Аргентинската компанија за производство на сексуални помагала и кондоми, „Tulipan“, измислила кондом за кој се потребни четири раце за отварање.

Кондомот го нарекуваат „кондом со согласност“, бидејќи неговата цел е да ја нагласи важноста на консензуалните односи, односно согласност од двајцата партнери за сексуален однос.

Кондомот се наоѓа во картонско пакување на кое има четири копчиња, кои мора да бидат притиснати во исто време, значи, со две раце одеднаш, за да може да се отвори пакувањето и да се извади кондомот.

„Ако не е да, тогаш е не“, стои на пакувањето на кондомот, кое на пазарот треба да се појави подоцна оваа година, пренесува „Femalista“.

Ако ги следите новостите во светот на фитнесот и здравата исхрана, веројатно добро знаете дека овие поими не одат рака под рака со алкохолот.

Повеќето медицински експерти се сложуваат дека алкохолот, а особено пивото, придонесува до појава на здравствени проблеми како болести на срцето и црниот дроб. Пивото можеби е вкусно, но тоа не е хранливо. 

Сепак, Дел Хал од Охајо стигнал до медиумите преку својата необична одлука. Тој најавил дека во наредните 46 дена ќе се одрече од храна и ќе пие само вода и пиво како дел од големиот Велигденски пост. Некои му кажале дека е луд и дека ќе умре, но никој не го очекувал она што всушност му се случило.

Хал ослабнал речиси 15 килограми. Тој редовно ги информира своите следбеници за напредокот па така открил дека за 30 дена, тежината му се намалила од 132 килограми на 117.

“Јас сум воен ветеран. Бев прв во сѐ и поминав многу предизвици во војска, а овој ми изгледаше особено интересен”, изјавил Дел за медиумите на почетокот на својот предизвик.

Сега заклучува дека неговото жртвување вредело, но предупредува на другите работи кои ги искусил за време на постот.

“Најчудната работа се моите соништа – секоја вечер сонувам храна. Ментално појасно размислувам, а по телесните активности помалку се потам”, открил тој.

Инспирација за предизвикот му биле баварските пивари кои во 17-тиот век го преживувале постот преку истата диета на која се подложил и тој.

“Најдобрите баварски пивари одлучиле да практицираат ваква диета и ја одржувале во текот на постот. Го нарекувале пивото “течен леб”, појаснил Хал и додал дека ќе продолжи да пие пиво до крајот на постот бидејќи е импресиониран од резултатите.

На древните гробишта јужно од Каиро била пронајдена мумија на висок свештеник, стара 2.500 години.

Египтологот Захи Хаваш и неговиот тим отвориле три запечатени сакрофази. Во еден од нив се наоѓала добро сочувана мумија од моќен свештеник, замотан во лан, со златна статуа од божицата Изида. 

Во преостанатите сакрофази тимот пронашол женска мумија украсена со сини перли и татко во семејна гробница.

Пронајдокот е откриен во живо на каналот "Discovery" во неделата. Тимот на гробиштата во Мињ исто така пронашол ретка восочна глава. Археолозите го откриле локалитетот пред една и пол година, а ископувањата продолжуваат.

"Навистина верувам дека овој локалитет треба да се пребарува уште најмалку 50 години", рекол Хаваш ден пред отворањето на саркофагот. Тој очекува на тоа место да бидат откриени уште гробови.

Хаваш потсетил дека во 1927-ма година на тоа подрачје бил пронајден огромен саркофаг кој бил сместен во Египетскиот музеј во Каиро, но дека локалитетот потоа бил заборавен.

Меѓутоа, пред две години, неовластен копач бил забележан на локалитетот, што било знак за археолозите и ископувањето почнало, рекол Хаваш.

Фосил од кит со четири нозе стар дури 43 милиони години, бил пронајден во Перу, пренесуваат странските медиуми. Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно 

Со четири екстремитети и способност да ја носат својата тежината и големата опашка, полуводениот кит го споредуваат со видра или дабар.

Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да ја расветли еволуцијата на китовите и како тие се ширеле.

"Ова е најцелосниот примерок на четириножен кит некогаш пронајден", рекол Оливие Ламбер, научник од Кралскиот белгиски институт за природни науки.

Древниот кит бил пронајден во морски седименти во близина на брегот на Пацификот, во местото Плаја Медиа Луна.

Се смета дека првите китови прв пат еволуирале во јужна Азија пред околу 50 милиони години. За нивните тела подобро да одговараат на животот во вода, мигрирале подалеку кон северна Африка и Северна Америка, каде исто така биле пронајдени фосили.

Веројатно познавате некој што се плаши и од најмалите медузи кои може да се појават во близина на брегот додека си уживате во плиткото. Во поголемите длабочини има ѕверови пред кои ретко кој ќе остане рамнодушен. Погледнете...

 

Благодарна сум што го финализирав процесот за развод на бракот со Џеф со взаемна поддршка. Се радувам на новата фаза на нашиот однос и ќе ги воспитуваме нашите деца како пријатели, рекла МекКензи.

Основачот и сопственик на "Амазон", Џеф Безос, официјално се развел од МекКензи Безос, пишува "Page Six". Најбогатиот човек на светот и неговата поранешна сопруга биле во брак 25 години, а притоа добиле 4 деца. 

Откако го финализирале разводот, објавиле и официјално соопштение за медиумите во кое стои дека Џеф ќе ги задржи сите акции во "Washington Post" и компанијата "Blue Origin", како и 75% од уделот во Амазон.

 

"Благодарна сум што го финализирав процесот за развод на бракот со Џеф со взаемна поддршка. Се радувам на новата фаза на нашиот однос и ќе ги воспитуваме нашите деца како пријатели", објавила МекКензи на Твитер.

Богатството на Безос се проценувало на 137 милијарди долари. Амазон го основал во својата гаража во 1994-та година, а голема поддршка во текот на градењето на деловното царство му била поранешната сопруга МекКензи.

 

Во медиумите се шушкало дека до разводот дошло бидејќи Безос осум месец бил во врска со водителката Лорен Санчез.

"Тој со Лорен се состанувал три пати неделно, ја водел на егзотични патувања со приватен авион. Нашиот фотограф ги фати како прават валкани работи", тврди списанието "National Enquirer".

Дру Гудал има животна приказна со која би можел да сними филм, а она што е најважно е дека неговата приказна ги "оживеа" многумина кои дигнале раце од животот.

Овој Британец отсекогаш сакал да биде глумец и кога имал 20 години, после училиштето за глума успеал дури и да "улови" некои помали улоги. Се појавил во филмовите "Snatch" и "About a boy" и запознал големи имиња како Бред Пит и Хју Грант. 

Меѓутоа, критиките на сметка на неговата глума потполно го уништиле и му промениле сè во животот. Снемал пари, а не сакал да се врати кај своите родители на кои не сакал да му се пожали. Како што рекол, тоа за него би бил тотален пораз. Така станал бездомник и наредните 6 месеци живеел на картонски кутии во текот на 90 години.

Секој ден била лута борба за опстанок, а просел за храна за да преживее. Повеќе пати бил сериозно претепан од пијаници и други бездомници. Спиел на картонски кутии преку патот на лондонската академија за глума, а покрај тоа што немал ништо, се борел и со депресијата.

Сепак, животот уште еднаш му се променил кога започнал на улица да чисти чевли за да заработи за храна. Се сеќава дека мора да биде посебно внимателен за да не го уапси полицијата, се додека еден од неговите редовни клиенти не му предложил да ја прави истата работа во неговата канцеларија.

 

И веднаш штом заработил повеќе пари, Дру одлучил да направи нешто лудо. Основал компанија која ја нарекол Сјај на сонце и полирање чевли.

Денес соработува со престижни компании ширум Лондон чии директори и менаџери имаат сјајни чевли. Денес Дру заработува повеќе од 250.000 фунти годишно, а поголемиот дел од парите ги дава во хуманитарни цели. Она на кое е посебно горд е тоа што во својата компанија вработува бездомници и луѓе со посебни потреби.

Досега вработил околу 40 бездомници, а еден од неговите вработени е Алан Валтон кој има 45 години, кој претходно 15 години бил без работа.

На социјалните мрежи кружи фотографија која нема на кого не му влеа страв во коски. Моментот кој е овековечен со мобилен телефон на прв поглед изгледа сосема обично, но кога малку ќе се загледате, нема да ви биде добро.

Девојчето од страна непрестајно плачело, бидејќи не сакало да се фотографира со остатокот од екипата. Таа рекла:

„Ова мало момче ме плаши“, но мајката не ѝ верувала, а нејзините солзи ги сметала за само уште еден излив на бес.

Меѓутоа, кога подоцна малку подобро ја видела фотографијата, во пределот на колената видела нешто стравично.

Поради таа силуета веднаш се наежила и ги сфатила солзите на ќерката. 

 

Али Џоунс од Јужна Африка живее со двајца поранешни партнери и тврди дека и двајцата подеднакво ги сака. Всушност, Али живее со поранешниот сопруг и момчето и тие тројца се во полигамна врска.

Тату артистката од Кејптаун била во брак со Демиен со кој има син, а откако се развеле, Али го запознала Мети Ручтон кој брзо ја освоил. 
 
“Беше поинаку во споредба со Демиен. Се чувствував посебно и знаев дека тој е она што го барав. Ги обожуваше моите деца. Демиен се налути бидејќи брзо го преболев”, вели 29-годишната девојка која набрзо прекинала и со Мети откако сфатила дека сепак подеднакво ги сака и двајцата.
 
 
 

“Одлучив и двајцата да ги “пречкртам” и отпатував во Европа. Кога се вратив, сфатив дека тие двајца се зближиле, а и дека понатаму го сакам и едниот и другиот. Излеговме на пијалак, а тие ми предложија секс во тројка на кој се согласив. Тоа беше толку природно, како отсекогаш да било така”, вели Али и тврди дека во нивната врска не постои љубомора и дека се верни едни кон други.

“Иако ова се смета за полигамија, не се изневеруваме и не спиеме со други луѓе”, вели Џоунс и признава дека сите тројца имаат сексуален однос, но и дека таа спие и со секој партнер посебно.

 
 
 
 

 

Џон Висдом од Флорида, ловел риби со својата сопруга кога нешто огромно се фатило за неговата јадица.

Јадицата не ја испуштал од раце, но не знаел за што се работи. Изгледало дека ловот бил огромен, бидејќи му била потребна голема сила за да се избори со него.

Трчал по мостот што го поврзува островот Санибел со Флорида, а другите рибари можеле само да му се тргнат од патот.

Иако во секој момент можел да падне во водата, сепак не се откажал. Набрзо и рибата се изморила, па Џон морал да ја повлече на брегот, а потоа скокнал во плиткото да види што уловил.

 

Се испоставило дека станува збор за сребрен кралски трапон. Трапонот не само што е една од најстарите риби во океанот, туку од него се заработуваат милијарди долари годишно во спортскиот и туристичкиот риболов.

Џон секако се фотографирал за спомен, а потоа ја ослободил рибата и ја вратил назад во морето.

 

Многумина го поздравиле неговиот потег, а други истакнале дека тој сепак ја повредил рибата, бидејќи била прободена со јадицата. Трети пак не биле толку строги.

„Противзаконски е да ја ловите оваа риба и да ја користите за јадење, а Џон секако не се надевал дека токму неа ќе ја улови“, гласел еден коментар.

„Што, ја пуштил?! Па таа можела да биде вечера за целото семејство во наредната недела“, се пошегувал еден Американец.

Инаку, од брегот во Флорида, каде често се сретнуваат, овие риби можат да патуваат дури 2.000 километри северно од брегот на САД - или на југ до мексиканскиот залив или во Централна и Јужна Америка. 

Top