(0 гласови)

Ова е само пример табела за нормалната телесна тежина и не заборавајте - мускулното ткиво е потешко од истата количина масно ткиво. Генерално, телесната тежина не е најдобар метод за одредување на подобрувањето на вашето здравје.

(0 гласови)

Еден 44-годишен Британец можеби  е првата личност на светот која се излекувала од ХИВ користејќи ја новата терапија што ја направиле тим на научници од пет британски универзитети.

Научниците рекле за „Сандеј тајмс“ дека вирусот сосема исчезнал од неговата крв и дека, во случај така да остане, тој ќе биде првиот маж кој ќе биде излекуван од ХИВ.

– Ова е еден од првите сериозни обиди да се пронајде комплетен лек за ХИВ. Сега ја истражуваме реалната можност на лекувањето. Ова е голем  предизвик и сè уште е рано, но напредокот е неверојатен – рекол Марк Самуелс, директор на Националниот институт за истражување во здравството.

ХИВ е тешко да се излекува, бидејќи влијае на имунолошкиот систем, сраснува со ДНК и со Т-клетките, така што тие не ја игнорираат болеста, туку ја шират. Антивирусните третмани кои се применуваат во моментот влијаат на тој процес, но не можат да ги откријат заразените Т-клетки, што значи дека телото на пациентот по терапијата продолжува да го репродуцира вирусот.

Новата терапија функционира во две фази – првата е кога вакцината ќе му помогне на телото во препознавањето на клетките кои се инфицирани со ХИВ и потоа ги чисти, а втората кога лекот „вориностат“ ги активира заспаните, скриените Т-клетки за да ги воочи имунолошкиот систем.

Идентитетот на пациентот не е откриен, освен дека работи во Лондон како социјален работник. Тој изјавил дека е „претпазливо воодушевен“ од резултатите.

Повеќе  од 37 милиони луѓе се заразени со овој вирус во светот.

(0 гласови)
Оваа убава Русинка ја проценила својата невиност на околу 152.000 евра, но тоа е само почетната цена од која започнува лицитацијата.

20 – годишната студентка Аријана од Русија ја огласила на интернет својата невиност со чија продажба планира да ги финансира своите студии во странство.
Убавата Русинка ја проценила својата невиност на 130.500 фунти, што е околу 152.000 евра, но тоа е само почетната цена од која започнува лицитацијата.
Својот оглас го објавила на еден од сајтовите за бизнис придружба, откако се обидела на разни начини да набави пари за факултет и сфатила дека овој е најефикасниот.
„Многу студенти се мачат поради парите, па мораат да работат додека студираат за да го финансираат своето образование. Јас сакам да студирам медицина во странство, што ќе биде многу скапо, исто како и животните трошоци“, вели Аријана.


Оваа девојка наведува дека нејзините родители не знаат на кој начин се обидува да ги обезбеди парите за тоа, но дека нема да има проблем да им објасни доколку дознаат.
Таа во овој потфат не е осамена – нејзината најдобра пријателка Лолита исто така сфатила дека ова е најбрзиот начин на стекнување пари, а нејзината невиност чини исто колку и таа на Аријана.

(0 гласови)
Ева (19) и Лукаш (20) од Михаловце, град во источна Словачка, станале вистински интернет ѕвезди благодарение на раскошната свадба од која не би се засрамиле ниту холивудските, а и ниту некои наши домашни ѕвезди.

На нивната свадба не се штедело за ништо, особено не за модниот израз на невестата, на чијашто глава блескала круна вредна 3.500 евра.

По споменатата круна пак, без штедење се ределе банкноти од 50 евра, но тоа е вистинска ситница во однос на она што го добивала музиката...

Музичарите, инаку доведени од Велика Британија, биле почестени со банкноти од по 100 и 500 евра, а невестата била китена со пари буквално како да е новогодишна елка.

Словачките медиуми објавија и дека стапувањето во брак на Ева и Лукаш се славело од петокот до понеделникот, заедно со 80 гости, како и тоа дека свадбата била планирана многу месеци наназад и на неа биле потрошени најмалку 40.000 евра, не сметајќи ги тука парите за "китењето".

Ако судиме според медиумското внимание коешто го добила оваа свадба, во Словачка дефинитивно не се навикнати на вакви раскошни венчавки. Тоа остава простор и да се запрашаме, што би кажале кога би ги виделе свадбите на некои наши "ѕвезди" на коишто се троши и многу повеќе!

(0 гласови)
Ако сте голем љубител на паметните телефони на Apple, тогаш од оваа снимка дефинитивно ќе ве заболи главата...

Тарас Масимук, попознат како TechRax, во својот најнов видео запис на YouTube мрежата одлучил за новиот Apple iPhone да го тестира, такашто ќе го фрли од Бурџ Халифа, највисоката зграда на светот. А тоа значи дека новиот iPhone 7 "летал" од височина од импресивни 829 метри...

TechRax за овој свој експеримент, ако воопшто и може да се нарече така, се искачил на 148-от кат, како оттаму на земја би го фрлил својот iPhone 7 Plus.

А дали новиот iPhone преживеал, и во каква состојба, нема да ви откриваме, туку ќе ве советуваме за до крај да го изгледате видео записот којшто се наоѓа во продолжение:

(0 гласови)

Со обемот на работните часови и недостигот на време за себе, луѓето почнаа да забораваат на важноста на добриот сон, често заменувајќи ги тие 6-8 часа со нешто друго што е поврзано со кариерата.

Многумина пак, сакаат да го минат времето често во спиење, со што си го олеснуваат неделниот стрес со тоа што ќе останат во креветот. Сите знаеме дека спиењето е важно, но може ли некогаш да биде премногу?

spienje-casovi

Колку спиење е премногу спиење?

Многу варијации на препорачани часови за спиење од многу интернет страни би можеле да ве натераат да се запрашате кому да верувате. Од поновите студии направена е нова листа на препораки за должината на спиењето за сите возрасти. Без разлика на која возрасна група припаѓате, ако спиете повеќе часови од горната граница во колоната „Не се препорачува“ во табелата подолу, тогаш спиете премногу.

Што ќе се случи ако спиете премногу?

Прекумерното спиење може да предизвика многу здравствени проблеми.

Дијабетес: можеби е апсурдно да се мисли на дирекна врска меѓу спиењето и дијабетесот, но според студија спроведена на речиси 9000 луѓе од САД се дошло до заклучок дека луѓето што спијат повеќе од 9 часа дневно имаат 50 % ризик да станат жртви на дијабетес во споредба со оние што спијат по 7 часа. Врската останува непроменета за оние што спијат помалку (од 6 часа). Психолошка врска не може да се пронајде, но тоа индицира дека некои основни здравствени проблеми може да го зголемат ризикот од дијабетес.

Прекумерна телесна тежина: ова важи и без мислењето дека да се биде во иста позиција неколку часа доведува до зголемување на телесната тежина. Едно истражување покажало дека луѓето што спијат повеќе од 9 до 10 часа дневно имаат за 21 % поголем ризик да ја зголемат телесната тежина во период од 6 години од оние што имаат нормален сон.

Главоболки: ако спиете повеќе од вообичаено може да добиете главоболки. Многу истражувачи откриле дека прекумерното спиење има неповолен ефект на одредени неуротрансмитери во мозокот  што го вклучува серотонинот кој, како резултат на тоа, може да доведе до акутна главоболка.

Депресија: депресијата исто така се поврзува со прекумерното спиење, при што во спроведените истражувања се покажало дека 15 % од луѓето со депресија спијат премногу, со што ја влошуваат состојбата на депресија.

Болки во грбот: спротивно на популарните верувања, прекумерниот одмор може да предизвика болест. Затоа, обидете се да избегнувате да одите во вашиот кревет секогаш кога чувствувате умор со што би си ја влошиле и онака влошената здравствена состојба. Ако патите од болки во грбот, обидете се со вежбање.

Болести на срцето: прекумерното спиење може да ве фрли во стапица на коронарна срцева болест. Според заклучоците од една студија која вклучила 72000 жени, оние што спиеле од девет до единаесет часа навечер имале за 38 % поголем ризик за срцева болест од жените што следеле нормална рутина.

Како да се изборите со прекумерното спиење?

Следете распоред: следењето на дефинитивен распоред секогаш помага да се држите под контрола. Направете распоред кога да одите во кревет и да станете, и одбегнувајте да бидете несовесни за рутините. Полека и чекор по чекор и телото ќе ви се навикне.

Исполнете ги вишокот на часови мудро: можеби мислите дека да се биде изморен поради напорно вежбање помага да се заспие подобро. Обратно е, вежбањето помага да се стимулира крвта во телото што може да води до несоница. Одбегнете да вежбате три часа пред да одите во кревет.

Освежете се со туширање: туширањето веднаш после будење го подобрува расположението. Ќе се чувствувате помалку уморни само по добро топло туширање.

Мотивирајте се: наместо да прашувате колку спиење е премногу и да бидете загрижени, може да најдете начини да се мотивирате за да станете рано и да го скратите спиењето. Обидете се да мислете на работи кои со нетрпение ќе сакате да ги правите наутро – ТВ програма, доручек или било што сакате. Себе-мотивацијата помага да се разбудите без да размислувате иако не сте утринска личност.

(0 гласови)

Авторот на ова видео тврди дека станува збор за опседнатост, но нам повеќе ни наликува на епилептичен напад. Како и да е, оваа ситуација делува екстремно морничаво, посебно во 1:32 кога се гледа одразот од стаклото на фрижидерот...

(0 гласови)
Фотографија од паркингот на Владата на Србија и Владата на Кралството на Данска предизвикала лавина од реакции и коментари на социјалната мрежа Твитер.

Додека министрите во нашиот сосед се возат во скапоцени автомобили со лични возачи и обезбедување, а голем дел од народот 'трпи за леб', во Данска, држава која нема невработени граѓани, членовите на владата се возат со велосипеди. 

(0 гласови)

Дел од луѓето кои веќе дојдоа до новиот iPhone 7 пријавуваат чуден дефект на овој уред. Во моментите кога процесорот на смартфонот е максимално оптеретен, почнува да прави звук кој потсетува на шуштење.

Звукот што го произведува iPhone 7 кога се активирани премногу апликации одеднаш, прв го забележал Стивен Хакет од сајтот 512 Pixels, а следуваа и уште неколку слични реакции на социјалните мрежи.

Корисниците сметаат дека прегревањето е причината за звукот, но проблемот не се јавува кај сите модели. iPhone 7 во себе го има моќниот A10 процесор, а според некои инфорамции, проблемот е кај една серија, а не во дизајнот на процесорот.

Apple засега не ги коментираше овие информации, но му понудиле замена на Стивен Хекет кој прв го забележал проблемот.

(0 гласови)

Околу 29 милиони возила опремени со дизел мотори кои циркулираат во ЕУ, емитуваат многу повеќе загадувачки супстанции од дозволеното, покажува истражувањето на невладината организација за транспорт и животна средина, објавена по повод првата годишнина од скандалот Фолксваген, пренсува допинсикот на МИА од Париз.

Пред една година, германскиот производител призна дека користи програма за да манипулира со мерките за емисиja на загадувачките гасови при тестирањето.

Ова е само врвот на „сантата мраз”, проценува Транспорт и животна средина (Т&Е), која се обидува со оваа студија да ги „изложи шокантните бројки на ‘валкани’ дизел автомобили на патиштата во ЕУ и слабата регулација на возила од страна на националните власти.

Т&Е собра податоци за 230 модели, од анкетите спроведени од страна на француската, британската и италијанската влада по „Дизелгејтот” и некои јавни бази на податоци. Повеќе од четири од пет возила со Еуро 5 стандарди, кои се продавале во периодот меѓу 2010 и 2014 година, произведуваат повеќе од три пати повеќе од стандарден сет за емисии на NOx (азотни оксиди) во лабораториски тестови, пресмета невладината организација. За Евро6 продавани возила од 2015 година, две третини од нив емитуваат до три пати над дозволената граница.

Франција се наоѓа на врвот по бројот на загадувачките возила: повеќето загадувачките возила, особено во поглед на NOx (азотни оксиди), главно се наоѓаат на патиштата на Франција (5,5 милиони) и Германија (5,3 милиони евра), Велика Британија (4,3 милиони) и Италија (3,1 милиони евра). , Во Шпанија (1,9 милиони евра) и Белгија (1,4 милиони евра).

На врвот на листата на најголеми загадувачи е Рено Дачија, која беше наградена со титула „највалкан” дизел мотор со Euro 5, со емисија на патиштата речиси осум пати повеќе од лимитот за лабораториски испитувања. Следат Ланд Ровер, Хјундаи, Опел (вклучувајќи Шевролет, уште еден бренд група ГМ) и Нисан.

За возилата Евро 6, Фиат (вклучувајќи брендови Алфа Ромео, како и Сузуки, кој дава мотори) се на врвот на подиумот: неговите возила испуштаат и до 15 пати повеќе загадувачки гасови од ограничувањето одредено во лабораторија . Следува Дачија-Рено-Нисан (со 14 пати поголема емисија) и Опел-Воксал и Хјундаи.

Грег Арчер, задолжен за чисти возила кај Т & Е, ја осудува „премолчената согласност” на владите со производители. “Автомобилската индустрија е земена како заложник од нејзините регулатори, и европските држави сега мора да застанат во име на своите граѓани и да престанат со шокантно задушување” на ситуацијата, рече тој во изјавата.

Во ЕУ, останува на земјите-членки да дадат одобрување за модели на автомобили но, исто така, и за да се обезбеди надзор на пазарот и да се наметнат казни ако е потребно. Но, по скандалот Фолксваген, Европската комисија предложи реформа на законодавството за да им даде поголема моќ за контрола и санкции.

Top