(0 гласови)

Како што пренесува „ScienceAlert“, астероидот денеска во секој момент треба да помине помеѓу Земјата и Месечината, на околу 27 илјади километри од нашата планета.

Астероидот со име „2020 SW“ се очекува да помине денеска на оддалеченост од нашата планета од 27 илјади километри.

Како 2020-та година да не е преполна со настани кои што не можеме да ги контролираме...

Како што пренесуваат од Центарот за проучување на објекти во близина на Земјата, астероидот со име „2020 SW“, е премал за да ни наштети, а поради Земјиното гравитациско поле исто така можно е да го промени и правецот на движење.

 

Подгответе ги телескопите

Астероидот како што ќе се приближува до планетата Земја, така ќе станува посветол, но нема да може да се забележи со голо око, а нареден пат истиот ќе нè посети на 3-ти јуни 2029-та година.

Ова не е првпат да имаме ваква средба годинава. Имено, на 18-ти септември, научниците од опсерваториумот „Mount Lemmon Survey“ во Аризона, забележале астероид кој што доколку би удрил во Земјата би бил голема опасност.

Интересно е тоа што NASA се занимава со проучување на помалите вселенски тела и само во септември открила околу 244 такви објекти кои што се нашле во близина на Земјата.

(0 гласови)

Научниците од Државниот универзитет во Тјумен заедно со колеги од други руски научно-инстражувачки институти, сметаат дека пронашле универзален природен антибиотик кој ја победува отпорноста на патогените микроорганизми на лекови.

Пронајдената супстанца ќе помогне во ефикасна борба против повеќето заразни болести на луѓето и животните предизвикани од бактерии и габи, пишуваат авторите на откритието во истражувањето објавено во списанието „Примена на биохемија и микробиологија“.

Според истражувачите, една од задачите на денешната фармакологија е пребарување на природни антибиотици кои можат да се борат против микроорганизмите со отпорност на повеќе лекови (MDR) или апсолутна резистенција (екстремна отпорност на лекови, IksDR) на антибиотици достапни на пазарот.

Научниците ја покажале единствената способност на пептидот емерицилипсин А, кој е изолиран од алкалната алкалофилна мицелијална габа Емерицелопсис. Според нив, супстанцијата ја инхибира способноста на бактериите да создаваат биофилмови, поради што исчезнува отпорноста на овие патогени на антибиотици.

Како што објаснуваат авторите на истражувањето, главната терапевтска карактеристика на проучената супстанција е разновидноста на ефектот. Против емерицилипсин А не се немоќни само MDR и IksDR формите на бактерии, туку практично сите патогени еукариоти, на пример, мицелијални габи и квасец.

Авторите на студијата истакнале дека емерицилипсин А ќе помогне во борбата против патологиите како што се тумори, како и сите видови бактериски и габични инфекции.

Емерицилипсин А е перспективен и како независно терапевтско средство и како елемент на сложени препарати. Терапијата може да се изврши или со инјекција или со локален директен третман на погоденото ткиво.

Во иднина, научниот тим има намера да премине од работа со модели на клетки на лабораториско испитување на лекови.

(0 гласови)

Научниците од Државниот универзитет во Тјумен заедно со колеги од други руски научно-инстражувачки институти, сметаат дека пронашле универзален природен антибиотик кој ја победува отпорноста на патогените микроорганизми на лекови.

Пронајдената супстанца ќе помогне во ефикасна борба против повеќето заразни болести на луѓето и животните предизвикани од бактерии и габи, пишуваат авторите на откритието во истражувањето објавено во списанието „Примена на биохемија и микробиологија“.

Според истражувачите, една од задачите на денешната фармакологија е пребарување на природни антибиотици кои можат да се борат против микроорганизмите со отпорност на повеќе лекови (MDR) или апсолутна резистенција (екстремна отпорност на лекови, IksDR) на антибиотици достапни на пазарот.

Научниците ја покажале единствената способност на пептидот емерицилипсин А, кој е изолиран од алкалната алкалофилна мицелијална габа Емерицелопсис. Според нив, супстанцијата ја инхибира способноста на бактериите да создаваат биофилмови, поради што исчезнува отпорноста на овие патогени на антибиотици.

Како што објаснуваат авторите на истражувањето, главната терапевтска карактеристика на проучената супстанција е разновидноста на ефектот. Против емерицилипсин А не се немоќни само MDR и IksDR формите на бактерии, туку практично сите патогени еукариоти, на пример, мицелијални габи и квасец.

Авторите на студијата истакнале дека емерицилипсин А ќе помогне во борбата против патологиите како што се тумори, како и сите видови бактериски и габични инфекции.

Емерицилипсин А е перспективен и како независно терапевтско средство и како елемент на сложени препарати. Терапијата може да се изврши или со инјекција или со локален директен третман на погоденото ткиво.

Во иднина, научниот тим има намера да премине од работа со модели на клетки на лабораториско испитување на лекови.

(0 гласови)

Американската водителка Дафни Оз, ќерка на популарниот Доктор Оз, се венчала за Србин со кој има и дете.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг е со потекло од Србија, таа одлучила на детето да му даде српско име.

„Синот го нарековме Јован Јовановиќ Џуниор. Мојот сопруг е Србин и синот го доби името по неговиот татко. Го викаме Џон-Џон“, открила водителката пред 5 години.

 

Дафни (29) е ќерка на популарниот ТВ доктор Мехмед Оз. Таа и Јовановиќ, кој се занимава со инвестиции, се запознале на колеџ, а се венчале во август, 2010-та година во српската православна црква во Портланд. Тие двајца имаат и ќерка која ја добиле во февруари минатата година.

(0 гласови)

Руските научници барајќи активно соединение во борбата против коронавирусот открија супстанца што потенцијално може да се користи за лекување на рак на невробластом.

Откритието е направено во соработка со американските колеги.

Резултатите од истражувањето на научниците од Одделот за хемија и фармакологија на Севернокавкаскиот федерален универзитет (НКФУ) се објавени во списанието „Органска и биомолекуларна хемија” (Organik end Biomolekular Kemistri).

„Истражувачите ја опишаа синтезата на материјата која ќе му помогне на човештвото во борбата против невробластомот, еден од најопасните типови на канцер. Хемичарите на почетокот трагаа по соединение кое ќе им даде резултати во борбата против Ковид-19, но се покажа дека антималигната активност на овие супстанци е многу поголема”, се наведува во соопштението на НЦФУ, пренесено од Тасс.

Методата користена во ова истражување се нарекува „реакцијата на Аксен” и е откриена во 2010 година.

(0 гласови)

Кога зборуваме за бодибилдинг, името Рони Колеман (56) не може да се заобиколи. Станува збор за човекот кој што е многу популарен во овој спорт, а денес одвај оди...

Дали човековото здравје е повредно од сите успеси кои што ги остваруваме во животот? Вреди ли да се плати поради „пет минути слава“?

Тоа се прашањата кои што најчесто си ги поставуваат спортистите зад кои што стои успешна кариера.

Кога зборуваме за бодибилдингот, името Рони не може да се заобиколи. Тој во својата кариера осум пати победил на елитни натпревари на Мистер Олимпиа кои што ги собираат најдобрите бодибилдери на светот, а нема списание во светот кое што не пишувало за него.

 

Можеби некому му изгледа малку невкусно кога мажи од 120 килограми ќе се качат на сцена и ќе ги покажат своите мускули, но тоа е спорт.

Но, за патот до врвот и славата потребни се многу откажувата во животот, а што се однесува до бодибилдингот, тие исто така користат и некои забранети средства.

Човечкото тело има граници и некогаш не може да поднесе некои од напорите кои што им ги сервира човекот, а тоа на своја кожа го почувствувал легендарниот бодибилдер Колеман.

Тој на својот Инстаграм профил открил како повеќе години се мачел со болки во колената и грбот и дека направил три операции вредни два милиони евра, само за да може да оди - но сè се искомплицирало, па поради тоа одредено време од својот живот не можел да стои на нозе.

 

„Сметам дека операциите не поминаа како што треба и сето тоа доведе до резултат да не можам да стојам на нозе. Мора да сфатите дека не ми е лесно и дека секоја операција е многу тешка, но и многу чини - околу 500.000 долари.

Само на последните три операции потрошив околу два милиони долари и после сè, повторно не можам да стојам, но нема да се предадам“ - напишал Колеман на социјалните мрежи.

„Сакате да бидете како мене, да имате работна етикета каква што јас имав? Па, како што може да видите, јас сум осумкратен Mr. Olumpia кој што не може да оди“ - се пожалил во медиумите тој.

 
 

 

(0 гласови)

„Децата кои од симптоми имаат само течење нос, апсолутно немаат коронавирус“, тврди британски експерт.

Професорот Тим Спектор од „Кинг Колеџ“ во Лондон, им објаснил на родителите како да ги разликуваат симптомите за сезонскиот грип од коронавирус. Тој, меѓу останатото вели дека 'течење нос, кивање и затнат нос', се симптоми кои упатуваат на тоа дека детето сигурно нема коронавирус, туку има настинка.

Професор Спектор, кој ја направил и „Coronavirus Symptom Study“ апликацијата, стои позади истражувањето за најчестите симптоми на коронавирус кај децата на школска возраст. Според неговите резултати, најчестиот симптом е замор (кај 55 отсто од неговите испитаници) и температура (кај 49 отсто).

Кај повозрасните, фреквенцијата на симптомите е следна: Замор (87 отсто), главоболка (72 отсто), губење на чувството за мирис (60 отсто). Ниту возрасните ниту децата заразени со коронавирус немале симптоми како течење нос, вели експертот.

(0 гласови)

Професор по молекуларна биологија од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Оксфорд, Кристијан Рамадан, зборуваше за развојот на вакцините, како и за тековната борба против пандемијата на коронавирусите.

Запрашан како ќе се развие ситуацијата со пандемијата на корона вирусите оваа есен, тој одговори: “Тешко е да се предвиди, бидејќи јас сум научник, секогаш гледам наназад на некои податоци. Сигурно ќе има друг бран, па затоа треба да се подготвиме за есенва и зимата”.

Вакцини за корона вирус

Рамадан вели дека според неговите сознанија, во клиничката фаза има девет различни вакцини, три во моментот.

- Ова значи дека тие поминале низ клинички фази 1 и 2 и се докажале дека се релативно безбедни. Вакцините кои достигнале фаза 3 се релативно безбедни. Вакцината од Оксфорд беше мал проблем затоа што имавме еден несакан ефект со еден волонтер во Велика Британија. На десет илјади волонтери кои биле вакцинирани, доколку се појави еден несакан ефект и доколку се проектира на целото човештво, тоа може да биде проблем, рече Рамадан.

Тој посочува дека целта е да се направи вакцина која пред се нема да биде штетна, а другата цел е да се заштити човештвото од корона вирусот.

- Предклиничкото истражување на разни животни се покажа релативно добро. Научните трудови се објавени и прегледани од научната заедница. Целта на вакцината е да создаде имунитет што ќе не заштити од вирусот. Тоа е главната цел на вакцината – да се спречи заразна болест која може да се шири понатаму, рече тој.

Рамадан вели дека засега сакаат да ја спречат оваа пандемија за да можат луѓето да продолжат понатаму, а дека постарата популација е најзагрозена и дека мора да се вакцинираат.

Во врска со најавите на Трамп дека вакцината ќе биде масовно дистрибуирана во Америка до крајот на годината, тој вели: “Доналд Трамп многупати зборуваше глупости, можно е и сега да зборува глупости. Можно е американската вакцина да биде одобрена ако не се покажат по еден месец последици по здравјето на луѓето. Волонтерите треба да стапат во контакт со инфекцијата. Групите треба да се споредат затоа што имате луѓе кои биле вакцинирани со плацибо, солен раствор. Ќе треба време да се добијат сите податоци.

Колку долго вирусот ќе остане во популацијата?

На прашањето дали ќе биде вакциниран со руска или кинеска вакцина, тој одговори: “Јас не би се вакцинирал пред да дојдат резултатите од клиничката фаза 3. Ниту руската, ниту кинеската ниту оксфордската вакцина, јас лично не би ги одобрил или би се вакцинирал со неа”.

Тој вели дека е тешко да се одговори на прашањето колку популации треба да се вакцинираат за да се каже дека ја запревме болеста, но дека според некои основни епидемиолошки параметри треба да се вакцинираат од 60 до 70 проценти од човештвото со цел да се запре болеста.

- Прво би рекол дека ако вакцината не е штетна – најпрво треба да се вакцинираат најранливите групи, вели Рамадан.

Рамадан верува дека корона вирусот влегол во човечката популација и дека може да биде невозможно да се искорени.

- Пандемијата на ХИВ трае веќе 30 години, но најдовме лек и можеме да го лекуваме. Корона вирусот влезе во популацијата и ќе биде меѓу нас долго време. Многу работи ќе се променат во нашето однесување и сигурно ќе влијаат на нашата блиска иднина, рече Рамадан.

Тој смета дека научивме многу од оваа пандемија.

- Веќе подолго време не сме изложени на ваква голема пандемија. Денес е многу лесно да се пренесе вирус од едниот крај на другиот за неколку часа, заклучи тој.

(0 гласови)

Археолозите во древната египетската гробница Сакара откриле 27 саркофази, кои се стари повеќе од 2.500 години.

Според наводите на властите, 13 ковчези биле откриени на почетокот на овој месец, а потоа биле пронајдени уште 14. 

Тоа, нагласуваат експертите, е едно од најголемите откритија на таков вид.

Станува збор за добро сочувани дрвени ковчези со живописни бои, како и други помали артефакти.

Во соопштението на египетското Министерство за антиквитети се наведува дека првобитните истражувања покажуваат дека ковчезите се целосно затворени и дека не се отворени откако биле закопани.

 

Сакара повеќе од 3.000 години активно служела како гробница и се наоѓа под заштита на Унеско.

 
 
 
 
 

 

(0 гласови)

Генетичка компанија тврди дека типот на крвната група е поврзан со ризикот од Ковид-19

Научниците открија како и крвната група може да игра одредена улога во тоа колку тежок облик на болеста ќе се развие кај лице кое ќе се зарази со Ковид-19.

Исто така, откриено е дека луѓето со дијабетес и апнеја (краток периодичен прекин на дишењето за време на спиење) се група со зголемен ризик од хоспитализација.

Овие податоци беа изнесени на виделина со новото истражување на Универзитетот Варвик, а откритието дојде по систематски извештаи од други студии кои ги пријавуваат резултатите од Ковид-19 кај пациенти на кои исто така им била дијагностицирана опструктивна апнеја при спиење. Резултатите беа објавени во научното списание „Sleep Medicine Review“.

Едно од истражувањата покажало дека пациентите кои имаат дијабетес и се хоспитализирани поради коронавирус и кои примаат терапија за опструктивна апнеја, имаат 2,8 пати поголем ризик од смрт.

Опструктивната апнеја го зголемува ризикот од смрт за 2,8 пати ако пациентот е заразен со коронавирус.

Проблемот е во тоа што дури 85% од случаите на опструктивна апнеја се всушност неоткриени, односно без дијагноза, а без јасни податоци тешко е точно да се утврди колку луѓе со ова нарушување може да доживеале потешка форма на Ковид-19.

Една крвна група обезбедува одредена заштита од хоспитализација?

Друга група истражувачи откриле дека крвната група има влијание врз ризикот од добивање на коронавирусот. Генетската компанија „23andMe“ тврди дека крвната група е поврзана со ризикот од коронавирус, иако не е јасно колку и дали постојат начини на кои лекарите можат да дејствуваат на тоа.

Пациентите со нулта крвна група имаат помали шанси за хоспитализација? Научниците од споменатата компанија ја набудувале ДНК на повеќе од милион луѓе. Повеќе од 15.000 од нив имале позитивен тест на коронавирус, а 1.131 пациенти биле хоспитализирани. Сите собрани податоци ги зајакнуваат доказите за улогата на крвните групи А, Б и О во генетиката на домаќинот на коронавирусот.

„Нашите податоци поддржуваат улога во подложноста на инфекции, што укажува на тоа дека крвната група О е заштитна за разлика од другите“, се вели во нивниот извештај.

Покрај крвната група, далеку поголем ризик е дебелината, што повеќе од двојно ја зголемува можноста за хоспитализација.

Текстот е превземен од usb.mk

Top