Невиден луксуз: Најскапиот њујоршки пентхаус!!!

 

Како што знаете и самите, цените на недвижнините во Њујорк се толку високи, што дури и оние кои ги соборуваат рекордите ретко го привлекуваат вниманието на јавноста.

Речиси и станавме имуни на фактот дека становите и куќите во овој град се проценети на десетина милиони долари. Сепак, кога веќе знаеме дека пентхаусот во зградата Вулворт ќе биде достапен за купување – ситуацијата значително се менува. Тој може да биде ваш дом доколку можете да одвоите 110 милиони долари. 

Пред неколку години, компанијата Alchemy Properties купила триесет горни катови од овој облакодер по цена од 68 милиони долари и го започнала процесот на редизајн. Пентхаусот за кој станува збор е вистинска палата која е сместена во круната на зградата, со површина од околу 1000 квадратни метри. Наречен е Pinnacle и истиот нуди поглед кон целиот Њујорк.

Зградата во готски стил во која се наоѓа овој пентхаус е вистинско ремек-дело и не веруваме дека некогаш ќе биде изграден ваков објект кој е сличен на неа.

 
 
 
 
 
 

 

loading...