во деведесеттите години имал проблеми со алкохолот и пиел до пет шишиња виски на ден. Поради зависноста, тој преживеал срцев удар кој му оставил многу тешки последици, по кој морал одново да учи да оди и говори па неговата кариера паднала во втор план. На крајот, Пи Џеј Проби признал дека не верува дека ќе живее уште долго и дека е благодарен што успеал да “дотурка” до 80-тата година.

Еден Бразилец сакал насред улица да ограби жена, меѓутоа, не знаел дека налетал на воена полицајка. Таа во истиот момент го извадила пиштолот и пукала во него.

Крадецот, идентификуван како Франциско Гонсалвес дос Сантос (40) бил прогласен за мртов на лице место.

Како што може да се забележи на снимката од безбедносните камери, тој излегува од кола и тргнува кон жената. Кога се обидел да ја ограби, таа сакала да го избегне, но веднаш се фатила за пиштолот и пукала во него.

Мажите најчесто не се склони кон вербални покажувања на чувствата, како што тоа го прават жените. Ако ги прашате нив, многу поважни им се делата. Впрочем, и онака се вели дека делата понекогаш зборуваат повеќе од зборовите, нели?

Затоа, не е ни чудно што мажите за некои работи разговараат само со жената која искрено ја сакаат.

Освен што ужива да биде во ваша близина, постојано да ве прегрнува, постојат и зборови кои ќе ви откријат дека имате осигурано посебно место во срцето на својот партнер!

1. Се плаши дека ќе ве загуби

Иако од некои причини сè уште се промовира ставот дека мажите не смеат да чувствуваат страв, дури и тие кога се заљубени преку глава ќе признаат дека стравуваат дека ќе останат без саканата партнерка. Тој можеби не зборува директно за тоа, но лесно може да сфатите како „дише“ по тоа прашање, ако го прашате што мисли каков би бил неговиот живот без вас.

2. Бара од вас емоционална поддршка

И тие се луѓе од крв и месо и имаат емоции. Не се семоќни иако понекогаш сакаат да се однесуваат како да се. Но, кога целосно ќе им се препуштат на чувствата, ќе ја разбијат и таа бариера и јасно ќе ви дадат до знаење кога ќе им е потребна помош.

 

3. Секасуални фантазии

Иако тие сè уште се табу тема за многу врски, повеќето после некое време доволно се опуштаат и откриваат за што всушност фантазираат. 

Top