(0 гласови)

Жена која намерно кашлала врз храна во продавница во Пенсилванија ќе се соочи со кривична пријава, соопштила полицијата.

Неименуваната жена влегла во продавница на ланецот “Gerrity’s Supermarket” во градот Хановер Тауншип и почнала да кашла врз пекарските производи, месото и останатата роба, напишал косопственикот на ланецот, Џо Фасула, на Фејсбук. 

Вработените морале да ја отстранат робата од рафтовите и да ги дезинфицираат местата на кои жената кашлала, а се проценува дека робата вреди околу 35.000 долари. Персоналот брзо ја отстранил жената од продавницата, а полицијата неколку часа подоцна ја пронашла и ја притворила, пренесува “CNN”.

“Службениците не веруваат дека жената е заразена со коронавирус, но соопштиле дека ќе направат сè за таа да биде тестирана”, напишал Фасула.

Како што вели тој, иако се верува дека тоа што го направила е само една болна шега, продавницата морала да го фрли секој производ со кој жената имала контакт и заедно со локалните инспектори да го провери и дезинфицира просторот во кој се движела.

“Апсолутно ми е мака поради изгубената храна. Секогаш е штета да се фрла храна, а во ова време кога луѓето се загрижени дали ќе има доволно залихи, тоа е уште повознемирувачко”, навел косопственикот.

Сè уште не е познато со кои обвиненија ќе се соочи жената откако ќе заврши психијатриската процена, но американското министерство за правда претходно соопшти дека луѓето кои намерно шират коронавирус ќе бидат обвинети за тероризам.

(0 гласови)

Симптомите на вирусот Ковид-19 се со широк спектар, а бидејќи во повеќето земји бројот на тестови е недоволен, постојат луѓе кои го прележале коронавирусот, а не влегле во официјалната статистика бидејќи истиот не им бил дијагностициран.

Но, дали е можно да знаете дали сте го прележале? Одговорот на ова и слични прашања ги дал д-р Вилијам Хилмaн. 

Дали постои начин да дознаам дали сум го прележал коронавирусот?

Во овој момент не постои тест кој би го утврдил тоа. Развиваме тестови со кои би можела да се потврди претходна инфекција, но тие сè уште не се на пазарот. Единствениот начин да знаете дека навистина сте биле заразени е да сте се тестирале и да сте добиле позитивен резултат.

Дали сум можел да бидам заразен, а да не сум почувствувал симптоми?

Коронавирусот има широк спектар на симптоми. Има луѓе кои немале никакви симптоми на коронавирус, а биле заразени, има и такви кои поминале со полесни симптоми како обична настинка (течење на нос, затнат нос, болно грло), со симптоми на сезонски грип (болни мускули, краток здив, висока температура и кашлица) па сè до оние кои поради тешки симптоми морале да бидат хоспитализирани.

Колкав е процентот на асимптоматски пациенти?

Една студија од Исланд која тестирала голем дел од популацијата покажала дека околу 50 отсто од луѓето кои се тестирале и добиле позитивни резултати немале никакви симптоми.

Дали асимптоматските луѓе се заразни?

Да, голем број асимптоматски луѓе се заразни одреден период, но сè уште не се знае колку точно. Луѓето воглавно се заразни два дена пред појавата на симптоми, како и додека симптомите се видливи. Заразни се и неколку дена по исчезнувањето на симптомите – некои дури и неколку недели по повлекување на симптомите.

Дали асимптоматските лица треба да се однесуваат поинаку?

Апсолутно не. Дури и доколку верувате дека сте го прележале вирусот, придржувајте се до пропишаните мерки – изолирајте се, држете дистанца од другите и преземајте ги сите мерки кои ги препорачува вашата држава. Ако верувате дека сте го прележале вирусот, известете ги сите оние со кои сте биле во контакт во текот на претходните две недели.

 

Можам ли повторно да се заразам доколку сум го прележал вирусот?

Досега нема официјални докази дека некој се заразил два пати. Кога ќе го прележите, во зависност од вашиот имунолошки систем можете да изградите имунитет на вирусот одреден период, можеби околу една година, а во некои случаи дури и доживотно – заклучува д-р Хилман за “The Guardian”.

(0 гласови)

Топлата вода и сапунот или детергентот со леснотија ја отстрануваат нечистотијата и се доволни за отстранување на поголемиот дел микроби.

Меѓутоа, во вакво време на пандемија или доколку во домот живеете со лица со слаб имунитет, сигурно ќе сакате да ја зголемите хигиената.  

Домашната дезинфекција можете да ја направите со обично евтино дезинфекциско средство. Направете го сами така што ќе измешате избелувач (хлор) со обична вода и тоа во размер – 3 лажички избелувач на 4 литри вода.

Водете грижа да не ставате ништо повеќе во овој раствор, особено не оцет или амонијак! Можете да користите и раствор од алкохолен оцет или хидроген пероксид – или едно или друго – растворено во вода во сличен размер. Но, напоменуваме – никако не мешајте оцет со хидроген!

Ставете го растворот во шише со распрскувач и задолжително отворете ги прозорците пред да започнете со чистење. Попрскајте ги површините кои сакате да ги дезинфицирате и оставете да отстојат 3 до 5 минути. Потоа пребришете со вода и оставете да се исуши или избришете со сува крпа.

 
 
Ако морате да излегувате од домот, по враќањето задолжително пребришете ги следните предмети:

1. Кваките на вратите и прекинувачите за светло

2. Рачките од чантата и детските ранци

3. Гелендерот и оградата на терасата

4. Закачалките за облека

5. Фиксниот и мобилниот телефон

6. Далечинскиот управувач за телевизор

7. Клучевите и привезоците

8. Рачките од чадорите и нивните футроли

9. Ракавиците – ако е можно користете ракавици кои се перат

10. Паричниците и несесерите

(0 гласови)

Заедниците кои што живеат во топлите места имаат компаративна предност во успорување на пренесување на коронавирусот инфекцијата, покажале претходните анализи на научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс.

Истражувачите откриле дека поголем дел од пренесување на коронавирусот се случило во региони кои што се со ниски температури, помеѓу 3 и 17 целзиусови степени.

Додека земјите со екваторијална клима и оние на јужната хемисфера, каде што моментално е средина на лето, пријавиле случаи на коронавирус, регионите со просечна температура над 18 степени целзиусови претставуваат 6 отсто проценти помалку од глобалните случаи досега.

„Каде што температурите беа пониски, бројот на случаи почна брзо да се зголемува“ – изјавил Касим Букари, од „МИТ“ кој што е коавтор на истражувањето.

 

Треба да поминат од четири до шест седмици за здравствените научници да имаат појасна слика за тоа како временските услви го обликуваат прашањето на коронавирусот...

Фактот дека коронавирусот се шири во јужните делови на планетата покажува дека овој вирус е поотпорен на топло време од грипот и другите респираторни вируси кои што се ширеле во минатото.

Поради тоа од СЗО и понатаму ги повикуваат земјите итно и агресивно да делуваат за да се обидат да го задржат вирусот додека бројот на случаи е мал, а блиските контакти лесно можат да се пронајдат и да станат карантински.

 

(0 гласови)

Новата хрватска Мис Универзум, Мирна Наиа Мариќ, понеделникот го поминала во разурнат стан на нејзини пријатели.

Мирна „се фатила“ за метлата и лопатата и собирала делови од ѕидот кој се распукал од земјотресот кој го погоди Загреб во недела во 6:24.

„Им помагам на пријателите после земјотресот“, напишала убавата Мирна.

(0 гласови)

Новинарот му поставил непријатно прашање на овој доктор, го прашал: „Дали ова е крајот на светот?“...

Британскиот професор Хју Монтгомери, директор на UCL Институтот за здравје при Лондонскиот универзитет, ја објаснил разликата помеѓу ‘обичниот’ грип и коронавирусот...

„Доколку имам вообичаен грип тогаш јас ќе заразам 1.3 – 1.4 луѓе во просек. Доколку тоа тие го пренесат понатаму, тоа е круг на пренесување. Но, доколку се создадат десет такви кругови на пренесување, тогаш јас ќе бидам одговорен за околу 14 случаи на заразени од грип. Овој, коронавирус е многу заразен, така што секоја една личност во просек заразува уште тројца други. Е сега, тоа на прв поглед не изгледа како некоја голема разлика, но доколку секојдневно од тројца пациенти се заразуваат нови тројца, па по 10 ‘слоеви’ пренесувања јас ќе бидам одговорен за 59.000 инфицирани луѓе!“.

 

Професор Монтгомер објаснил дека поголемиот дел од луѓето ќе се чувствуваат добро или пак ќе имаат некои поблаги симптоми, но вирусот и понатаму ќе продолжи да се шири.

Некои од нив ќе се разболат, во просек 10 дена откако биле заразени, ќе мора да одат во болница каде што ќе добијат третман, а симптомите можеби и ќе им се влошат. Доколку се случи тоа, тогаш истите ќе мора да бидат преместени на Интензивна нега.

„И тука се, доколку се сериозно болни, ќе бидат во заблуда дали ќе бидат спасени или пак не. Ако имаме лимитирани средства, како што имаме досега, лимитиран број на респиратори, медицински работници, луѓето нема да можат да добијат адекватна нега“.

 

На прашањето, “дали ова е крајот на светот?“, докторот одговорил:

„Не, мора да запомнеме едно нешто. Ќе биде грозно, страшно за одреден број луѓе, но ќе биде мал процентот на оние кои што сериозно ќе заболат и уште помал процентот на оние кои што ќе мора да бидат пренесени на Интензивна нега. И можеме да спасиме животи во голем број. Но, ве молам, запомнете најдобрата шанса која што можеме да им ја пружиме на луѓето е доколку имаме доволно кревети, медицински персонал... Доколку сте несериозни и баш ви е гајле дали ќе заболите од коронавирусот, запомнете – не станува збор за вас, туку за сите други кои што се околу вас!“.

 

(0 гласови)

„Не патував надвор од мојата земја, ниту пак бев во контакт со некој кој што е заразен од коронавирусот“ – истакнала оваа 28-годишна жена.

Иако оваа мајка имала добра физичка способност, сепак истата се заразила со коронавирусот па поради тоа сега таа им испрати порака на сите млади, а ситуацијата во која што се нашла ја опишува вака: „Како ѓаволот да беше влезен во мене“ – пренесуваат од „The sun“.

Медицинските сестри, Џејми Багет, веднаш ја ставиле на респиратор во изолациска болничка соба на помалку од седум дена, веднаш откако ѝ бил дијагностициран коронавирусот.

Џејми сега е на домашно лекување и во самоизолација, но се плаши дека би можела да го разболи својот 8-годишен син.

„Не патував надвор од нашата земја, ниту пак сум била во контакт со некој кој што бил заболен од коронавирусот“ – изјавила Џејми па додала:

„Во добра кондиција сум. Често одам во теретана и се хранам здраво. Симптомите брзо ескалираа“.

Џејми, која што има астма, напоменала дека на почетокот од овој месец имала симптоми па отишла на доктор сомневајќи се дека е инфицирана.

„Имав симптоми на настинка, температура и чувствував мачнини. Докторот ми препиша антибиотици и неколку денови подоцна се чувствував подобро. Меѓутоа, и понатаму ме мачеше кашлицата. Добив воспаление на белите дробови и ми беше дијагностициран коронавирусот“.

„Ужасно ме болеше. И додека кашлав ја чувствував истата болка. Беше непрекината низ целото тело, а најмногу ја чувствував во градите. Како некој да ме избодел со нож, а сето тоа траеше“.

„Откако сум дома имам болка во градите и сè уште кашлам. Меѓутоа, многу сум подобро. Син ми е прекрасен. Ми помага и ми носи сè што ми е потребно. Баш е храбар, но сепак се плашам за него. Не покажува симптоми, но сепак јас сум анксиозна“ – истакнала Џејми.

(0 гласови)

Mногумина ги интересира како изгледа тестирањето за коронавирусот.

Токму ова го открива 34-годишната руска тенисерка Светлана Кузњецова, која објави видео на Инстаграм, каде токму неа ја тестираат.

На видеото може да се види како медицинско лице ѝ зема брис за тест, прво од двете ноздри, потоа од грлото, а на крајот ги става брисевите во специјализирана амбалажа и ги носи за понатамошни анализи.

 

 

Крајните резултати на Кузњецова се негативни.

(0 гласови)

Сите знаеме што овие денови задолжително треба да правиме – често да ги миеме рацете, да ги дезинфицираме местата кои често ги допираме и никако да не го допираме лицето. Меѓутоа, дали сте се запрашале дали тоа би имало некаков ефект ако го правиме сето ова, а да не ги чистеме нашите мобилни телефони?

Не треба посебно да се објаснува поради што мобилниот телефон е легло на бактерии и зарази, туку само потсетник дека луѓето го носат во тоалет, го ставаат во џебови и торби, го користат во јавниот превоз и цело време ракуваат со него.

Ако не сте знаеле, просечниот човек го зема мобилниот телефон 2600 пати во еден ден и го користи околу 76 пати. Тоа е повеќе од лоша вест во време кога правиме се што можеме за да спречиме ширење на коронавирусот. Од друга страна, во моментов токму мобилниот е средство со кое луѓето се повеќе се во контакт од вообичаеното.

Секако, особено треба да посветите внимание на најмладите кои користат мобилни телефони за играње игри или гледање цртани филмови и кои често без размислување го допираат лицето – очите, устата…

Затоа сега се поставува прашањето како да го исчистите мобилниот телефон?

Клучот е да се спречи течноста да влезе во самиот телефон. Со други зборови, потребно е да се заштитат сите отвори на уредот.

Apple советува нивните уреди да се чистат со крпа од микрофибер натопена во вода со сапуница, а потоа додадаваат дека и марамчињата за дезинфекција ќе бидат ефективни.

– Избришете ги нежно уредите со марамчиња со 70 проценти алкохол. Тоа се однесува и на нашите други производи, како што се монитори, тастатури или други површини – Apple ве предупредува да внимавате на отворите и да се осигурате дека не влегува вода во нив, како и да не користите избелувачи.

Меѓутоа, бидејќи не постои гаранција дека ќе ги убие сите бактерии, некои сметаат дека мешавина од алкохол и вода е најдобра. Се разбира, потребно е внимателно да ги следите упатствата наведени на производот.

Ако се одлучите за влажни марамчиња, проверете да не содржат избелувач или други абразивни средства.

Отстранете ја маската, исклучете го уредот и избришете го од сите страни и обрнете внимание на помалите и потешките достапни места.

Кога мобилниот телефон целосно ќе се исуши на воздух, вратете го во заштитната маска. Не заборавајте после чистењето на мобилниот телефон да ги измиете рацете!

(0 гласови)

Покрај толку многу години во стегите на самотијата, во сопствените мисли – тој најдобро знае за тоа што нè чека на сите во наредните седмици и месеци.

Што е тоа вистинска самоизолација најдобро знае Италијанецот Мауро Моранди кој веќе 30 години е единствениот жител на островот Будели во близина на Сардинија.

Во изминатите неколку седмици, неговата колиба била прикладно изолирано место од кое може да се набљудува глобалната криза со коронавирусот.

Моранди, поранешен учител, стигнал на островот Будели покрај крајбрежјето на Сардинија случајно, додека се обидувал да отплови од Италија за Полинезија пред околу 31 година.

Се заљубил во кристално чистата вода и недопрената природа, коралниот песок и зајдисонцето, па одлучил засекогаш да остане таму.

 

 

„Многу читам и размислувам. Мислам дека многу од луѓето се плашат да читаат затоа шт доколку го направат тоа ќе почнат да мислат и да медитираат, а тоа може да биде опасно. Доколку почнете да ги гледате работите во поразлично светло и да бидете критични тогаш би можеле да видите како го живеете вашиот живот или колку сте лоша личност и какви лоши работи сте направиле“ – вели овој човек.

Моранди ја пропатувал цела Европа, па на крајот останал на овој остров.

„Едноставно повеќе не ми се патуваше. Сфатив дека најубавите, најопасните и најинтересните патувања се оние во нашата внатрешност, без оглед на тоа дали седите во вашата дневна соба или пак пред колиба на некој остров“ – заклучил тој.

Тој има 81 година, а во меѓувреме добил репутација на “италијанскиот Робинзон Крусо“.

Но, и понатаму следи вести и знае што се случува во Италија и во останатиот дел од светот.

 

 

Тој вели дека со оглед на тоа што се случува во останатиот дел од светот, тој се наоѓа на “најсигурното место на Земјата“. Исто така тој сакал да сподели и неколку совети како најдобро да се справите со самоизолација:

„Добар сум и не се плашам“ – вели тој за „Си-ен-ен Травел“ по пат на мобилен телефон кој што е негова врска со надворешниот свет.

„Тука се чувствувам сигурно. Овој остров ми нуди заштита. Нема никаков ризик. Никој не доаѓа, па дури ниту еден брод не може да се види оттука“ – вели тој.

Тој исто така посочил дека самоизолацијата е одлична прилика за луѓето да се позанимаваат со себеси – со својата душа. Тој вели дека во текот на зимата седи во својот дом, а во текот на летото шета низ островот. Него не му е јасно зошто луѓето не можат да издржат две седмици самотија.

 

 

Top