(0 гласови)

Иако речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите тврдат дека е оправдано да се носат маски и на отворено иако постои мал ризик од зараза.

Носењето маски на отворено пред се се однесува на настани каде што луѓето стојат премногу блиску еден до друг, не можат да држат дистанца и подолго време разговараат како политички собири или забава на отворено.  

Од почетокот на пандемијата студиите најмногу потврдуваа зараза во затворени простори како ресторани, домови, фабрики, канцеларии, конференции и јавен превоз.

Една од 7000-те спроведени студии објавена во април потврдила зараза на отворено - станува збор за двајца Кинези од рурални подрачја.

Во студија спроведена на 25.000 случаи, која сè уште не е рецензирана, приближно 6 отсто од случаите се поврзуваат со инфекција на отворено како спортски настани или концерти.

Станува збор за области во кои не се почитувалa физичката дистанца или каде што луѓето престојувале некое време и се движеле наоколу, гласно зборувајќи или пеејќи.

„Не идентификувавме буквално ниту еден случај кој би го поврзале со таканаречениот секојдневен живот на отворено“, вели авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери.

Податоците од студијата укажуваат на тoа дека за истите активности и дистанцата, отворениот простор е многу побезбеден отколку затворениот. На ова истражување работеле британски, американски и германски научници.

„Ризикот од пренесување е значително помал на отворено затоа што ослободените вируси побрзо се разредуваат во атмосферата“, напишале експертите, споредувајќи го вирусот со чадот од цигари.

Најмалите честички кои вирусот може да ги пренесе – аеросолите, можат да лебдат во воздухот неколку минути или часови, во зависност од проветреноста на просторијата. Акумулацијата на овие честички е можна во просторија со слаба вентилација. Тоа е, на пример, исто така можно во тесен простор помеѓу две згради каде нема циркулација на воздухот.

„Не е познато точно колкава количина аеросол е потребна за инфекцијата, но колку е поголема количината, толку е поголема и можноста за инфекција“, вели Стив Елеџ, генетичар и експерт за вируси на Харвард.

Времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор. Една секунда не е доволна за да се зарази и веројатно се потребни барем неколку минути.

Во теорија, инфекцијата е можна и при разминување на луѓето на отворено.

„Нема докази ни дека коронавирусот се пренесува од луѓе кои се разминуваат на отворено. Кога се разминуваме со луѓе, можно е да „собереме“ малку од нивното издишување. Ризикот е многу мал, но од принципот на претпазливост, маската не може да штети“, изјави Линзи Мар, експерт за трансмисија на вируси од универзитетот „Вирџинија Тек“.

Постојат премногу варијабли за да може точно да се пресмета колкав е ризикот од инфекција на улица или во парк. Тоа зависи од ветерот, но и од сончевите ултравиолетови зраци кои го деактивираат вирусот, пренесува „France24“.

Сè упатува на тоа дека ризикот е мал, но маските се сепак најефикасна безбедносна стратегија.

„Случајниот минувач на улица може да кивне токму во моментот додека се разминува со вас“, сликовито објаснила Кристал Полит, професорка по епидемиологија на Јеил.

(0 гласови)

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад.

Од друга страна, Роспотребнадзор наведува дека во Русија не е идентификуван нов вид на вирус.

Норвешкиот таблоид Верденс Ганг објави дека е откриена нова мутација на коронавирусот во Норвешка во Трондхајм на северот на земјата, пренесува Тасс.

 „Русија, сепак, не идентификува нов вид на коронавирус што би можел да биде суштински различен од оној што циркулира во други земји“, соопшти надзорниот орган за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор.

Се наведува дека Русија систематски ја проучува генетската разновидност на САРС-КоВ-2 верзиите во оптек, како и дека повеќе од 150 геноми се декодираат месечно.

„Добиените податоци се користат за да се анализира релевантноста на системите за дијагностички тестови и да се помогне во идентификување на увезените случаи и да се проценат регионалните карактеристики на генетската разновидност на САРС-КоВ-2. До денес, во Русија не се изолирани соеви кои би можеле драстично да се разликуваат од оние познати во други земји”, се наведува во соопштението.

(0 гласови)

Србин и Босанец се уапсени и осудени на три години и четири месеци затвор поради грабеж во продавница на "Gucci" кога украдоа стока во вредност од 200 илјади евра.

Грабежот се случи на 11-ти ноември 2019-та година во местото Пјеве дел Каиро во италијанскиот регион Ломбардија. Пред шест месеци „Карабињерите“ успеаа да ги пронајдат и уапсат Србинот и Босанецот кои живееле во Милано, за кои се сомнева дека се лидери на банда од четири лица кои го ограбиле бутикот.

На снимката од надзорните камери која ја објавија италијанските медиуми може да се види како криминалците со автомобил влетуваат во продавницата.

Тие за точно четири минути успеаа да украдат пари и стока во вредност од 200 илјади евра. Засега не е познат за останатите двајца учесници во кражбата.

(0 гласови)

Луѓето со крвна група 0 имаат блага предност во однос на останатите пациенти, кога станува збор за новиот коронавирус, покажало данското истражување. За нив ризикот од зараза од вирусот е помал отколку кај луѓето со другите крвни групи.

Најновото научно истражување покажало дека крвната група има улога во отпорноста на човекот од новиот коронавирус. Данските научници откриле дека луѓето со крвна група 0 имаат поголема отпорност на SARS-CoV-2, а тоа би можело да има одредена улога кога на ред ќе дојде распоредувањето на вакцината против Ковид-19.

Истражувањето го спровеле дански научници од Универзитетот Архус во јужна Данска, а биле користени податоци од 470.000 Данци тестирани на новиот коронавирус.

Откриено било дека луѓето со крвна група 0 потешко се заразуваат од Ковид, за разлика од луѓето со крвна група А, Б и АБ. Поточно, шансите за зараза се 13 отсто помали во споредба со останатите.

„Тоа е возбудлив резултат кој што покажува дека нешто се случува помеѓу вирусот и нашите крвни групи. Треба тоа повеќе да се истражи“ - изјавил д-р Ларс од тамошната универзитетска болница.

Причината за отпорноста на луѓето со 0 крвна група од коронавирусот засега е непозната, па научниците планираат да направат понатамошни истражувања за да го откријат тоа. Тоа откритие би можело многу да допринесе во борбата со Ковид-19.

„Не знаеме да објасниме, но од примерите на другите заразни болести знаеме дека можеби постои поврзаност помеѓу крвната група и заразата“ - изјавил данскиот професор Торбен Барингтон.

Според неговите зборови, ова откритие би можело да одреди кој прв треба да ја добие вакцината против Ковид-19, кога истата ќе се произведе.

(0 гласови)

Гугл додава нова опција „hum to search“ за мобилните уреди со која може да го регистрира пеењето или свиркањето на корисникот за идентификување на песните.

Опцијата се активира кога корисникот ќе запраша „која е оваа песна?”, по што треба најдобро што може да ја испее или исвирка песната која ака да биде препознаена од Гугл. Потоа, Гугл ги пребарува песните и дава резултати за кои пребарувачот утврдил дека се најблиски до она што го бара корисникот.

Од компанијата истакнуваат дека алгоритамот за машинско учење го трансформира звукот во секвенци, по што го  споредува со другите мелодии и пробува да ја пронајде најсличната. Новата опција е достапна во апликацијата Google и на iOS и на Андроид или со клик на неодамна додаденото копче „search a song“. Апликацијата засега поддржува дваесетина јазици.

Со оваа опција, Гугл оди чекор понапред во обидот да го неутрализира најпопуларниот сервис за пронаоѓање песни „Shazam“ со нивната нова и уникатна услуга за корисниците.

(0 гласови)

Анализата покажала дека најмирољубивите нации се оние кои што имаат моќна валута, голема количина храна која што ја одгледуваат, пониска каматна стапка, политичка стабилност, но и лично чувство за среќа.

Институтот за економија и мир направил анализа на 163 држави ширум светот и територии во кои што живеат 99.7 отсто од популацијата за да ги избере најмирните места за живот.

Листата е направена врз основа на: социјалната сигурност, количината внатрешни и меѓународни немири и стапка на милитаризација.

Веќе 10 години по ред титулата за најмирна земја на светот ѝ е доделена на Исланд. Во државата која што брои 365.000 жители и која што нема своја војска. Тие имаат ниска стапка на злосторства во земјата, висока стапка на вработеност, импресивен образовен систем.

Речиси 97 отсто од жителите се вбројуваат во средна или висока работничка класа. Тие исто така брзо реагираа и на првиот бран на коронавирусот и ги затворија своите граници за да го намалат ширењето на вирусот.

Нов Зеланд се најде на второто место на листата, а на третото место е Португалија која што го надминува просекот на индустријализирани земји по број на жители, рамнотежа на приватниот и професионалниот живот, лична сигурност.

Инаку, најголемиот број на држави кои што се наоѓаат на оваа листа се европски. Покрај Исланд и Португалија, на листата се наоѓаат и Австрија, Чешка, Данска и Швајцарија. Шестото место е резервирано за Канада, седмото за Сингапур, а на деветтото се наоѓа Јапонија.

10 најсигурни држави за живот за 2020-та година:

1. Исланд
2. Нов Зеланд
3. Португалија
4. Австрија
5. Данска
6. Канада
7. Сингапур
8. Чешка
9. Јапонија
10. Швајцарија 

(0 гласови)

Ризикот од изложеност на коронавирусот за време на лет со авион е многу мал, се вели во студијата на Министерството за одбрана на САД.

Кога пациент кој седи носи маска, просечно 0,003 проценти од честичките на воздухот во зоната на дишење околу главата на една личност се заразни, дури и кога секое место е зафатено, се вели во студија што може позитивно да влијае на авионската индустрија.

Тестирањето е со претпоставка дека во авионот има само едно заразено лице и не го симулира влијанието на движењето на патниците.

Студијата, извршена на летовите на „Јунајтед ерлајнс“ со Боинг 777 и 767, покажува дека маските помагаат во минимизирање на изложеноста на инфекција кога некој кашла, дури и ако е на соседното седиште.

– Овие резултати значат дека шансите да се заразите со Ковид во авион на Јунајтед ерлајнс се речиси непостоечки, дури и ако авионот е полн, изјави претставник на компанијата.

Студијата проценува дека патник ќе мора да биде во авион 54 часа со заразено лице за да се зарази.

Истражувањето траеше шест месеци и опфати 300 тестови за време на 38 часа лет и 45 часа тестирање на земја.

Plane travel and coronavirus (COVID-19): Do health experts recommend  passengers wear face masks on planes?

(0 гласови)

Без разлика дали сте имале „тешка настинка“ минатата зима или неодамна сте се бореле со кашлица која не престанува, природно е да се прашувате дали можеби сте имале Ковид-19 без да бидете свесни за тоа. Особено сега кога експертите за инфективни болести велат дека вирусот веројатно веќе се ширел пред градовите да започнат да воведуваат карантин и пред да бидат воведени мерки за спречување на ширењето на вирусот.

„Како одминуваше времето, стана јасно дека се работи за вирус кој е распространет низ целиот свет, особено во понаселените области“, вели др. Вилијам Шафнер, специјалист за инфективни болести.

Дали можеби сте биле заразени со Ковид-19, а да не сте знаеле? Можно е.

„Повеќето луѓе кои имаат коронавирус имаат полесни случаи на инфекција и не можат да се разликуваат од настинка или грип“, објаснува експертот за заразни болести Амеш А. Адаља, од Центарот за здравствена безбедност на Џон Хопкинс.

Покрај тоа, некои луѓе воопшто немаат симптоми – до 40 проценти од инфицираните, според проценките на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC).

За жал, не постои начин со апсолутна сигурност да се утврди дали болеста со која се соочивте минатата зима била Ковид-19 или неодамна сте имале асимптоматски случај.

Експертите велат дека некои знаци може да бидат сигнали дека можеби веќе сте имале Ковид-19.

Сте имале „тешка настинка“

На почетокот на пандемијата, луѓето веруваа дека Ковид-19 се појавил во некои земји многу пред февруари или март. Новото истражување на Универзитетот во Тексас го посочува спротивното.

Истражувачите анализирале брисеви од грло земени минатата зима од луѓе за кои постои сомневање дека имаат грип. Овие брисеви биле земени во Вухан и Сиетл.

Истражувачите откриле дека на секои два случаи на грип, имало еден случај на Ковид-19. Како резултат на тоа, тие веруваат дека Ковид-19 веројатно пристигнал во САД некаде околу Божиќ.

Без тест, било тешко да се разликува настинка од лесна форма на Ковид-19, во зависност од тоа какви симптоми имате, вели Адаља, но настинката обично не предизвикува отежнато дишење, сериозни главоболки или гастроинтестинални симптоми, кои може да ги предизвика Ковид-19.

Го изгубивте чувството за мирис и вкус

Губењето на мирис и вкус е еден од симптомите на Ковида-19. Иако овој симптом не се јавува кај сите, д-р Адаља посочува дека сега тој е цврсто поврзан со новиот коронавирус.

Важно е да се знае дека е можно привремено да се изгубат овие сетила за време на други респираторни состојби, како што се настинки, грип, синусни инфекции, па дури и за време на сезонски алергии.

Но, експертите истакнуваат дека овој симптом, дури и по закрепнувањето од Ковид-19, кај некои луѓе може да трае со месеци.

Необјаснето опаѓање на косата

Иако овој симптом не е широко проучуван, многу луѓе кои се опоравиле од коронавирусот, пријавуваат проблеми со опаѓање на косата.

„Малку е веројатно дека едноставно би изгубиле повеќе коса отколку вообичаено, без да имате други симптоми на Ковид-19, како што се кашлица или треска“, вели д-р Адаља.

Исто така е важно да се напомене дека опаѓањето на косата може да се случи поради стрес, вели тој, и сите знаеме дека пандемијата исто така донесе голема количина на стрес.

Останувате без здив

Студија објавена во списанието ЈАМА откри дека луѓето со коронавирус можат да ги почувствуваат последиците на вирусот, вклучително и отежнатото дишење. Не е целосно јасно зошто се случува ова или колку долго може да трае, но веројатно се должи на воспалението на градите.

„Ова е едно од познатите долгорочни ефекти кај луѓето со дијагностициран Ковид-19“, вели др. Шафнер.

Продолжена кашлица

Продолжената кашлица е уште еден симптом за кој дискутираат учесниците во студијата ЈАМА. Кашлицата е често сува, што значи дека со неа не се појавува слуз, вели др. Адаља.

Ова е прилично чест симптом. Податоците на CDC откриле дека 43 проценти од луѓето кои имале Ковид-19 сепак кашлале од 14 до 21 ден откако добиле позитивен тест за вирусот.

Постојан замор

Според студијата на ЈАМА, ова е еден од најчестите долгорочни симптоми откако едно лице ќе преживее Ковид-19. Ова го покажало и истражување кое открило дека 53 проценти од пациентите рекле дека се борат со замор дури и 60 дена откако првпат ги почувствувале симптомите на вирусот.

„Гледаме некои луѓе кои имале лесна форма на болеста, а кои сè уште се чувствуваат уморно некое време“, вели др. Адаља и додава дека во моментот не е целосно јасно зошто се случува ова.

Може да биде начин на кој имунолошкиот систем реагира на вирусот или едноставно начин на кој вирусот делува во организмот.

Имајте на ум дека заморот е навистина чест проблем и може да биде знак на многу различни здравствени проблеми, вклучувајќи, се разбира, недоволно спиење.

Други причини

Се разбира, има многу други компликации за кои експертите можеби дури и не знаат.

Ако се чувствувате лошо и симптомите ви се трајни, д-р. Шафнер вели дека е добра идеја да се посети лекар, без оглед дали мислите дека е поврзано со Ковид-19 или не, пишува Prevention.

Иако сите овие симптоми може да бидат показател дека сте имале Ковид-19, тие исто така можат да бидат предизвикани од други болести.

„Секако е познато дека продолжената кашлица и замор можат да бидат резултат на грип – само затоа што ги имате не значи дека сте имале Ковид-19“, вели др. Шафнер.

Во секој случај, важно е да продолжите со практицирање на превентивните методи, како што се носење маска, редовно миење на рацете и одржување на пропишаното физичко растојание за да се заштитите себеси и другите.

(0 гласови)

Актерката Кончата Ферел, најпозната по улогата на помошничката Берта во серијата „Два и пол мажи“, почина на 78-годишна возраст.

Како што јавува „Deadline“, таа починала вчера поради компликации кои настапиле по застојот на срцето кој го претрпела. 

Зајадливата Берта во ситкомот на „CBS“ беше еден од омилените ликови на гледачите, а од неа на социјалните мрежи се опрости и долгогодишниот главен актер Чарли Шин.

„Таа беше апсолутно мила, вистинска професионалка и искрена пријателка, а ова е шокантна и болна загуба. Берта, твоето грижење за домот беше дискутабилно, но твоето грижење за луѓето беше совршено“, напишал Шин на Твитер.

Како што пишуваат странските медиуми, Кончата починала опкружена со членовите на своето семејство во болницата Шерман Оукс во истоимениот округ. Таа од 1986 година била во брак со Арни Арденсон со кој ја има 38-годишната ќерка Саманта.

Нејзините здравствени проблеми започнале во мај, кога завршила во болница поради инфекција. По неколку дена доживеала застој на срцето поради што била 4 недели на интензивна нега. Во јули била преместена на оддел за долготрајна нега.

Ферел беше 3 пати номинирана за наградата „Еми“.

(0 гласови)

Андре Луи Аизиер, првиот сопруг на француската прва дама Брижит Макрон, на кој по разводот му се изгубило секаква трага, починал во месец декември минатата година, открила за колумна во Париз Тифани, нивното најмладо дете.

Андре Луи Аизиер и Брижит Макрон се венчале во 1974-та година, а набрзо потоа добиле три деца: Себастиан, Лауренсе и Тифани.

По неколку години семејна среќа, бракот влегол во турбулентен период откако Брижит, тогашна наставничка по книжевност, го запознала Емануел Макрон.

Таа со својот ученик многу разговарала за книжевноста и театарот, а помладиот Макрон признал дека нешто чувствува кон неа. Иако чувствата биле взаемни, Брижит имала семејство кое што не сакала да го остави, па нивната врска со Макрон била дисктерна.

 

За крајот на нивниот брак пресудил Андре, кој што поднел документи за развод, а го завршиле во 2006-та година. Следната година Брижит се венчала со Макрон.

По разводот од Брижит, Андре одлучил целосно да се повлече. Пред претседателските избори во 2017-та година, новинарите се обиделе да најдат некаква трага од него за да добијат некое интервју, но никој не успеал во тоа.

Дури и веста за неговата смрт долго била чувана во тајност, сè до 8-ми октомври кога неговата помлада ќерка Тифани во колумна открила дека поранешниот сопруг на првата дама на Франција починал кон крајот на минатата година.

 

„Мојот татко е мртов. Го погребавме во најстрога тајност на 24-ти декември. Го обожував, беше посебно суштество, некомформист кој што ја ценеше својата анонимност. Тоа мора да се почитува“ - објаснила Тифани во колумната.

Поранешниот сопруг на француската прва дама бил погребан на гробиштата Пјер-Лашез во Париз, познати како вечно почивалиште на Џим Морисон и Оскар Вајлд.

Top