“Ѕирнете” во најлуксузната куќа во САД: Чини 250 милиони долари!
Милионите коишто холивудските ѕвезди ги даваат за живот во огромните куќи со десетина, никогаш употребени соби, никогаш мокри бањи и никогаш извалкани кујни, не се ништо во споредба со новата куќа наменета само за милијардерите.
 

Холивудскиот бизнисмен Брус Маковски вели дека досега никој не правел куќа за милијардери, туку дека досега ги задоволувале потребите единствено само на милионерите, па тој на Бел Ер изградил здание коешто чини неверојатни 250 милиони долари. Маковски е инаку бизнисмен кој богатството го стекнал со продажба на дизајнерски чанти и луксузни имоти.

А ако ја добие бараната цена, што и не е невозможно, се работи за куќа којашто ќе биде убедливо најскапо продадената куќа во САД и тоа за повеќе десетина милиони долари.

Маковски вели дека од вилата којашто се простира на 3.500 квадратни метри буквално “течат” единствено само квалитет и луксуз, а истата може да си ја дозволат околу 3.000 најбогати Американци.

Како што вели самиот, изградбата на објектот траела четири години, а тој веќе и лично разговарал со половина од потенцијалните купувачи. Маковски вели дека куќата е “неверојатно луда”, а еве и што се се наоѓа на имотот и што се пристига во пакетот:

● 12 спални соби
● 21 бања
● Три кујни
● Пет барови
● Хелиодром (хеликоптерот е вклучен во цената)
● Ексклузивен поглед на Лос Анџелес
● Гаража во којашто се наоѓаат луксузни возила вредни 30 милиони долари
● Седум-члена послуга платена за период од две години
● Кино со 40 места
● Базен со бар и мини-кино сала
● 130 уметнички дела и инсталации
● Куглана со четири патеки
● Фитнес центар, спа и студио за масажа
● “Ѕид со слатки” вреден 200.000 долари
● Десетина мотоцикли
● Телевизор со дијагонала од девет метри

Секако, оваа вила нуди и многу повеќе од тоа, па токму затоа, сместете се удобно, бидејќи следниов видео запис дефинитивно ќе ве пренесе во некоја друга димензија...