Историски чекор: Од 2019-та година секој автомобил на Волво ќе има електричен мотор

Огромен исчекор кон целосната електрификација на автомобилите направи Волво соопштувајќи дека секој автомобил на шведската компанија од 2019-та година ќе има електричен мотор.

Со ваквиот потег, шведскиот производител на автомобили означува крај на производството на автомобили кои што располагаат исклучиво со „стандардниот“ мотор со внатрешно согорување.

Наведеното не значи дека целосно ќе исчезнат таквите мотори, но сепак факт е дека ова претствува одлучен чекор на Швеѓаните, или како што се вели - „еден од најзначајните меѓу сите производители на автомобили кон целосната електрификација“. Тоа значи дека Волво покрај тоа што ќе произведува електрични автомобили, дел од својата „флота“ ќе ја продава со хибридни мотори.

 

„Побрувачката на електрични автомобили е во пораст, а ние сме подготвени да одговориме на актуелните и идните барања на нашите клиенти. Сега можете да го изберете било кој електричен Волво“, изјави првиот човек на компанијата Хекан Самуелсон.

Се додава дека во периодот од 2019-та до 2021-ва година, од Волво треба да се очекуваат пет целосно електрични автомобили од кои што три ќе бидат исклучиво на Волво, додека два ќе бидат high-performance автомобили на брендот Polestar.

 

„Рековме дека нашиот план е до 2025-та година да продадеме еден милион електрични автомобили. Кога го рековме тоа, тоа и го мислевме, а ова е начинот на кој што ќе го направиме тоа“, изјави Самуелсон.

loading...