Копенхаген до 2025. година ќе стане првиот јаглеродно неутрален град

Главниот град на Данска, Копенхаген поставува стандарди за „паметни“ градови ширум светот, така што до 2025. година ќе стане првиот град што е целосно карбонски неутрален.

Копенхаген е познат по своите канали, одличната велоиспедска култура, силната економија, вкусните јадења, восхитувачката архитектура и љубезните жители. Тоа е еден од градовите со најсреќни жители, а тоа е воглавно поради пократкото работно време, бесплатното образование, подолгиот годишен одмор и високот ниво на здрава лична интеракција.

Данците дефинитивно знаат да уживаат во животот и држат високи стандарди во се. Нивната вода од чешма секојдневно се тестира, поради што е многу чиста, пријатна за пиење и нема потреба за секојдневно додавање хлор и хемикалии, а достапна е бесплатно на бројните локации во градот.

Копенхаген во 2009. година си постави амбициозна цел кога беше домаќин на COP15 глобалната климатска конференција, а тоа е да им биде мотивација, инспирација и пример на другите градови ширум светот.

Во рамките на Парискиот договор за климатските промени, Европската унија се обврза дека ќе биде карбонски неутрална до 2050. година. Седумнаесет членови на Алијансата карбонски неутрални градови вети дека јаглеродната емисија до 2025. година ќе ја намали за 80 проценти. Главниот град на Данска се обврза дека нема да испушта јаглерод-диоксид во атмосферата. Со други зборови, карбонските емисии се балансираат со еквивалентно количество заштеда на другите места.

Јаглеродната неутралност може да се постигне на два начина:

  • со балансирање на емисијата на јаглен-диоксид со отстранување надвор од природните процеси.
  • Со отстанување или одведување најаглен-диоксид од атмосферата за да се создаде надомест за емисиите на другите места.

За да се намали карбонската емисија, потребно е да се елиминира користењето на јаглен. Јагленот го менува плинот, но тоа е уште едно фосилно гориво. Вистинскиот одговор е имплементација на 100 отсто обновливи енергетски системи.

Целта на Копенхаген да биде јаглеродно неутрален до 2025. година е тесно поврзан со растот, вработеноста и квалитетот на живот.

Овој град во 2014. година стана Главен град на Зелена Европа и претставува модел за „зелената економија“. Данска е одлучна до 2050. година да стане целосно независна од фосилните горива.

Top