Најголемата социјална мрежа на светот неодамна од американската Федерална комисија за трговија доби казна во износ од вртоглави пет милијарди долари поради кршењето на прописот за приватноста на своите корисници.

„Њујорк тајмс“ пренесува дека и покрај казната, акциите на Фејсбук дури и скокнале, што е само еден од низата на докази дека иако казната звучи прилично остро, сепак за компанијата на Марк Закерберг всушност е смешна.

Секако, станува збор за најголемата казна која што Федералната комисија за трговија ја има изречено и е далеку поголема од „само“ 22-те милиони долари казна кои пред седум години ги доби технолошкиот гигант Google.

 

Но, за Фејсбук таа бројка воопшто не е трагична – компанијата имала 15 милијарди долари приход само во претходниот квартал, додека минатата година забележала чист профит од дури 22 милијарди долари. Поради тоа, ако на сето тоа се гледа од математичка страна, Фејсбук нема да биде потресен од оваа казна.

„Казната која за целиот свет звучи астрономски, за Фејсбук е всушност месечен приход“, пренесува „Њујорк тајмс“.

Човештвото изгледа веќе ги надмина “безживотните” текстуални пораки, па одвреме-навреме се појавува некој нов уред која пробува да внесе човечност во вештачките уреди, и со тоа да ги убеди граѓаните дека не се сами на овој свет.

Еден од најновите проекти е токму “The Kissinger” (Кисинџер), кој на поврзаниот уред пренесува бакнежи и со тоа им овозможува на корисниците да разменуваат нежности. 

Уредот изгледа како голем телефон со силиконска површина на предната страна, на која се “нанесува” бакнежот, за потоа да се измери притисокот на површината и да го пренесе актот на нежност преку апликацијата.

Оној кој го прима бакнежот може да ги приближи усните или образот до површината, а моторите под неа го завршуваат остатокот од работата, бидејќи го поместуват силиконот за притисокот да изгледа како бакнеж.

Уредот за бакнување е сè уште во фаза на развој, а по сè изгледа дека е наменет само за iOS, така што најмногу среќа ќе имаат корисниците на iPhone телефоните. Тоа сепак не е потполно точно, бидејќи во 2015 година веќе се појави “Kissinger” кој не изгледа исто, но природата на услугата е идентична.

 

Најновите генерации на Ајфон, односно од моделот „Х“ до денешните модели, можеби и се најпрепознатливи по својот “Notch” кој набрзо стана тренд и кај телефоните на останатите производители.

Сепак, популарниот „заб“ на горниот дел од екранот каде што е сместена предната селфи камера, звучникот и сензорите, би можел да стане минато.

Аналитичарите на банката “Credit Suisse” прогнозираат дека новата генерација на Ајфон нема да има “Notch” на екранот. Според нивните најави, еден модел (најверојатно iPhone 12 Max) ќе остане без “Notch” идната година, а без засекот на екранот ќе останат и сите три модели од 2021-ва година.

Наводно во Apple развиваат технологија која ќе овозможи поставување на предната камера под самиот екран, нешто слично на решението кое неодамна го претставија од компанијата Oppo.

 

Сепак, тоа би можело да значи дека новите генерации на Ајфон би можеле да ја загубат технологијата за препознавање на лице Face ID. Од Apple наводно ќе ја заменат со поставување на скенер за отпечатоци на прсти под самиот екран, решение кое веќе го користат повеќе паметни телефони на конкурентските компании.

Како што пренесува “Tech Radar”, ништо од ова нема да пристигне кај овогодинешната „единаестка“ на Ајфон, кој како што се очекува, ќе биде претставен во септември и нема да донесе некои значајни новитети.

Можеби се наоѓа во центарот на Киклада, но не е премногу скапо. Списанието „Travel and Leisure“ ја објави листата на најубави острови во Европа, а на прво место се најде еден грчки остров.

Најубав остров за 2019-та година е кикладскиот остров Милос, а уштре три грчки острови се најдоа меѓу првите петнаесет - Крит на второто место, Парос на четвртото место, а Санторини на петтото место.

„Travel and Leisure“ пишуваат дека во оваа категорија доминира Грција, а дека Милос е многу повеќе од само локалитет на кој е пронајдена Милоска Венера.

„Сино-белите куќички, но и единствените бели карпи кои го разубавуваат островот се доволна причина да го посетите овој остров“ - пишуваат во списанието.

 

Тесните плажи сместени меѓу белите карпи и тиркизното море сокриваат лежалки за сончање, шарени чадори и освежувачки коктели. Главен град е Плака кој постои уште од средниот век, а од таму на туристите им се нуди величенствен поглед.

 

Постојат околу седумдесет и пет плажи на островот. Плажата Хиладолимни е најдолга, а плажи кои мора да ги посетите се: Саракинико, Папафрагас, Фиропотамос, Неродафни, Лакида, Платхиена, Арети, Полониа, Гоурадо и Филакопи.

 

На Грците официјално ќе им биде доделена награда за најубав остров на доделувањето во Њујорк.

 

 

Оваа година се одбележуваат 50 години од слетувањето на Месечината, но и денес милиони луѓе ширум светот веруваат дека овој револуционерен настан воопшто не се случил и дека станува збор за врвен заговор.

Меѓутоа, дали некогаш сте се прашале како започнало се, кога почнале да се појавуваат првите теории на заговор? 

Се смета дека зад се стои Американецот Бил Кејсинг. Тој, всушност, работел за компанијата која ги градела ракетни мотори "Saturn V", така што бил меѓу 400.000 луѓе заслужни за развојот на вселенската програма Аполо на агенцијата НАСА.

 

Само тој се посомневал дека нешто е сомнително и целиот живот го посветил на тоа. Во 1976-та година ја објавил книгата "Никогаш не бевме на Месечината: Американска измама од 30 милијарди долари". Тоа предизвикало цела низа теории на заговори кои се актуелни и денес.

На пример, дури и секој шести Британец смета дека слетување на Месечината е лажирано.

 

Кејсинг во текот на целиот живот пропагирал дека НАСА се извела во студио.

Изнел цела низа добро познати тези: на фотографиите нема ѕвезди, американското знаме се вее иако тоа не е возможно, се гледаат сенки од различни агли и воопшто ги нема кратерите кои ги направило леталото "Eagle".

 

"Се знае дека НАСА немаше некој успех и тогаш во 1969-та година наеднаш можевме да спроведеме на дело таков лет? Тоа е статистички невозможно", рекол тој во 1994-та година.

Кејсинг починал во 2005-та година на 82 години.

 

Иако НАСА, како и голем број на експерти, во текот на децениите објаснувала дека летот на Месечината се случил, "неверниците" не може да се уверат.

За целата приказна придонела и сцената од еден филм за Џејмс Бонд, "Дијамантите се вечни" со Шон Конери. Додека бркал негативец, Џејмс Бонд случајно упаднал на сет кој изгледал како површината на месечината, со астронаути, што алудира на тоа дека се било изведено во студио. Тоа сепак било шега, но неколку години подоцна почнале да се снимаат филмови во кои се прифатила идејата за лажното слетување.

 

Посебно во ерата на интернетот, оваа теорија на заговор добила на популарност.

"Американците сакаат теории на заговор. Секогаш кога нешто ќе се случи, секогаш се наоѓа некој што ќе понуди контраобјаснување. Освен тоа, како се одржувала оваа лага веќе 5 децении, а никој од НАСА никогаш не проговорил за тоа ниту пак кажал нешто случајно", рекол историчарот Роџер Лаунијус.

 
 
 

 

Истрагата за Фејсбук беше отворена минатата година откако беше откриено дека британски „Кембриџ Аналитика“ имале пристап до податоците на 87 милиони корисници на најголемата социјална мрежа на светот.

Американските регулатори ќе го казнат Фејсбук со вртоглави 5 милијарди долари откако истрагата покажа дека социјалната мрежа не ја заштитила приватноста на своите корисници, објави “The Wall Street Journal”.

Членовите на Федералната трговска комисија гласаа со 3 наспроти 2 во корист на таа мерка која би била вклучена во еден судски договор со Фејсбук. Во извештајот на споменатиот медиум, не е наведено колку долго ќе треба да помине за договорот да се финализира и спроведе.

 

Истрагата за Фејсбук беше отворена минатата година откако беше откриено дека „Кембриџ Аналитика“, британската консултантска компанија ги користела приватните податоци на милиони корисници во политички цели, односно во камањата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016-та година во САД.

Од Федералната трговска комисија на САД и Фејсбук одбија да го коментираат ова, но од социјалната мрежа во редовниот квартален финансиски извештај објавија дека поради аферата очекуваат загуба од 5 милијарди долари.

Авионот „Боинг 717“ наречен „Лолита Експрес“ на осудениот педофил Џефри Епстајн некогаш бил користен за превоз на неговите познати и моќни пријатели ширум светот.

Луксузниот приватен авион на Епстајн се најде во центарот на вниманието откако милијардерот беше уапсен по обвинение за сексуално злоставување и трговија со малолетници. Финансиерот е обвинет дека ги злоставувал и ги наведувал малолетните девојчиња да имаат секс со него и неговите пријатели, а авионот се смета за едно од местата на злосторствата.

Епстајн го користел овој авион за своите нелегални активности и превезување на малолетните девојки меѓу своите резиденции во Њујорк и Палм Бич.

 

Жртвите тврдат дека Епстајн во авионот имал голем кревет на кој младите девојки биле принудени да имаат групен секс со неговите гости и да ги исполнуваат нивните сексуални фантазии.

Вирџинија Робертс, една од жртвите која што поднесе тужба против милијардерот тврдејќи дека била „регрутирана“ кога имала 15 години, тврди дека со години била злоставувана во авионот, како и во домовите на Епстајн во Њујорк, Палм Бич и Ново Мексико.

Листата на нејзините злоставувачи ги вклучува имињата на британскиот принц Ендру и професорот по право на Универзитетот Харвард, Алан Дрешовиц. И двете имиња се појавуват во дневниците на летање до кои дошле американските медиуми.

 

Дневниците исто така откриле дека Бил Клинтон летал со авионот на Епстајн на дестинации како што се Брунеи, Норвешка, Русија, Сингапур, Хонг Конг, Јапонија, Африка, Белгија, Кина и други. Покрај Клинтон, принцот Ендру и професорот Дрешовиц, исто така и бројни други истакнати личности летале со озлогласениот авион „Лолита Експрес“.

Меѓу останатите тука се имињата на Кевин Спејси, Крис Такер и Наоми Кембел, а евиденцијата на летовите исто така открива дека Бил Клинтон понекогаш со себе носел и по 10 агенти на американската тајна служба.

На 20-ти јули 1969-та година американската вселенска агенција „НАСА“ успешно ја заврши својата мисија „Аполо 11“, а Нил Армстронг стана првиот човек кој стапна на Месечината.

Милиони луѓе ширум светот го гледаа неверојатниот подвиг и „малиот чекор за човекот, но огромен за човештвото“. Меѓутоа, поранешниот шеф на „Аполо“, инженерот Кристофер Крафт, 50 години подоцна открива малку познати детали околу несреќата пред успешната мисија и зошто Армстронг бил избран да биде првиот човек кој ќе зачекори на Месечината.

Крафт беше директор на првата „Аполо“ мисија која подоцна беше наречена „Аполо 1“ и требаше да биде извршена во 1967-ма година. Леталото требало да изврши пробен лет во ниската орбита на Земјата, но се случила голема трагедија.

 

На 27-ми јануари таа година, тројцата членови на екипажот загинале во пожар за време на пробното одбројување на платформата. Загинаа астронаутите Вирџил Гришам, Едвард Вајт и Роџер Чефи кои изгореа за време на тестирањата.

Крафт сега вели дека сето тоа се случило поради брзањето и „вселенската трка“ која што Американците тогаш ја воделе со Советскиот Сојуз.

 

„Беше ужасно, можев да ги слушнам нивните гласови. Не траеше долго, околу 10-15 секунди. Управата трчаше да стигнеме на Месечината и мислам дека беа подготвени да ризикуваат“, изјави Крафт и додаде дека несреќата била клучна за опстанувањето на мисијата „Аполо“ затоа што „НАСА“ ја искористила несреќата за идентификување на своите грешки и спречување на нивно повторување.

„Требаше да се случи пожар, за повторно да го направат леталото“, вели Крафт.

Крафт додава дека без оваа несреќа Американците веројатно немало да слетаат на Месечината и тврди дека тој бил единствениот поради кој токму Нил Армстронг станал првиот човек кој зачекорил на Месечината.

„Другите велеа дека тоа ќе биде Олдрин, но јас сметав дека е треба да биде тој. Едноставно сметав дека тој не е тип на човек кој треба да го претставува САД во светот. Сметав дека Нил е подобар човек за тоа. Не дека не го сакав Олдрин, но не ми се допаѓаше многу, сите имаме свои слабости“, додаде Крафт.

Познатиот аналитичар Минг-чи Куо открива дека американскиот технолошки гигант ќе престане да ја произведува контроверзната „пеперутка“ тастатура на своите нови лаптопи.

Новата механизам кој требаше да биде револуционерен кога е во прашање работата на тастатурата на лаптопите и овозможуваше уредите да бидат уште потенки, Apple ја претстави во 2015-та година на своите нови MacBook уреди.

Оваа тастатура во годините кои што доаѓаа беше имплементирана кај сите лаптопи на Apple, но со текот на времето се покажа како многу проблематична.

 

Благодарение на новиот „пеперутка“ механизам, типките имаа помал “travel”, беа потивки и овозможуваа лаптопите да бидат многу потенки, но корисниците набрзо започнаа да се жалат на издржливоста на копчињата и нивната нефункционалност. Имено, после подолго време, кога прашина ќе се насобере под копчињата, типкањето станува многу отежнато.

Познатиот аналигичар Куо сега вели дека од Apple одлучиле идните тастатури да бидат направени од стаклени влакна со „ножица“ механизам кој ќе биде потраен. Новата тастатура ќе биде претставена оваа година кај новиот MacBook Air, а потоа ќе пристигне и кај новиот MacBook Pro идната година.

 

Куо открива дека и самото производство на „пеперутка“ механизмот бил прилично комплициран, па Apple ќе одговори на жалбите на корисниците и ќе го замени проблематичниот механизам.

Оперативниот систем HongmengOS кој го развива кинеската компанија Huawei, ќе биде побрз од ривалските оперативни системи и ќе има многу „пораспространета“ примена.

Освен за паметните телефони, новиот оперативен систем на Huawei ќе може да го користат и рутерите, таблетите, компјутерите и дата центрите.

Ова во интервју за францускиот магазин “Le Point” го изјави извршниот директор и основачот на кинескиот технолошки гигант, Рен Женгфеи.

Тој нагласи дека новиот оперативен систем HongmengOS ќе биде побрз од оперативниот систем Android на Google и iOS на Apple, односно дека ќе има помалку од пет милисекунди доцнење во процесирањето, што е навистина импресивно.

 

И покрај тоа што властите од Вашингтон неодамна ги ублажија санкциите кон Huawei, сепак кинескиот гигант нема да се откаже од развојот на сопствениот оперативен систем, порача Женгфеи за споменатиот медиум.

Да потсетиме, неодамна Huawei се најде на жесток удар на американските власти – Доналд Трамп воведе санкции против кинескиот технолошки гигант, односно им забрани на американските компании да соработуваат со Huawei, по што од Google ѝ ја укинаа поддршката на кинеската компанија за оперативниот систем Android и сите сервиси на Google.

 

Сепак, иако тоа беше сериозен удар за Huawei, наводно од компанијата веќе работеле на развој на сопствен оперативен систем, а притисокот од Вашингтон веројатно им послужи да го забрзаат процесот на развој на HongmengOS.

Засега не е познато кога би можел новиот оперативен систем да пристигне кај уредите на Huawei и дали кинеската компанија целосно ќе го исфрли Android.

Top