Погледнете ја куќата која Сандра Булок ја продава за 5,7 милиони евра

За само шест милиони евра би можеле да живеете како холивудската глумица Сандра Булок. Имено, таа ја ставила на продажба својата прекрасна куќа со приватна плажа и тоа за 5,7 милиони евра заедно со целиот мебел.

Оваа куќа се протега на 3,360 метри квадратни со голема кујна, домашна теретана, кошаркарско игралиште, базен и приватен влез на плажа. Куќата се наоѓа на островот Тајби. 

Сместена е на плажа која има речиси три хектари. Главната куќа има четири спални соби и дневна соба со камин, кујна и пространа трпезарија.

 

Новите сосптвеници во својот дом ќе имаат и домашна теретана која исто така има пространа соба за рекреација со маса за пинг-понг.

Исто така, идните купувачи може да уживаат во вечера на отворено или да се одмараат и читаат книги на лулашката. Тремот надвор од дневната соба и трпезаријата гледа кон базенот и големиот зелен двор. Исто така има приватен и безбеден пристап на плажата.

 

Покрај главната куќа се наоѓа и пансион со три спални соби кој има дневна соба од отворен тип, трпезарија и кујна со камин.

Сандра оваа куќа ја купила во 2001 година за 1,49 милиони долари.

 
 
 
 

 

Top