Речиси три четвртини од земјите во светот ќе имаат енергија само од обновливи извори до 2050 година. Ова е амбициозно предвидување на нов патоказ за 2050 кој пресметува поместување кон иднина ослободена од емисии на гасови, па со сето тоа би се креирале и нови работни места, би се намалиле трошоците за здравје и клима, а би се помогнало и во спасување на планетата од глобално затоплување.  Пресметките ги направиле 30 научници кои имаат задача да ги анализираат способностите на 139 земји кои би транзитирале на 100% енергија што произлегува од ветер, вода и сонце, во наредните 3 децении. Тие сметаат…
Русија изградила 170 километри од гасоводот „Турски тек“ по дното на Црното Море, соопшти рускиот министер за енергетка, Александар Новак. „Проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, чија цел е јакнење на енергетската безбедност на Турција и на ЕУ како целина, успешно е имплементиран. Во мај годинава изградбата на гасоводот започна во близина на рускиот брег на Црното Море. Моментно се изградени 170 километри од гасоводот“, изјави тој во Измир. „Турски тек“ е новиот гасовод за извоз на гас од Русија до Турција по дното на Црното Море. Се гради на местото на „Јужен тек“, кој Русија престана да го…
Глобалното затоплување може да предизвика големи проблеми, а последниот во низата би можел значително да ја промени природната средина на Арктикот. Од морските длабочини на површината во најскоро време ќе избијат милиони кубни метри метан. Експертите на Томскиот политехнички универзитет откриле дека во близина на брегот на Русија на Ледениот океан значително пораснал процесот на топење на подводниот вечен мраз, соопштила прес-службата на Универзитетот.  Само по себе, процесот на топење на подводниот вечен мраз, како што тврдат научниците, е тотално безопасен. Меѓутоа, понатамошните природни механизми кои може да ги повлече со себе, се смртоносни за целиот живот во околината: на…
Огромен исчекор кон целосната електрификација на автомобилите направи Волво соопштувајќи дека секој автомобил на шведската компанија од 2019-та година ќе има електричен мотор. Со ваквиот потег, шведскиот производител на автомобили означува крај на производството на автомобили кои што располагаат исклучиво со „стандардниот“ мотор со внатрешно согорување. Наведеното не значи дека целосно ќе исчезнат таквите мотори, но сепак факт е дека ова претствува одлучен чекор на Швеѓаните, или како што се вели - „еден од најзначајните меѓу сите производители на автомобили кон целосната електрификација“. Тоа значи дека Волво покрај тоа што ќе произведува електрични автомобили, дел од својата „флота“ ќе ја…
Франција има намера до 2040 година да ја запре продажбата на возила на бензин и дизел и да стане јаглеродно неутрална десет години подоцна, рече министерот за екологија Николас Хуло, на претставување на мерките со кои би се одржало темпото на Парискиот климатски договор. Францускиот претседател Емануел Макрон сака да ја поттикне имплементацијата на договорот за борба против климатските промени откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од договорот постигнат во францускиот главен град во 2015 година. Возилата на бензин и дизел претставуваат околу 95,2 отсто од францускиот возен парк, додека електричните возила држат 1,2 отсто од пазарот, додека хибридните…
Дали сте знаеле дека не сите исклучени електрични уреди всушност престануваат да црпат струја во моментот кога ќе го притиснете „црвеното копче“? Ќе се изненадите колку многу работи ви „крадат“ електрична енергија дури и кога се исклучени: Кога полначот е во струја, иако мобилниот не е приклучен Полначот собира електрична енергија дури и тогаш кога мобилниот не се полни. Модемите за дигитална телевизија Не е тајна дека модемите за дигитална телевизија црпат енергија дури и откако ќе ги исклучите. Телевизор Очигледно, телевизорот никогаш не е исклучен, туку е само на sleep mode. Компјутери и лаптопи Дури и кога се исклучени,…
Врвниот научник и професор од МИТ универзитетот постигна едно намалување на тврдењата на квази – науката за глобалното затоплување за која вели дека е врз основа на пропаганда, во која се наведува дека “97 отсто од статистичкиот консензус” е целосно фарса и лажен. Др. Ричард Линдзен вели дека повеќето научници не се согласуваат со тоа дека емисиите на Јаглеродниот диоксид се причина за климатските промени. “Тоа беше раскажувањето од почетокот,”  рече Линдзен. “Во 1998 година, [Џејмс – НАСА] Хансен направи некои нејасни забелешки. Њусвик одеше кон градење на таа покривка која вели дека сите научници се согласуваат. Но тие никогаш…
Еден од 10 луѓе на Земјата немаат пристап до вода за пиење, а тоа е причината зошто уметникот Ап Верхеген последната деценија работи на решавање на проблемот со недостигот на вода. Тој и остатокот од тимот на компанијата SunGlacier неодамна ја тестираа нивната идеја за произведување вода од сувиот воздух на најсувото и нaјжешкото место на планетата Земја – пустината Сахара. Тие успешно го спроведоа тестот со нивните Desert Twins, дизајнирани специјално за проектот.   Desert Twins се два уреди од кои едниот прави вода, а во другиот се собира соларна енергија. Целиот процес се базира на кондензација. Секако дека…
loading...