Изум кој може да ви спаси живот: Во случај на пожар, само застанете на него и тој ќе ве одведе на безбедно место

Системот за евакуација наречен “Nerigo” е направен во Јужна Кореја и истиот би можел да спаси илјадници животи во случај на евакуација. 

Станува збор за лифт кој се поставува на терасата од зградата и со помош на кој сите станари можат брзо и безбедно да се евакуираат во случај на евентуален пожар или некои други непредвидени ситуации.

 

Nerigo” функционира благодарение на хидраулика, па затоа за истиот не е потребна електрична енергија.

Сè што треба е само да застанете на платформата, по што таа полека ќе почне да се спушта надолу.

 

Погледнете го видеото: