Околу 29 милиони возила опремени со дизел мотори кои циркулираат во ЕУ, емитуваат многу повеќе загадувачки супстанции од дозволеното, покажува истражувањето на невладината организација за транспорт и животна средина, објавена по повод првата годишнина од скандалот Фолксваген, пренсува допинсикот на МИА од Париз.

Пред една година, германскиот производител призна дека користи програма за да манипулира со мерките за емисиja на загадувачките гасови при тестирањето.

Ова е само врвот на „сантата мраз”, проценува Транспорт и животна средина (Т&Е), која се обидува со оваа студија да ги „изложи шокантните бројки на ‘валкани’ дизел автомобили на патиштата во ЕУ и слабата регулација на возила од страна на националните власти.

Т&Е собра податоци за 230 модели, од анкетите спроведени од страна на француската, британската и италијанската влада по „Дизелгејтот” и некои јавни бази на податоци. Повеќе од четири од пет возила со Еуро 5 стандарди, кои се продавале во периодот меѓу 2010 и 2014 година, произведуваат повеќе од три пати повеќе од стандарден сет за емисии на NOx (азотни оксиди) во лабораториски тестови, пресмета невладината организација. За Евро6 продавани возила од 2015 година, две третини од нив емитуваат до три пати над дозволената граница.

Франција се наоѓа на врвот по бројот на загадувачките возила: повеќето загадувачките возила, особено во поглед на NOx (азотни оксиди), главно се наоѓаат на патиштата на Франција (5,5 милиони) и Германија (5,3 милиони евра), Велика Британија (4,3 милиони) и Италија (3,1 милиони евра). , Во Шпанија (1,9 милиони евра) и Белгија (1,4 милиони евра).

На врвот на листата на најголеми загадувачи е Рено Дачија, која беше наградена со титула „највалкан” дизел мотор со Euro 5, со емисија на патиштата речиси осум пати повеќе од лимитот за лабораториски испитувања. Следат Ланд Ровер, Хјундаи, Опел (вклучувајќи Шевролет, уште еден бренд група ГМ) и Нисан.

За возилата Евро 6, Фиат (вклучувајќи брендови Алфа Ромео, како и Сузуки, кој дава мотори) се на врвот на подиумот: неговите возила испуштаат и до 15 пати повеќе загадувачки гасови од ограничувањето одредено во лабораторија . Следува Дачија-Рено-Нисан (со 14 пати поголема емисија) и Опел-Воксал и Хјундаи.

Грег Арчер, задолжен за чисти возила кај Т & Е, ја осудува „премолчената согласност” на владите со производители. “Автомобилската индустрија е земена како заложник од нејзините регулатори, и европските држави сега мора да застанат во име на своите граѓани и да престанат со шокантно задушување” на ситуацијата, рече тој во изјавата.

Во ЕУ, останува на земјите-членки да дадат одобрување за модели на автомобили но, исто така, и за да се обезбеди надзор на пазарот и да се наметнат казни ако е потребно. Но, по скандалот Фолксваген, Европската комисија предложи реформа на законодавството за да им даде поголема моќ за контрола и санкции.

Корејскиот изведувач „Псај“ светската јавност го запозна преку неговиот хит „Гангам стајл“ кој се искачи на врвот на топ листите и стана Јутуб сензација. Видеото денес има над 2,5 милијарди прегледи.

Вистинското име на „Псај“ е Парк Ји Санг, а песната со која се прослави влезе и во Книгата на Гинисови рекорди. Дури и Јужна Кореа се најде во центарот на вниманието заради него, а „Псај“ им стана и неофицијален амбасадор на туризамот. По големиот хит следеа неговите две песни „Џентлмен“ и „Хенговер“ кои ниту од далеку не успеаја да му се доближат на успегот на Гангам стајл.

Сепак, Псај призна дека големата слава и тоа како влијаела на него, па се оддал на алкохолот. Во едно интервју, тој неодамна изјавил дека се уште не може да ја искорени зависноста со која веќе со години се бори.

– Вотката е мој најдобар пријател. Кога сум среќен пијам, а кога сум тажен, повторно пијам. Кога врне пијам, а ако има сонце, пак пијам, изјавил тој и додал дека не консумира алкохол единствено кога е мамурен.

psy

„Псај“ имал тешко детство, не се сложувал со својот татко, а во младоста завршил и во затвор заради консумирање на марихуана. Инаку во хитот кој сеуште се слуша, „Гангам стајл“ всушнот претставува елитен кварт во Сеул кој музичарот го исмејува.

– Гангам би можел да го споредам со Беверли хилс бидејќи во него живеат богатите и славните. Но жителите кои од поодамна се во Гангам, никогаш нема да се пофалат со своето потекло, за разлика од новите богаташи кои се опседнати со својот изглед, пари и модата. Јас зборував за тие позери, за луѓето кои очајнички се трудат да бидат нешто што не се, објаснил тој за пораката во неговиот хит.

Папучите кои неодамна ги претстави модната куќа „Гучи“ прилекоа многу внимание и тоа со причина. Тие се исти како косата на Доналд Трамп Направени од животински влакна, овие влечки можат да бидат ваши за 1.800 долари.

Поради прашината која се крена околу нив и нивната сличност со фризурата на американскиот магнат и сегашен кандидат за претседател, папучите засега се распродадени.

Доколку и на вас ви се случило да уринирате повеќе кога е ладно времето, не грижете се, се е во ред со вас. Оваа појава е сосема нормална, но се случува од причина која можеби нема да ја очекувате – феномен наречен ладна диуреза.

Нашето тело има безброј методи на самоодржување, па изложеноста на студ стимулира неколку процеси со цел да не заштити. Кога ни е ладно, ни се случува нешто што е наречено вазоконстрикција, со цел да се одржи температурата на телото. Во суштина, кога крвта поминува низ нашите вени и во близина на кожата, надворешниот студ ја лади, па потоа движејќи се низ телото таа ја намалува нашата телесна температура. За да го спречи ова, телото чува колку што може повеќе крв во средина од телото, каде што може да остане топла. Крвните садови и капилари во нашите екстремитети, односно прстите на рацете и нозете, ушите и носот, се стеснуваат, со што тече помалку крв во тие области.

Постои одреден хормон, наречен анти-диуретик хормон, кој што се намалува доколку расте крвниот притисок. Ова им сигнализира на бубрезите да ја повлечат водата од крвта и да ја чуваат во мочниот меур. Оваа разредена урина во мочниот меур, прави да чувствуваме нагон за мокрење. Уште поинересно е тоа што полниот мочен меур е многу добро место за дополнително губење на топлината, па така телото е нестрприво за да ја исфрли течноста и да ја одржи соодветната телесна температура при ладно време.Меѓутоа, кога телото ги стеснува овие крвни садови, има помалку место за каде крвта да се движи, а исто количество на крв. Ова предизвикува крвниот притисок да се зголеми. Па тогаш започнува ладната диуреза. Бидејќи телото претпочита да се одржува топло без да се зголеми крвниот притисок, ќе се обиде да го намали на некој друг начин. Постои мала количина на вода во крвта, па телото всушност ја истиснува таа вода, за да го балансира притисокот.

Не постојат многу луѓе кои ја проучуваат сложеноста на мокрењето, но има и неколку други предлози за тоа зошто луѓето уринираат повеќе кога е ладно времето. Една идеја тврди дека за тоа се одговорни аквапорините- протеини кои помагаат при транспортот на вода преку клеточните ѕидови. Во суштина, кога сме изложени на ладно време, аквапорините се инхибираат низ телото, со што е невозможно клетките да ја преземат водата, оставајќи повеќе од неа во крвта. Потоа, повторно, телото ќе се обиде да го балансира притисокот, извлекувајќи ја водата од крвта и складирајќи ја во мочниот меур.

Друга студија пак, трвди дека ладната диуреза е потикната со зголемување на хидростатскиот притисок на водата која што е поблиску до кожата, кој што ја присилува течноста да дојде поблиску до средината на телото, каде што најпогодно е да се складира во мочниот меур, што ни предизвикува мокрење.

Објаснувањето може едноставно да е само ладна диуреза, или некоја комбинација од сите овие природни процеси на телото. Најдобриот начин за да се спречи или да се влијае на оваа нормална реакција на телото е да се пијат помалку течности кога времето е студено.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) ги забрани антибактериските сапуни бидејќи тие не се подобри, почисти или побезбедни од обичните сапуни.

„Потрошувачите можеби мислат дека антибактериските средства се многу поефикасни во спречувањето на ширењето на бактериите, но ние немаме научни докази дека тие се подобри отколку обичниот сапун и вода. Всушност некои податоци укажуваат на тоа дека може да направат повеќе штета отколку добро во текот на подолг период“ – изјавува Џенет Вудкок, директор на Центарот на ФДА за проценка и истражување на лекови, во соопштенитето на агенцијата.

Оваа забрана се однесува на производи со 19 активни состојки, вклучувајќи ги триклосанот и триклокарбонот – два широко употребувани агенси.

Едно истражување објавено во списанието за Антимикробна хемотерапија во септември 2015 г. направило споредба помеѓу сапуни кои содржеле триклосан и обични сапуни, во лабораториски тестови и на рацете на луѓето.

Истражувачите ги изложиле луѓето на еден вид честа бактерија која може да влијае кај оние со ослабен имунолошки систем, па потоа тие ги измиле рацете со триклосан и со обичен сапун. Притоа, не е откриена никаква разлика помеѓу овие два сапуни.

Во лабораториски тестови, истражувачите исто така изложиле 20 различни видови на бактерии на сапун кој содржел триклосан за да видат дали можат да направат некаква штета. Откриле дека биле потребни 9 часа за да се покажат антибактериските ефекти, што е многу подолго отколку 20-те секунди, што ги препорачуваат Американските центри за контрола и превенција на болести, за да се измијат рацете.

И повеќе други истражувања покажале дека миењето на раце со антибактериски сапуни не ги отстранува бактериите или ги спречува болестите повеќе отколку миењето со обичен сапун. Тие едноставно само работат на различен начин. Додека обичните сапуни механички ги отстрануваат бактериите од нашите раце, антибактериските содржат хемикалии кои ги убиваат бактериите или го спречуваат нивниот раст.

Woman washing her hands (Photo by: BSIP/UIG via Getty Images)

Американската администрација за храна и лекови прв пат го регистрирала триклосанот во 1969 г. и оттогаш оваа хемија е додавана во премногу сапуни, козметики и производи за чистење. Истражувањата покажуваат дека не само што претставува подеднакво ефикасна замена за обичните сапуни, туку всушност може и да е полоша.

Триклосанот може да ја зголеми бактериската отпорност на антибиотици, влијае на регулирање на хормоните кај животните и ги убива алгите. Застапен е во толку многу производи што истражувањето покажува дека со миењето преминува во канализациите и се натрупува во езерата и потоците. Тоа е дел од она што предизвика Минесота да стане првата држава која ја забрани оваа состојка во 2014-тата година.

Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди безбедноста на триклосанот во мали количини, истражувањата досега покажале дека не постојат предности.

Сега, откако ФДА го забрани триклосанот и сличните антибактериски состојки, се надеваме дека хемикалиите ќе престанат да се натрупуваат во животната средина.

Facebook соопшти дека и официјално стартувале со тестирање на опцијата за енкрипција на пораките со што треба да се заштити приватноста на комуникацијата на корисниците. Во Messenger ќе се воведе можност за комуникација еден на еден со целосна енкрипција и пораките ќе може да се прочитаат само на тој уред, па дури ниту Facebook ќе нема пристап до нив.

Исто така ќе биде поставен и тајмер и сами ќе може да одлучите во колкав период вашата порака ќе биде достапна за прикажување на примачот што ќе создаде навистина таинствена комуникација која може самата да се уништи по одредено време.

Европската унија (ЕУ) претстави план за инвестирање на 120 милиони евра за поставување на бесплатен безжичен пристап до интернет во парковите и плоштадите во градовите ширум Европа.

Исто така, Европската комисија (ЕК) предложи развивање на стандардизиран план са обезбедување на покриеноста со 5Г мобилен интернет до 2020 година.

Една од целите на таканаречениот 5Г Акционен план е ЕУ да избегне повторување на бавното и фрагментирано покривање со 4Г/ЛТЕ мрежа.

„Акциониот план може да вклучува инвестирање во автоматизирани возења, испорака на стока со беспилотни летала, како и виртуелна реалност за одредена професионална соработка“, се наведува во соопштението.

Исто така, ЕК го претстави планот за ажурирање на законот за авторски права во обид да обезбеди фер плати за новинарите, авторите и креаторите на аудиовизуелни содржини кои својот труд го дела онлајн. ЕУ ќе се обиде и на научниците да им овозможи пристап до академска литература на интернет.

Мразот на Арктикот се намалил ова лето на второто најниско ниво, откако научниците почнале да ја следат неговата состојба преку сателит, што, како што наведуваат, е уште еден страшен сигнал за глобалното затоплување.

Националниот центар за податоци за снегот во Колорадо соопштил дека мразот во саботата достигнал најниска точна ова лето со 4,14 милиони квадратни километри, а помалку изнесувал само во 2012. година - 3,39 милиони квадратни километри.

 


Директорот на Центарот, Марк Серез, рекол дека не би бил изненаден доколку Арктикот всушност остане без мраз во летото 2030. годишна, што би влијаело на меѓународната безбедност.

Тој додал дека е зголемен вкупниот опаѓачки тренд и дека нема знаци на подобрување.

Предупредувањето од ФБИ, дека сите би требало да ги покријат веб камерите на своите компјутери за да спречат да бидат предмет на шпионирање, го поддржа и директорот на оваа институција Џејмс Коми, дополнувањети дека тоа е „разумна работа“ која луѓето можат да ја направат.

Ако вебкамерата остане отворена, тоа значи дека хакери можат да влезат во неа и да гледаат се што корисниците прават, тврдат експертите за безбедност, јавува „Гардијан“.

Претходно оваа година, беше потврдено значењето на овие тврдења откако се појавија фотографии на кои основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг ја покри камерата на својот компјутер.

Директорот на ФБИ изјави дека сите канцеларии на американската Влада ги покриваат веб камерите и оти истото би требало да го направат и обичните граѓани.

Со своето најново беспилотно летало „Breeze“ со многу ниска цена, компанијата „Yuneec“ всушност не продава дронови, туку селфиња. Ова беспилотно летало е алатката со која ќе добиете едноставни, уникатни и видео-селфиња.

Се’ уште нема објавено многу информации во врска со дронот, но она што го знаеме е дека дронот би имал 4К камера, избегнување на судир и пет различни автоматски поставки. Со објавена цена од 500$ и рекламна кампања главно наменета за младите, фокусот е да се „уловат“ моментите долу на земјата, наместо да се истражува небото горе.

Па дали нашиот пазар би ги подржал овие дронови за селфи? „Yuneec“ го гледа светот како место каде што дроновите би биле секојдневни, како што се заштитните кациги во скејт парковите, па ни останува да видиме што ни носи иднината.

Top