Брендот Adidas уште од 2015 година произведува патики кои се изработуваат од пластика, извлечена од океаните и преработена во компанијата “Parley for the Oceans”. Сега тие одат чекор понапред и произведуваат нов неуништлив модел кој има за цел да го намали собирањето на пластичниот отпад во светот.  “Futurecraft Loop” се нови револуционерни патики кои се изработени од термопластичен полиуретан за повеќекратна употреба, немаат потреба од никакви лепила за спојување и во целост се исплетени и вплетени во подлогата. Патиките се креирани така што секој нивен дел може повторно да се искористи, а визијата на Adidas е засекогаш да завршат со…
Екипата на “Agazzi Designs” на “Kickstarter” собира средства за својот паметен ранец во кој имаат вградено скенер за отпечатоци на прсти и уште неколку интересни работи. Биометриските начини за потврда на идентитетот ги има веќе на сите модерни паметни телефони и други уреди, но ретко се користат кај останатите геџети. Токму тоа сака да го промени екипата на “Agazzi Designs”, инсталирајќи ваков скенер на својот паметен ранец. Овој ранец е отпорен на вода и има капацитет од 23 литри. Дизајниран е за да може внатре да се стави лаптоп, таблет и други електронски уреди. Има осветлување, вградена екстерна батерија за…
За само шест милиони евра би можеле да живеете како холивудската глумица Сандра Булок. Имено, таа ја ставила на продажба својата прекрасна куќа со приватна плажа и тоа за 5,7 милиони евра заедно со целиот мебел. Оваа куќа се протега на 3,360 метри квадратни со голема кујна, домашна теретана, кошаркарско игралиште, базен и приватен влез на плажа. Куќата се наоѓа на островот Тајби.  Сместена е на плажа која има речиси три хектари. Главната куќа има четири спални соби и дневна соба со камин, кујна и пространа трпезарија.   Новите сосптвеници во својот дом ќе имаат и домашна теретана која исто…
Карактеристична градба која има пет кули кои се инспирирани од водите на фјордот Вејле и околните ридови, кои се единствените глетки во данската, инаку прилична рамна сценографија. "Брановите" кои доминираат во Вејле можат да се видат од воз, од улица или од реката во деветтиот по големина град во Данска кој е сместен на југоистокот на полуостровот Јутланд. Архитектонското чудо инспирирано од фјордот Вејле со текот на годините стана еден од препознатливите симболи на градот, но и Данска.  Во текот на денот белите бранови на станбената зграда се рефлектираат во водата, а кога ќе падне мрак, градбата изгледа на планина…
Оваа година заврши едно од најдобро организираните Светски првенства во историјата на фудбалот. Русите се покажаа како одлични домаќини и ги прибраа сите пофалби од целиот свет. Сега на ред доаѓа Катар, кој во 2022 година ќе биде домаќин на фудбалскиот Мундијал. Катарците ќе испишат историја со тоа што ќе бидат првата земја од арапскиот свет која го организира планетарниот фудбалски собир. Сепак тие сакаат да бидат и првата земја која ќе испише историја во секоја категорија, од публика и посетеност, приходи и заработка, екстрагавантост и луксуз.
Првите профили на Инстаграм се отворија во октомври 2010 година и после тоа оваа мрежа стана една од најпопуларните во светот. На бројни познати личности Инстаграм им е омилената мрежа каде со своите фанови споделуваат моменти од нивните приватни животи и секојдневието. На фотографиите имаат вртоглави бројки на лајкови, а некои се истакнуваат и со популарноста.    Од дваесет можни профили со најмногу лајкови, далеку на првото место се најде Кајли Џенер која со првата фотографија од својата ќерка собра 18 милиони лајкови во рок од неколку дена.   Потоа следува Џастин Бибер кој во јули со фотографија ја објави веридбата со Хејли Болдвин и заработи…
Милионите коишто холивудските ѕвезди ги даваат за живот во огромните куќи со десетина, никогаш употребени соби, никогаш мокри бањи и никогаш извалкани кујни, не се ништо во споредба со новата куќа наменета само за милијардерите.   Холивудскиот бизнисмен Брус Маковски вели дека досега никој не правел куќа за милијардери, туку дека досега ги задоволувале потребите единствено само на милионерите, па тој на Бел Ер изградил здание коешто чини неверојатни 250 милиони долари. Маковски е инаку бизнисмен кој богатството го стекнал со продажба на дизајнерски чанти и луксузни имоти.А ако ја добие бараната цена, што и не е невозможно, се работи…
Од големите куќи и шик апартмани во космополитски градови до историски замоци во оддалечени земји, патниците имаат пристап до ретки и луксузни апартмани благодарение на сервисите кои изнајмуваат недвижности за туристи. И верувале или не еден од тие лускузни апартмани во далечните земји се наоѓа во Скопје. Како што вели престижниот магазин Форбс за сите оние кои бараат нешто лускузно и надреално ова е апартман инспиран од Салвадор Дали. Изнајмувањето на апартманот чини 44 долари, а во цената е вклучен приватен лифт и паркинг. Погледнете ги фотографиите од овој простор кои го предизвика светскиот интерес:
Top