За разлика од истиот период минатата година, ова ќе биде втор квартал по ред во кој опаѓа бројот на продадени iPhone паметни телефони.

Аналитичарите од OTR Global и Wall Street предвидуваат дека Apple ќе има лош втор фискален квартал, после големото изненадување кога на почетокот на оваа година пристигна веста дека во времето на Божиќните и новогодишните празници опаднала продажбата на паметни телефони за 15%, а со тоа и приходите.

Apple тогаш наместо очекуваните 89-93 милијарди долари заработија “само” 84 милијарди, што резултираше со пад на вредноста на акциите за 9%. Аналитичарите предвидуваат дека Apple на пазарот повторно ќе испорача помал број на iPhone уреди.

 

OTR Global прогнозира испорака од 37 до 42 милиони телефони во вториот фискален квартал, додека Wall Street од 40 до 45 милиони.

Apple во пракса не објавува бројки од испорачените паметни телефони, туку само приходите од нивната продажба, а причината е очигледна – се помалку продадени iPhone паметни телефони.

 

Дали главниот извршен директор на Apple, Тим Кук ќе мора повторно да испраќа посебни писма до акционерите, како што мораше да го направи тоа после празничниот пад на приходите, ќе се знае на 30-ти април кога компанијата ќе го објави официјалниот извештај во врска со остварениот приход во текот на вториот фискален квартал.

Изгледало дека Омаима Абди од Хамбург живее сосема обичен живот. Работела како преведувач и организатор на настани, а до неодамна мислела дека на ниеден начин не привлекува внимание, се додека нејзиниот мобилен телефон ен дошол во рацете на една новинарка.

Имено, Омаима го изгубила телефонот во Сирија, а потоа некако дошол во рацете на новинарката Џенан Мусе од Дубаи. Набрзо Џенан уверила дека Омаима водела двоен живот. 

Во телефонот можеле да се видат сосема обични фотографии - деца си играат во парк или одат до продавница со своите родители. Меѓутоа, кога ќе се погледне малку поубаво, се стекнува впечаток дека нешто не е во ред.

На една фотографија, дете носело облека со логото на ИСИС, а таткото бил облечен во маскирно одело. Други фотографии покажуваат како сите вооружени стојат пред знамето на ИСИС.

Се било снимено во Рака, донеодамнешната престолнина на џихадистите во Сирија. Со преглед на 36 гигабајти податоци, било утврдено дека Омаима била многу активна германска џихадистка која преку интернет регрутирала други жени, во главно од Британија, да се приклучат на радикалните исламисти на Блискиот исток.

Се верува дека се вратила во Германија во 2016-та година и дека не привлекла внимание кај тамошните власти. Така нејзиниот таен живот во Сирија останал тајна. Поточно, се додека телефонот кој го користела во текот на престојот во калифатот не дошол во рацете на новинарката Муса.

 

Кога била објавена нејзината приказна, полицијата од Хамбург истакнала дека веќе отвориле истрага за Омаима. Новинарката наведува дека германската полиција уште во 2015-та година отишла во Сирија, но никогаш не била на листата на сомнителни луѓе поради што никогаш не одговарала кривично.

На Абди сега и се заканува кривично гонење бидејќи и британски MI5 е заинтересиран да ги истражи нејзините британски врски.

 

Абди, која има туниско потекло, живеела живот по западни стандарди до 2012-та година. До тогаш била разведена и имала ќерка. Изгледа дека вториот сопруг, Надер Хадра, ја натерал да оди во Сирија.

Хадра бил член на радикална група, подоцна забранета во Германија, која пратила околу 140 џихадисти на Блискиот исток. Прво тој отишол во Сирија, а потоа му се приклучила Омаима со ќерката и нивните 2 деца.

 

По 6 недели, Хадра загинал, а Омаима како вдовица од џихадистите добила компензација од 1.310 долари. Потоа се омажила за германски рапер, проминентен џихадист, Денис Кусперт. Тој бил многу значаен во ширењето на пропагандата на ИСИС. Калифатот неговата смрт ја прогласил во 2018-та година.

Со анализа на телефонот на Омаима било утврдено дека одржувала контакти со "британските џихад невести". На фотографиите се наоѓаат, освен споменатиот рапер, и неколку британски џихадисти. Во главно сите настрадале на бојното поле минатите години.

 

Последната фотографија во телефонот е од 2015-та година. Пронајдени биле и броеви од разни џихадисти, броеви од сметки и мистериозни мапи.

Самата Омаима засега не се огласила. Муса отишла до нејзината куќа, но таму ја нашла само нејзината ќерка. Потоа и се јавила, но кога се претставила како новинарка, Омаила ја прекинала врската.

 

 

Се чини дека во Apple се откажале од идејата за поевтин телефон со помал екран и идната година можеме да очекуваме iPhone XE со 4,7 инчен екран и цена од околу 650 долари.

Како и минатите години, Apple во септември ќе ги претстави новите модели на Ајфон, а ако може да им се верува на гласините, не треба да се очекуваат никакви револуционерни новитети, туку само надградба на хардверот, поквалитетни камери и слично.

Но, се чини дека тоа не се единствените планови на оваа компанија за пазарот на мобилни телефони и наводно за првиот квартал од 2020-та година подготвуваат уште еден модел чиј што главен адут ќе биде цената.

 

Станува збор за наследникот на моделот iPhone SE кој најверојатно ќе се продава под називот iPhone XE, а ќе има помал екран во однос на актуелните модели. Додека iPhone SE имаше екран со дијагонала од 4 инчи, новиот iPhone XE според гласините ќе пристигне со екран со големина од 4,7 инчи каков што има iPhone 8.

Ќе биде интересно да се види каков дизајн ќе има овој модел и дали Apple ќе го следи трендот актуелен кај новите модели со екран од раб до раб. Доколку се одлучат за такво решение, iPhone XE би имал солидно голем екран, но помали димензии од „осмицата“.

 

Хардверски, можеме да ја очекуваме последната генерација на процесори на Apple (се споменува A13 bionic кој Apple би требало да го претстави исто така во септември), потоа 128 GB интерна меморија и една камера на задната и една селфи камера на предната страна.

Исто така постојат гласини дека екранот би можел да биде со големина од 5,4-инчи и би бил опремен со Face ID технологијата. За производство на овој телефон ќе биде задолжена компанијата Pegatron и се очекува Apple да нарача 20 милиони телефони.

Доколку во моментов се замислувате себеси како лежите на некоја песочна плажа, тонејќи во некој безгрижен попладневен сон со смирувачкиот звук на брановите, тогаш на вистинско место сте.

Пред да си го испланирате летото кое е пред нас, ве советуваме да ја прелистате нашата галерија и да ги откриете најдобрите плажи за оваа година. Оваа листа на плажи ја претстави сајтот „TripAdvisor“, која е одредена според квалитетот и квантитетот на патниците и рејтинг во период од дванаесет месеци. На листата се наоѓаат десет плажи, а истите се наоѓаат некаде низ нашата планета и нудат различен амбиент за уживање, така секој еден од нас може да го пронајде она што најмногу му одговара. 

Без да ве задржуваме понатаму, прелистајте ја нашата галерија, а потоа фрлете се на планирање на вашиот совршен летен одмор.

1. Baia do Sancho, Fernando de Noronha, Бразил

 

2. Varadero Beach, Varadero, Куба

 

3. Eagle Beach, Palm, Аруба

 

4. La Concha Beach, San Sebastian, Шпанија

 

5. Grace Bay, Providenciales, Туркс и Каикос

 

6. Clearwater Beach, Флорида (САД)

 

7. Spiaggia dei Conigli, Lampedusa, Сицилија (Италија)

 

8. Seven Mile Beach, Кајмански Острови

 

9. Playa Norte, Isla Mujeres, Мексико

 

10. Seven Mile Beach, Негрил (Јамајка)

 

 

Три калуѓерки од САД заработуваат речиси милион евра годишно од производство и продажба на марихуана во здравствени цели.

Тие одлучиле самите да одгледуваат и продаваат марихуана, а проектот го започнале пред седум години со само 12 билки. 

Калуѓерките тврдат дека со своите производи успеале да излечат дури 8 луѓе од нивната зависност, а марихуана одгледуваат за да лечат луѓе од болести како рак и епилепсија.

"Работевме со неколку луѓе кои се зависни од алкохол, цигари или некои видови на дрога. Успеавме да ги излечиме, сите се чувствуваат многу подобро", рекла сестрата Кејт.

Таа марихуаната ја нарекува прекрасна билка која "лечи на посебен начин".

"Светот полека се повеќе се отвора кон идејата да го користи канабисот како лек, а не како опасна дрога", вели таа.

За овие калуѓерки е снимен и документарец, а тие се надеваат ќе успеат во борбата против законот кој забранува користење на марихуана.

 

Најдобар! Најплатен! Најбогат! Секако и најпосакуван. Сите го сакале неговото внимание и сите го посакувале него, од спонзори па до жени. Но, за разлика од Роџер Федерер, кој целиот свој живот и кариера ѝ ги предаде на една жена, овој никако не се најде во тоа сценарио.

Тајгер Вудс бил и останал еден од најспомнуваните ликови во американската и светска спортска сцена. Во една фаза од кариерата Американците имале исклучително позитивни зборови за него, а нешто подоцна таблоидите воопшто не го штеделе: 

"Алкохоличар! Измамник! Наркоман!"

Иронијата на судбината сакаше неговиот скандалозен живот да започне од оној момент кога неприкосновениот првак бил претепан од тогашната сопруга Елин Нордгерн и тоа со палка за голф.

Всушност, се пишуваше многу и за сообраќајна несреќа. После се открило дека до несреќата дошло, бидејќи Тајгер влетал во автомобил со цел да се спаси од Швеѓанката, која еден ден претходно откри за неверството на својот сопруг. Наводно, Тајгер најмногу ја повредил сопругата со тоа што спиел со 21 годишната соседка Рејчел Кудриет која ја познавал од 14 годишна возраст.

Резултат со слика за tiger woods and wife

Кадилакот Ескалејд завршил во хидрантот, а Тајгер имал полесни повреди.

"Ги откажувам турнирите до крајот на годината", кратко ја информирал јавноста во ноември 2009 година.

На почетокот на декември, една по една започнале да се појавуваат во медиумите. Три келенерки, модел за долна облека, дури и порно глумица. И тука не е крајот, туку почетокот - признал 120 "авантури", а признал дека најмногу го обожувал алкохолот.

Започна американската потера, а со цел да го спаси бракот, но и да не си заминат спонзорите, отишол на рехабилитација за да се спаси од зависноста од секс.

"Во склоп на програмата за рехабилитација ги напишал сите имиња на 120 девојки со кои ја изневерил сопругата, но на таа листа не се најде 21 годишната соседка", откриваат медиумите.

Во февруари 2010 одина се согласил и на понижување. Со својата мајка во прв ред, Тајгер околу 15 минути ѝ читал писмо со извинување на сопругата, роднините, пријателите, цела Америка, светот и фановите. Им испратил и писма на родителите на децата во училиштето на своите деца и им се извинил што без своја вина завршил во епицентарот на скандалот.

 

Сопругата? Вооружана со адвокатски тим кој го предводеше нејзината сестра извлече 100 милиони долари од сопругот, а после процесот кој беше финализиран во Мајами му испратила порака:

"Сè ти простив".

Во текот на годините, Тајгер се тешел во друштво на русокоси, а една од жртвите била и Линдзи Вон. Но, две години подоцна во мај 2015 година раскинувањето со Вон беше предизвикано од нов љубовен скандал на Вудс.

Во мај 2017 година полицијата го привела поради возење под дејство на лекови, но неофицијално таблоидите тврдат дека бил во алкохолизирана состојба.

И големото филмско враќање се случи пред неколку дена. Откако Италијанецот Франческо Молинари испуштил неколку "зицери во вода", сè беше отворено за второпласираниот Американец.

 

Тајгер го освои турнирот во Аугуста по петти пат во кариерата, односно тоа му е 15 титула, за првпат после 2008 година, периодот кога среќно беше оженет со шведскиот модел.

 

Американката Челзи Флеминг и нејзиното момче Џони станале родители пред осум месеци. Родителството, како и кај сите други родители, им го променило животот, но Челзи и Џони ја довеле ваквата ситуација до крајност.

Тие, како и секој пар, пред доаѓањето на детето се припремале и ги планирале своите финансии за да бидат сигурни дека ќе можат да му обезбедат на детето сè што му е потребно. А потоа тетката на Џони им покажала еден нов начин на штедење. 

“Таа веќе долго пребарува по контејнери и секој пат кога нѝ доаѓа во посета, нѝ носи различни работи – од парфеми и шминки до храна и облека”, вели Челзи.

На почетокот таа идеја ѝ била неприфатлива, но што повеќе размислувала за тоа, сè повеќе се предомислувала. А кога еднаш пробала, како што вели таа, веќе немало назад. 

“Нашето прво пребарување по контејнери беше неверојатно. Најдовме различни работи кои сè уште имаа етикети и вредеа неколку стотици долари”.

Потоа, тие почнале и да ја собираат храната од контејнерите бидејќи често се случува супермаркетите да ја фрлаат храната која е пред истек на рокот.

“Со тоа ги преполовивме трошоците за храна, месечно трошиме 200 долари помалку. Не само што заштедуваме туку и дополнително заработуваме бидејќи препродаваме дел од работите што ги наоѓаме”, вели парот.

Но, најголемите критики ги доживуваат кога луѓето им велат дека го учат своето дете на погрешни вредности.

“Ние сме штедливи и внимаваме на што даваме пари. Не само што штедиме туку во истовреме и рециклираме и не дозволуваме добрата храна да пропадне. Не е точно дека погрешно го одгледуваме нашиот син, токму напротив – треба да им служиме за пример на другите родители”, заклучила Челзи.

Дури 79 отсто од странците тврдат дека е лесно да се пронајдат пријатели во Србија. Оваа земја, покажува истражувањето на “Expat Insider”, е една од оние во кои странците многу лесно склопуваат пријателства.

По преселбата во странство, најголемиот предизвик е пронаоѓање на нови пријатели, а само 57 отсто од оние кои морале поради работата да се преселат, наведуваат дека тоа лесно им оди од рака. 

Тоа го покажуваат резултатите на актуелната студија која се занимава со темата “животот и работата во странство” и која секоја година ја спроведува “Internations”, најголемата мрежа на лица кои поради работата се преселиле во странство.

Врз основа на 18-те илјади испитаници била составена листа од 10 земји во кои странците најлесно склопуваат пријателства, а Србија на оваа листа го зазема високото трето место. На првото место се наоѓа Мексико, земја која од 2014 година постојано се наоѓа помеѓу првите три земји на оваа ранг-листа. Дури 82 отсто од странците изјавиле дека е лесно да се стекнат нови пријателства во текот на престојот во оваа држава. Зад Мексико се најде Бахреин, кој минатата година на листата беше на шестото место.

Србија, за која ова е прво појавување на ранг-листата, го зазела високото трето место од вкупно 68 земји, а 86 отсто од испитаниците оцениле дека ставот на Србите кон странците е пријателски и отворен и дека секогаш се спремни да помогнат.

Дури три четвртини од испитаниците велат дека во Србија општо гледано не е тешко да се склопат нови пријателства.

 

Еден од моторите на „Боинг 737“ се запалил на пистата само неколку минути пред полетувањето на авионот.

Трагедијата е избегната затоа што за среќа сето тоа се случило додека авионот бил приземјен, а патиниците го забележале огнот кој што го зафатил моторот.

Инцидентот се случил на авионот на компанијата “Utair” кој требало да лета од Москва кон Махачкала. Патниците снимиле како пламенот го голта десниот мотор, додека се подготвувале за полетување.

Набрзо настана паника во авионот, а патниците панично дури и се обидувале да излезат од авионот. Неколку патници и успеале да скокнат на десното крило, отворајќи го излезот за во случај на опасност.

Портпаролот на авиокомпанијата за новинската агенција „РИА“ изјавил дека патниците не биле загрозени и тие подоцна биле префрлени во друг авион, по што полетале за Махачкала.

 

Американскиот магазин „Тајм“ објави листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година, а победниците како и досега ги има во повеќе категории, од дебитанти до титани.

На листата на дебитанти има имиња кои имаат различен стаж на јавната сцена. Тука се наоѓаат глумицата Сандра О. (47), која е овогодишна добитничка на Златниот Глобус („Killing Eve“), најдобрата тенисерка на светот Наоми Осака (21), кулинарската ѕвезда Самин Носрат (39).

Американскиот магазин „Тајм“ кој секоја година прави ваков пресек, оваа година на својата листа ја вметнува и интернет ѕвездата Нина (21).

 
 

Голем успех постигна и Криси Тајген (33) која исто така се најде во оваа категорија благодарение на 23,7 милиони следачи на инстаграм.

Во групата на највлијателни уметници се глумците Џејн Џонсон, Реџина Кинг, Емилија Кларк, Глен Клоуз, оскаровците Махершала Али и Рами Малек, пејачката Аријана Гранде.

„Тајм“ ја задржа политичката објективност па на листата за лидери ги стави Ненси Пелоси, која од 2011 година е претставничка во Претставничкиот дом на Америка и американскиот претседател Донал Трамп, неоспорно влијателна фигура на светската политичка сцена, која е честа мета на острите критики.

Меѓу лидерите исто така е и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден, која светот го воодушеви преку покажувањето на сочувствителност за нејзината земја која пред неколку месеци доживеа терористички напади, потоа папата Фрањо, принцот Мохамед бин Зејден. Шветската тинејџерка и активистка за заштита на околината, Грета Тунберг на Тајмовата листа дебитираше како лидер.

 

Во категоријата икона се најде и Тејлор Свифт, а во оваа престижна група се најдоа и поранешната дама на САД Мишел Обама, режисерот Спајк Ли, новинарката Марија Реса која во своето родно место, Филипини, се бори за слобода на медиумите и која поради кавгата со филипинскиот претседател Родриго Дутертеом првобитно беше осудена на затворска казна од 12 години, но подоцна кон крајот на февруари казната била преименувана за условна.

 

Икона е и Лејди Гага, добитничка на Златниот Глобус за песната „Shallow“ од филмот „A star is born“, која заради бројните успеси и револуцијата што ја донесе на светската музичка сцена, оваа година го доби најзначајното признание во својата кариера.

Титаните со најголемо влијание се египетските фудбалери Мохамед Салах, make up уметничката Пет Мекгарт, комесар за правда на ЕУ, Вера Јоурова, голферската легенда Тајгер Вудс, американскиот продуцент Рајан Марфи, американската ТВ и кулинарска ѕвезда и најдобра пријателка на Опра Винфли, Џенифер Хајман, сопственичка на компанијата „Rent the runway“.

 

Top