(0 гласови)

На само 23 години, д-р Верагандам Теја веќе работел во 16 приватни болници, водел неколку медицински кампови и волонтирал со бенгалската полиција и локалните работници за време на пандемијата. Сето звучи како завидно резиме за секој доктор, особено за оној што го напуштил училиштето во петто одделение и немал медицинско образование.

Веерагандам Теја од индиската држава Западен Бенгал повеќе од четири години работел како лекар пред да биде откриен. Клопчето почнало да се одмотува кога неговата втора сопруга го пријавила во полиција за психичко и физичко малтретирање. Требало само малку копање и полицијата открила мрежа на лаги што траеле десет години, лажни дипломи и сертификати, како и неколку негови псевдоними. Нивниот заклучок бил дека кариерата и скоро целиот живот на Теја, всушност, биле измислица, пренесува Oddity Central.

Во 2016-та година, кратко по почетокот на неговата медицинска кариера, полицијата го фатила како се претставува како полицаец на ИПС, тогаш користел службени возила, тврдејќи дека е син на висок офицер на ИПС, но во тој случај успеал да се ослободи од обвиненијата. Потоа почнал да работи како лекар во неколку реномирани специјални болници, а бидејќи ги имал основните медицински вештини што ги научил за време на стажирањето, никој не се сомневал во него.

Се покажало дека неговите достигнувања не биле ни приближно толку импресивни како што сугерирала неговата биографија. Го напуштил училиштето во петто одделение и побегнал од дома во 2005 година, а потоа патувал во повеќе градови, продавајќи флаширана вода и грицки во возовите. Така се сретнал со д-р Пурушотами Реди, кој му обезбедил работа. Потоа дознал за социјалните и финансиските придобивки од медицинската професија и решил да ги доживее од прва рака. Д-р Реди, кој му понудил засолниште и финансиска поддршка на Теја, откако слушнал дека е сираче, исто така, му помогнал да добие возачка дозвола и документ за гласање, како и други важни документи.

Амбициозниот тинејџер подоцна го позајмил презимето на лекарот и работел на добивање на секакви лажни сертификати и дипломи со цел измамата да биде што поубедлива. Тој ги искористил сертификатите што ги фалсификувал за стажирање во болницата, каде ги научил основните медицински вештини што подоцна ги користел. По стажирањето, замина во Бангалор, каде што извесно време работел како окружен медицински офицер. Потоа се преселил во Хајдерабад, каде работел како лекар во неколку болници.

Да не била тужбата на неговата сопруга, која ја покренала истрагата, Теја веројатно се уште ќе работел како лекар.

Истражителите откриле дека Теја, иако во некои документи се вели дека тој имал само 23 години, всушност бил многу постар. Нивниот извештај, исто така, споменува дека за време на неговата четиригодишна медицинска кариера лекувал голем број пациенти, вклучувајќи ги и оние со корона вирус.

(0 гласови)

Дури во 2022 година светот може да започне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан, научник од Светската здравствена организација (СЗО) во Женева.

„Зборуваме за 2022 година, така што ќе мора подолго време да ги задржиме истите мерки што се применуваат, кои вклучуваат одржување на физичка дистанца, носење маски и одржување редовна хигиена“, им рече на новинарите д-р Сваминатан на онлајн конференција организирана од Обединетите нации, пишува Си-Ен-Ен.

„Овие мерки ќе мора да продолжат и кога ќе ја имаме вакцината и кога ќе започнеме со вакцинирање затоа што потребно е 60 до 70 проценти од популацијата да стекне имунитет пред да биде видливо драматично намалување на преносот на овој вирус“, рече таа.

„Ние исто така не знаеме колку долго ќе штитат вакцините – тоа е уште еден голем прашалник: колку трае имунитетот? И можеби ќе ви треба ‘засилувач’“, рече д-р Сваминатан.

Таа додаде дека здравствените власти во моментов сакаат да го контролираат коронавирусот, наместо да го елиминираат.

„Иако временската линија е сè уште неизвесна и тешко е да се предвиди, мислам дека може да се каже дека дури во 2022 година можеме да започнеме да размислуваме за враќање на нормалниот живот пред Ковид-19“, рече д-р Сваминатан и додаде дека не смета дека коронавирусот ќе стане сезонски вирус.

Наместо тоа, додаде таа, може да очекуваме да видиме подеми и падови во бројот на заразени.

(0 гласови)

Кога имате мал простор, неопходно е да бидете креативни. Со малку креативност, можете во стан од 24 квадратни метри да сместите спална соба, кујна, купатило и работен простор. Токму тоа го направил и архитектот Бред Шварц - тој креирал функционален стан од гарсониера, но никогаш не би помислиле дека е толку мал со оглед на идеалната искористеност на просторот. Можеби ова ви звучи нереално, но ќе се уверите во тоа кога ќе го погледнете видеото.

 

(0 гласови)

Во јавноста протекоа информации дека оваа музичка ѕвезда дневно заработува по 85.000 евра.

Пејачот денес е еден од најпопуларните на планетата, а малкумина знаат дека пред да се прослави во светот тој две години ги поминал на улица - како бездомник.

Ед Ширан има 28 години, а веќе е доказ дека човек може да успее во својот живот, само доколку се труди и дека од бездомник може да стане милијардер.

По тешкиот период низ кој што поминал, Ед моментално е најплатената музичка ѕвезда на светот.

 

Популарниот пејач се најде на првото место на топ листата со најплатена турнеја во 2019-та година.

Од неговата турнеја од 54 настапи минатата година заработи над 223 милиони долари.

Во јавноста се појавија информации дека Ширан дневно заработува по 85.000 евра.

Ед стекна планетарна слава, освои многубројни награди, а неговите песни се исклучително слушани ширум светот.

Освен тоа, тој се занимава и со хуманитарна работа а медиумите постојано пишуваат за неговиот поранешен живот - како од улица стана тоа што денес е, а еднаш додека бил на улица спиел пред Бакингемската палата.

Пејачот отсекогаш бил голем хуманитарец, па така настапувал во Бристол за да собере 40 илјади фунти за помош на работниците.

Покрај тоа, тој редовно ја донира и својата облека на луѓето на кои што им е најпотребна.

(0 гласови)

Човечкиот пептид наречен брадикинин може да биде одговорен за разновидните и понекогаш фатални симптоми забележани кај пациенти заразени со новиот коронавирус.

Лекови за контрола на брадикинин веќе постојат и тие во моментот се тестираат кај пациенти со Ковид-19 за потенцијална терапија против болеста.

Брадикининот нормално помага во регулирање на крвниот притисок, а кај некои луѓе, се чини дека новиот коронавирус го поттикнува производството на брадикинин „со петта брзина“. Тоа може да доведе до еден вид „бура на брадикинин“ во човечкото тело, што пак резултира со низа симптоми кои се вообичаени кај Ковид-19 болеста.

Ренука Роше од Универзитетот Eastern Michigan, вели дека таквата бура во човечкото тело може да објасни зошто се одделени толку многу аспекти на Ковид-19, како што се болки во мускулите, поблага форма на заболување кај жените отколку кај мажите и склоност на Афроамериканците да развијат компликации од новиот коронавирус.

Тим американски научници објавија студија во јули во која проучувале експресија на гени во примероци на белодробни течности земени од девет пациенти во Кина и ги споредиле наодите со примероци од група луѓе кои немале Ковид-19.

Соодветно на тоа, кај ковид-пациентите пронајдени се докази за прекумерна експресија на гени одговорни за производство на брадикинин, а кај групата која не била заразена имале намалена експресија на гени кои произведуваат ензими кои го држат брадикининот под контрола.

Брадикининот ги шири крвните садови и ги прави попропустливи, а големите количини на брадикинин може да доведат до протекување од крвните садови, особено во областите на телото кои се богати со крвни садови, како што се белите дробови. На сличен начин, брадикининот може да ја разгради браната помеѓу крвта и мозокот, што укажува на можна причина за збунувачките невролошки симптоми на болеста Ковид-19.

Канадскиот експерт Џо Пенингер смета дека хипотезата со брадикинин има смисла затоа што новиот коронавирус ги напаѓа ACE-2 рецепторите во клетките, а тие се исто така одговорни за зауздување на нивото на брадикинин. Бидејќи вирусот ја намалува способноста на овие рецептори, нивото на брадикинин во човечкото тело може да излезе од контрола, вели Пенингер.

Претходно споменатиот тим на американски научници во студијата објавена во јули откри прекумерна експресија на гените во телата на пациентите со Ковид-19, која е одговорна за производство на хијалуронска киселина, која кога ќе се измеша со течност, како онаа која крвните садови може да ја пуштат во белите дробови, станува желатинозен. Ова го објаснува и најтешкиот симптом на новата инфекција со коронавирус, односно отежнатото дишење.

За среќа, лековите што го контролираат нивото на брадикинин и хијалуронската киселина постојат дури и пред да се појави пандемијата. Затоа во јули во Холандија започна прелиминарното тестирање на лекот “ицатибант” кај девет пациенти кои беа на респиратори.

Ицатибант им помогна на осум од овие девет пациенти во прелиминарното тестирање.

Во моментов се спроведуваат нови студии во САД и Европа за да се тестира друг лек за контрола на брадикинин – “ланаделумаб”. Следејќи ги овие студии, целта е да се спроведе тестирање на стотици пациенти ширум светот.

(0 гласови)

Човечкиот пептид кој што се нарекува „брадикинин“, можеби е одговорот за разновидните, понекогаш и смртоносни симптоми кои што се забележани кај пациентите заразени со коронавирусот.

Лекови за контрола на брадикинин веќе постојат, а моментално се спроведуваат нови тестирања на пациентите кои што се заболени од Ковид-19, со цел потенцијална нова терапија против оваа болест.

Брадикининот инаку помага во регулирање на крвниот ток, а кај некои луѓе, новиот коронавирус очигледно дека прави производството на брадикининот да биде многу пообилно.

Тоа може да доведе до своевидно „невреме на брадикининот“ во човечкото тело, кое пак резултира со пониски симптоми кои што учествуваат кај болеста Ковид-19.

Ренука Роче, од Универзитетот Eastern michigan, вели дека таквото „невреме“ во човечкото тело може да објасни зошто толку аспекти од Ковид-19 се различни, како болки во мускулите, поблаг облик на болеста кај жените за разлика од мажите, склоноста на Афроамериканците да развијат компликации поради Ковид-19.

Тим од американски научници уште одамна објавија студија во која што ја проучувале експресијата на генот во примероци од белите дробови на девет пациенти од Кина.

Складно на тоа, кај Ковид-19 пациентите пронајдени биле докази на прекумерна експресија на генот одговорен за производството на брадикининот.

Брадикининот ги шири крвните садови и ги прави попроточни, а високата количина брадикинин може да доведе до протекување на крвта од крвните садови, особено во подрачјата на телото кои што се побогати со нив, како што се белите дробови.

 

Канадскиот научник Џо Пенингер смета дека хипотезата со брадикининот има смисла затоа што новиот коронавирус ги напаѓа ACE-2 рецепторите во клетките, а токму тие се задолжени и за регулирање на количината брадикинин.

Со оглед на тоа што вирусот ја намалува способноста на тие рецептори, количината брадикинин во човечкото тело може да излезе од контрола, вели Пенингер.

(0 гласови)

На социјалните мрежи кружи снимка од "храбар татко" кој побегнал од питбул и ја оставил својата ќерка на милост и немилост на животното. Иако кучето не направило ништо, спорниот момент во видеото е "подготвеноста" на овој татко да ја заштити својата ќерка од потенцијалната опасност. 

Снимката која настанала во САД прикажува татко како со ќерката стои пред куќа на чија ограда јасно стои предупредувањето дека во дворот има опасно куче. Меѓутоа, таткото и натаму стои покрај капијата, несвесно предизвикувајќи го питбулот, кој со своето лаење ги предупредувал посетителите да се повлечат.

Бидејќи ни таткото, ни детето не се поместиле, кучето пронашло дупка на оградата и истрчало на улица. Тогаш уследила неверојатна сцена. Наместо да го спаси детето, таткото скокнал на кровот на паркираниот автомобил, а на ќерката и велел да бега, додека девојчето преплашено викало и стоело на улицата.

За среќа, сопственичката на питбулот веднаш излегла надвор и го вратила своето куче во дворот.

 

Не е познато каде и кога точно настанало ова видео, но привлекло големо внимание од корисниците на социјалните мрежи.

"Со овој човек нешто не е во ред. Како може така да го остави детето", се ределе коментари.

Друг корисник тврди дека кучето не сакало да го нападне девојчето, бидејќи се гледа како целото време мавта со опашката.

"Тоа што е питбул, не значи дека е крволочен. Во овој случај тоа било среќната околност", напишал друг корисник.

(0 гласови)

Студент од Велика Британија, кој го отворил прозорецот од својот стан пред да го остави така цели 5 месеци, го пронашол својот дом прекриен со птичји измет, откако се вселиле гулаби.

20-годишниот Олувагеорге Џонсон морал набрзина да го напушти изнајмениот стан во Нотингем уште во март, откако родителите дошле да го земат поради пандемијата на коронавирусот.

Тој заборавил на отворениот прозорец, а бидејќи неколку дена не забележале никакви активности, гулабите олучиле станот да го претворат во сопствен дом. Никој не ги вознемирувал птиците повеќе од 5 месеци, сè до минатата недела, кога работници слушнале необични звуци кои доаѓале од станот и влегле да истражат. Го затекнале станот прекриен со птичји измет, јајца во мијалникот и пердуви на сите страни.

Џонсон објаснил дека неговите родители наеднаш се појавиле пред станот за да го однесат дома.

„Луѓето велеа дека војската излегла на улиците и моите родители беа испаничени. Го оставив прозорецот отворен и не бев таму околу пет месеци“, рекол тој.

Минатата недела студентот по новинарство од северен Лондон добил мејл од управата на зградата со фотографии од катастрофата која ја предизвикале гулабите. Момчето било во неверување кога видело што се случува во санот.

„Минатата недела сакав да се вратам на универзитетот, но сега малку ќе почекам“, рекол 20-годишникот.

„Никогаш повеќе нема да го оставам прозорецот отворен“, заклучил студентот.

(0 гласови)

Оваа жена моментално е 12-та најбогата личност на светот. Мекензи Скот, филантропката, авторка и поранешна сопруга на Џеф Безос, е најбогатата жена на светот.

Нејзиното богатство моментално изнесува 68 милијарди долари, со што ја престигна и наследничката на компанијата „L'Oreal“ - Франсоа Бетенкур Маерс, наведува „Блумберг“, индексот на билионери.

Скот со помош на договорот при разводот од 2019-та година од Џеф Безос, добила една четвртина од акциите на фирмата „Amazon“.

 

Сето тоа се изедначува со уделот од четири отсто кој што во тоа време вредел над 35 милијарди долари.

Таа моментално е 12-та најбогата личност на светот, пренесуваат странските медиуми.

Инаку, богатството на сопственикот на „Amazon“ - Џеф Безос, неодамна ја премина бројката од 200 милијарди долари.

(0 гласови)

Персоналот на „British Airways“, една од најпознатите авиокомпании во светот, во изминатите години напиша своевиден таен дневник, кој деновиве се претвори во досие, за однесувањето на патниците за време на летовите.

Стјуардесите и стјуардите не ги именуваа „обичните“ патници и нивните луди авантури за време на летовите, но тие се познати личности кои, по којзнае кој пат, се покажаа како најдрски и безмилосни.

Досието содржи случај со ријалити sвезда, која среде лет се напила и на непознат маж му извела „танц во скут“ сè додека не почувствувала дека има ерекција. Потоа му понудила секс во тоалетот што тој го одбил и го повикал персоналот во авионот за полесно да го продолжи летот без неа во околината.

- Апсолутно најарогантна беше ТВ-легендата, водител кој беше толку груб и не му беше првпат, поради што сите го мразевме. Не знам како можеа да се справат другите патници од прва класа. Го гледавме со презир затоа што ни се обраќаше од височина, тој беше арогантен и често пијан, напишаа стјуардесите на „British Airways“.

Неименувана поп-sвезда редовно шмркала кокаин во текот на летот и на секои две минути им се јавуваше на вработените за да и обезбедат што повеќе водка.

- На летот за Базел, неколку мажи се пожалија на смрдеата од првата класа во кој седеше позната манекенка. Беше навистина неподносливо како таа мирисаше кога ја комбинираше потта со лош парфем. Кога ја замоливме да се пресели во првиот ред каде што немаше никој, категорично не одби. Еден познат актер буквално ја малтретираше својата ќерка. Детето било хиперактивно, а тој и удри шлаканица, ја удри по грбот и ја пцуеше. Хорор, рече една стјуардеса во дневникот.

Поп-пејачка чија кариера е во ужасна опаѓачка патека еднаш отпатувал во Ница. Била толку дрогирана и пијана што повратила врз друг патник, а потоа се онесвестила.

- Нејзиниот агент нè молеше да не го објавуваме ова во весникот и му плати на лице место на патникот што го поврати, пишува во дневникот на персоналот, додека за еден водител напишале дека бил толку издрогиран во авионот што танцувала топлес во задниот дел среде ноќ, молејќи ја партнерката за секс.

Што се однесува до „обичните“ луѓе, стјуардесите ги фатиле како одат безброј пати во тоалетот да шмркаат или да имаат секс.

За среќа, во дневникот има и позитивни примери на познати личности. Наведени се актерките Џенифер Анистон и Бет Мидлер, како и пејачката Џеси Џеј како вистински дами и многу мирни, слатки и културни патници кои треба да бидат пример за другите од светот на шоу-бизнисот.

Top