(0 гласови)

Килибарската соба изградена е во Прусија, а потоа му била подарена на Петар Велики во 1716. година.

Со помош на модерната технологија, полските нуркачи дошле до неверојатно откритие. Со помош на најмодерната опрема и големите напори успеале да лоцираат остатоци од нацистички воен брод „Каршула“ на дното на Балтичкото море.

„Товарот на бродот практично е недопрен. Пронајдовме воено возило, порцелан и многубројни сандаци со непозната содржина“, изјавил Томаш Стахур, еден од учесниците во експедицијата.

Токму споменатите сандаци предизвикуваат возбудување, затоа што се верува дека содржат делови од Килибарската соба на која што во 1943-та година ѝ се губи секаква трага.

Германските и руските архитекти во 1701. година започнале со градење на легендарната соба, исполнета со килибар и скапоцености, за да ја претстават на прускиот крал.

Таа била завршена 16 години подоцна и дадена на подарок на Петар Велики, за да се зајакне сојузот Русија и Прусија против Шведска.

Царицата Катарина наредила таа дополнително да се украси и да се премести во Санкт Петербург.

Во својата палата кралицата организирала собир, покажувајќи ја сета убавина на собата. Проценката за вредноста на Килибарската соба варира, а се движи помеѓу 140 и 500 милиони долари. Поради тоа не е чудно што е прогласена за „осмо светско чудо“.

(0 гласови)

Македонската актерка Емра Куртишова која што ја толкува улогата на Исаура во хумористичната серија „Преспав“, а со која што и се прослави, привлече големо внимание во јавноста со фотографијата која што ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, таа објави фотографија на која што лежи на кауч и прави самопреглед на своите гради и потсети дека месец октомври е месец на борбата против ракот на дојката.

„Октомври, месец на борба против ракот на дојката“, напиша Емра покрај споделената фотографија.

 

На самата фотографија има и текст, на кој што пишува:

„Блиску до себе. Чекор три... Прегледајте ги градите додека лежите, користејќи ја десната рака за проверка на левата града и обратно! Правете кружни движења со дијаметар од околу два центиметри“, стои на фотографијата.

(0 гласови)

Како што стојат работите, најверојатно ќе добиеме летачки доктори, најпрво во Велика Британија, а потоа и во другите делови на светот.

Не се знае со сигурност дали пронаоѓачот Ричард Браунинг ќе ги нарече така, но пробен лет беше снимен на почетокот на неделава. Поради новото одело, се забрзува интервенцијата на итната помош.

Докторот на млазен погон ќе може да лебди над водата и да премине преку планинските предели до точната локација од каде бил повикот за помош. Во случај овие одела да добијат дозвола за употреба, спасувачите и болничарите, со благ млазен напон, без тешкотии ќе го совладаат теренот.

Во специјалното одело со два млазни микро-мотори, можете да летате без прекини во етапи од по пет минути.

(0 гласови)

Како што стојат работите, најверојатно ќе добиеме летачки доктори, најпрво во Велика Британија, а потоа и во другите делови на светот.

Не се знае со сигурност дали пронаоѓачот Ричард Браунинг ќе ги нарече така, но пробен лет беше снимен на почетокот на неделава. Поради новото одело, се забрзува интервенцијата на итната помош.

Докторот на млазен погон ќе може да лебди над водата и да премине преку планинските предели до точната локација од каде бил повикот за помош. Во случај овие одела да добијат дозвола за употреба, спасувачите и болничарите, со благ млазен напон, без тешкотии ќе го совладаат теренот.

Во специјалното одело со два млазни микро-мотори, можете да летате без прекини во етапи од по пет минути.

(0 гласови)

Како што стојат работите, најверојатно ќе добиеме летачки доктори, најпрво во Велика Британија, а потоа и во другите делови на светот.

Не се знае со сигурност дали пронаоѓачот Ричард Браунинг ќе ги нарече така, но пробен лет беше снимен на почетокот на неделава. Поради новото одело, се забрзува интервенцијата на итната помош.

Докторот на млазен погон ќе може да лебди над водата и да премине преку планинските предели до точната локација од каде бил повикот за помош. Во случај овие одела да добијат дозвола за употреба, спасувачите и болничарите, со благ млазен напон, без тешкотии ќе го совладаат теренот.

Во специјалното одело со два млазни микро-мотори, можете да летате без прекини во етапи од по пет минути.

(0 гласови)

Доколку некогаш сте се занимавале со креирање на содржини за некоја социјална мрежа, тогаш секако знаете дека чудни работи можат да привлечат огромна публика...

Популарноста на Јутјуб зависи од неколку фактори, друштвени интеракции, нови идеи и слично. Тука на сцена настапува Натаниел „Којот“ Питерсон кој е познат и како „King of Sting“. Како што открива неговиот прекар, Питерсон заработува милиони така што им дозволува на најсмртоносните инсекти да го каснат. Опасните инсекти се во ранг од мравка-куршум па се до ултра смртоносниот стршен „Polistes carnifex“. 

 

Можеби ви делува чудно што еден човек го одбрал ова за свое занимање, но неговиот канал наречен „Brave Wilderness“ на Јутјуб има повеќе од 3,6 милијарди прегледи, што докажува дека дефинитивно постои пазар за се. Во некои од неговите видеа, Натаниел се витка од болки и вреска, а потоа ги покажува своите рани и изобличени убоди поради отровите од разните инсекти.

 

Од 2014 година, Јутјуберот направил кариера од оваа приказна, па сега има повеќе од 17,5 милиони следбеници. Проценките велат дека на месечно ниво од онлајн огласувањата заработува 294.000 долари, додека неговите најпопуларни видеа се прегледани повеќе од 57 милиони пати. Доколку сте пречувствителни или имате страв од инсекти, ви препорачуваме да се „држите понастрана“ од овој канал.

(0 гласови)

Во текот на зимските месеци соочени сме со нови предизвици за спречување на ширењето на пандемијата коронавирус.

Двајца научници од Кипар во новото истражување ги откриваат клучните фактори во пренесувањето на заразата, а еден од нив е и брзината на испарување на контаминираните капки во воздухот.

Двајца научници од Кипар, од Универзитетот во Никозија одлучиле да спроведат истражување за начинот на кој што тој вирус се шири.

Истражувањето веднаш го објавиле, а исто така тие имаат совети и за тоа на кој начин секој од нас може да допринесе во намалувањето на ширењето на заразата.

Во интервју за порталот „News Medical“, д-р Талиб Дбоук и професорот Димитрис Дрикакис објасниле дека во своето истражување дошле до заклучок дека постојат комбинација фактори кои што влијаат во трансмисијата на новиот коронавирус и дека тие фактори се поврзани со брзината на ветрот, температурата на воздухот и релативната влажност на воздухот.

„Нашето истражување покажа дека пренесувањето на новиот вирус е поизразено при температура на воздухот од 25 степени целзиусови или пак пониска и при влажност на воздухот еднаква или поголема од 65 отсто. Тоа воедно објаснува зошто вирусната инфекција е почеста назима отколку во текот на летото“ - велат научниците.

Истражувањето го спровеле така што развиле напредна „CFD“ нумеричка платформа која што овозможува предвидување на концентрацијата на новиот коронавирус во контаминирани капки во воздухот.

„Компјутерскиот модел развиен во рамките на ова истражување овозможи квантификација на одржливоста на вирусот низ функции на температурата на воздухот, релативната влажност и брзината на ветрот или пак протокот на воздух во затворени и отворени простории“ - објаснуваат научниците.

„Коронавирусот се пренесува по пат на лебдечки, контаминирани капки кои што во себе содржат специфична концентрација на честички вирус. Додека патуваат во воздухот, капките испаруваат што може да се поврзе со одржливоста на вирусот“ - вели кипарскиот научник.

Со други зборови, колку почесто капките ќе испарат, толку е помала одржливоста на вирусот во воздухот.

 

На крајот од истражувањето тие ги изнеле и своите препораки со кои што луѓето може да се заштитат од трансмисијата на вирусот во воздухот:

1. Почитување на социјално дистанцирање, најмалку два метри доколку не постои проток на воздух

2. Да се избегнуваат услови на зголемена релативна влажност во воздухот, особено во затворени простории

3. Избегнување места со ниска температура

4. Избегнување масовни собири и места полни со луѓе

5. Носење заштитни маски, особено во ситуации каде што има близок контакт со луѓе

6. Избегнување затворени простории во кои што работат вентилатори

7. Само природно прочистување на воздухот.

(0 гласови)

Од над 33 милиони лица заразени со вирусот корона, речиси милион од нив го загубија животот поради инфекцијата, а некои беа млади и совршено здрави и не припаѓаа на ризичните групи на кој било начин.

Од друга страна, повеќето млади луѓе не ги чувствувале или едвај ги почувствувале симптомите на вирусот и многумина „прележале“ на нозе, па логично се поставува прашањето што е тоа што одреди некои од нив да ги загубат своите животи, а некои да останат здрави.

Преку две нови студии, научниците идентификуваа клучен механизам на имунолошкиот систем што може да објасни зошто вирусот е толку смртоносен за поединците, пишува „Science Alert“. Двете студии укажуваат на интерферони од типот I (IFN) кои играат улога во оваа клучна разлика во исходот на COVID-19. IFN се протеини што ги произведуваат заразените клетки за да помогнат во запирање на ширењето на она што ги заразува, вирусот. Сепак, кај некои луѓе, оваа работа со протеини е прекината.

Една нова студија покажа дека повеќе од 10 проценти од здравите луѓе, кои завршија со сериозни симптоми на COVID-19, имаат антитела кои ги напаѓаат сопствените IFN и ги спречуваат правилно да се борат против вирусот.

Друго истражување испитало хоспитализирани пациенти на 20-тина години со тешки симптоми и открило дека барем уште 3,5 проценти од генските мутации го запреле IFN-то како што треба. Иако овие потенцијални механизми би објасниле само дел од најсериозните случаи на COVID-19, тоа би можело да биде откритие кое сепак може да спаси десетици, а можеби и стотици илјади животи.

Овие откритија обезбедуваат убедливи докази дека нарушувањето на интерферонот тип I е често опасна по живот причина од COVID-19. И барем во теорија, ваквите проблеми со интерферонот може да се третираат со постоечки лекови и интервенции, вели д-р Жан Лоран Казанова, раководител на лабораторијата за човечка генетика на инфективни болести Св. Жил од Универзитетот Рокфелер.

Имено, во соработка со голем меѓународен тим истражувачи, како дел од човечкиот генетски напор околу COVID-19, Казанова и неговите колеги идентификуваа антитело кое по грешка неутрализирало еден или повеќе свои IFN протеини во нивното тело кај најмалку 101 од 987 пациенти со COVID-19 ( 10,2 проценти), пишува „Science Alert“.

Ова не е прв пат да видиме сама саботажа на имунолошкиот систем и да престанат интерфероните да ја вршат својата работа правилно. Некои бактериски инфекции често се влошуваат кога производството на антитела во организмот се спротивставува на сопствената одбрана на интерферон. Сличен случај е забележан кај пациенти со лупус или хепатитис.

Шефот на австралискиот оддел во „Covid Human Genomic Effort“, Стуар Танге, вели дека е интересно што 94 проценти од пациентите со овие неутрализирачки антитела биле мажи. Тој наведува дека ова може да објасни зошто мажите се чувствителни на COVID-19.

Друга студија открила дека гените на самите протеини на интерферон исто така можат да работат против интересите на телото. Споредба на гените на 659 пациенти со тешка COVID-19 со 534 лица со асимптоматски или бенигни инфекции, резултираше со идентификување на 13 абнормалности во секвенците за кои се знае дека се составен дел од активноста на IFN антигритеп. Овие мутации на „губење на функцијата“ биле забележани кај само 23 пациенти или околу 3,5 проценти од групата, но истражувањето силно докажува дека дури и кај овој мал дел од популацијата, дефектот на овој критичен имунолошки пат може да биде фатален кај инаку здрав пациент.

Начинот на кој SARS-CoV-2 влијае поинаку на луѓето беше збунувачки. Вирусот може да предизвика инфекција без симптоми и да исчезне тивко, но може да убие и за неколку дена. Измените ја загрозија нивната способност да се заштитат од инфекција со COVID-19 со нарушување на способноста на пациентите да произведат интерферон тип I, вели генетичарот Џон Крисодоло од Детскиот истражувачки институт Мардок во Австралија.

(0 гласови)

Главниот град на Данска, Копенхаген поставува стандарди за „паметни“ градови ширум светот, така што до 2025. година ќе стане првиот град што е целосно карбонски неутрален.

Копенхаген е познат по своите канали, одличната велоиспедска култура, силната економија, вкусните јадења, восхитувачката архитектура и љубезните жители. Тоа е еден од градовите со најсреќни жители, а тоа е воглавно поради пократкото работно време, бесплатното образование, подолгиот годишен одмор и високот ниво на здрава лична интеракција.

Данците дефинитивно знаат да уживаат во животот и држат високи стандарди во се. Нивната вода од чешма секојдневно се тестира, поради што е многу чиста, пријатна за пиење и нема потреба за секојдневно додавање хлор и хемикалии, а достапна е бесплатно на бројните локации во градот.

Копенхаген во 2009. година си постави амбициозна цел кога беше домаќин на COP15 глобалната климатска конференција, а тоа е да им биде мотивација, инспирација и пример на другите градови ширум светот.

Во рамките на Парискиот договор за климатските промени, Европската унија се обврза дека ќе биде карбонски неутрална до 2050. година. Седумнаесет членови на Алијансата карбонски неутрални градови вети дека јаглеродната емисија до 2025. година ќе ја намали за 80 проценти. Главниот град на Данска се обврза дека нема да испушта јаглерод-диоксид во атмосферата. Со други зборови, карбонските емисии се балансираат со еквивалентно количество заштеда на другите места.

Јаглеродната неутралност може да се постигне на два начина:

  • со балансирање на емисијата на јаглен-диоксид со отстранување надвор од природните процеси.
  • Со отстанување или одведување најаглен-диоксид од атмосферата за да се создаде надомест за емисиите на другите места.

За да се намали карбонската емисија, потребно е да се елиминира користењето на јаглен. Јагленот го менува плинот, но тоа е уште едно фосилно гориво. Вистинскиот одговор е имплементација на 100 отсто обновливи енергетски системи.

Целта на Копенхаген да биде јаглеродно неутрален до 2025. година е тесно поврзан со растот, вработеноста и квалитетот на живот.

Овој град во 2014. година стана Главен град на Зелена Европа и претставува модел за „зелената економија“. Данска е одлучна до 2050. година да стане целосно независна од фосилните горива.

(0 гласови)

Френки се чуди и не гледа ништо лошо во тоа како изгледа. 35-годишниот професор од Есон има сериозен проблем пред себе, поради количината тетоважи со кои што го покрил своето тело.

Францускиот професор со име Силвен кој што на социјалните мрежи сите го препознаваат по псевдонимот Френки Худи, станал главна тема на последниот состанок во училиштето затоа што има некои родители на кои што не им се допаѓа неговиот имиџ и сметаат дека може лошо да влијае на нивните деца.

Френки поради тоа го замолиле да престане да работи во градинката, а и со најмладите во училиште, туку само со оние деца кои што се постари од 10 години.

„Мојот изглед е сериозен проблем кај некои луѓе, но не кај многу од нив. Можеби за еден од илјада родители. Значи, станува збор за родители од деца на кои што не им предавам“ - изјавил Френки.

Дали ќе добие отказ поради тетоважите или пак либералното француско општество ќе го толерира ваквиот имиџ на еден професор, останува да се види во наредниот период.

Превземено од tocka.com.mk

Top