Детскиот сон за пронаоѓање на скриено богатство му се остварил на еден пар од Њујорк, кога во градината од својот дом пронашле метален сеф полн со злато, дијаманти и банкноти.

Богатството од 52 илјади долари кое тие го пронашле им припаѓа на нивните соседи кои биле ограбени пред седум години. Метју и Марија Емануел го пронашле сефот кога најмиле работници да им посада ново дрво во градината. Тие четири години живееле во домот потполно несвесни што се крие во нивната градина. 

 

Дури кога елен ги изел остатоците од старото дрво, тие ја забележале металната кутија.

“Не знаевме дека станува збор за сеф, мислевме дека внатре има некои кабли за електрична енергија”, објаснил Метју.

 

Работниците ја извадиле кутијата, а внатре биле пронајдени златни прстени, вклучувајќи и веренички прстен, банкноти од по 100 долари и полускапоцени камења.

“Беше неверојатно. Внатре стоеше лист со адресата на нашите соседи. Тропнав на нивната врата и ги прашав дали биле ограбени, а тие го потврдија тоа. Госпоѓата беше во шок бидејќи полицајците ѝ кажале дека никогаш нема да ги види своите работи”, изјавил тој. 

 

Полицијата известила дека грабежот се случил во 2011 година и притоа бил украден сефот. Марија изјавила дека многумина ја прашале дали ќе го вратат пронајденото богатство, но таа не се двоумела.

“Тука нема прашања, работите не се наши”, изјавила таа.

Да се биде сведок на дипломирањето на сопственото дете е едно од најубавото и најемотивното чувство за еден родител. Но, не секогаш тоа е лесно за детето, особено кога се соочува со сите големи предизвици кои ги носи светот на возрасните.

24 годишниот жител на Тексас, Ханс Муџика е еден од тие студенти кои поминале низ премногу препреки додека студирале, но секогаш се фокусирале на едно нешто - да ги направат своите родители горди. 

"Додека бев средно не бев толку многу посветен ученик", признава Ханс, објаснувајќи како неговото академско патување било само во негови раце и дека на прв поглед не го сфатил тоа сериозно. Тој бил суспендиран од факултет и кога тоа му го соопштил на неговите родители сфатил дека треба да направи пресврт.

 

"Нивните лица беа тажни и разочарани. Последниот пат кога ги погледнав со таков израз беше кога мојот постар брат почина", кажа Муџика.

"Си ветив дека никогаш повеќе нема да направам нешто што би предизвикало таков израз на нивните лица", истакна студентот.

 

И тогаш започнал со напорна работа и стигна до своето диломирање. Беше далеку од лесно, но Ханс го преживеа секој предизвик, бидејќи беше сосема посветен и стравуваше дека повторно би ги разочарал неговите родители.

 

На денот на своето дипломирање, тој им направил изненадување на своите родители кое буквално ги расплачи. Ова емотивно видео стана вирално на Интернет, а можеби и ќе биде мотивација за останатите студенти да студираат и бидат благодарни за жртвата која родителите ја даваат за нивна едукација.

 
 

 

Корисниците на интернет објавиле повеќе од шест милиони твитови во саботата за венчавката на принцот Хари и поранешната американска актерка Меган Маркл, што е многу повеќе отколку за свадбата на Вилијам и Кејт.

 

Најсподелениот твит, на @LucySempey, прикажува фотографија од младата Меган пред Бакингемската палата.

Во описот стои: "Еден ден имате 15 години и позирате пред Бакингемската палата, а 22 години подоцна се мажите за принц. Надреално".

Вонземјанскиот живот би можел да постои во други универзуми, вели групата научници која ја проучува мистериозната сила позната како "темна енергија".

Претходните теории сугерирале дека нашиот универзум има совршена количина на темна енергија, која делува против гравитацијата и го тера космосот забрзано да се шири. Се сметало дека поголема брзина би предизвикала рапидно ширење, што ѕвездите и планетите немало ни да стигнат да се формираат. 

Теоријата за повеќе универзуми, која се појавила во 80-тите години од минатиот век, зборувала дека "за среќа, имаме мала количина" од таа сила во универзумот. Но, научниците од Универзитетот Дарам сега тврдат дека овие небесни тела сеедно би се формирале дури и кога универзумот би имал 100 пати повеќе темна енергија од нашиот. Тие со помош на компјутерска симулација покажуваат дека другите универзуми, ако постојат, веројатно имаат форми на живот. 

"Создавањето на ѕвезди во универзумот е борба меѓу привлекувањето на гравитацијата и одбивањето на темната енергија", вели славниот професор Ричард Бауер. 

"Ние откривме во нашите компјутерски симулации дека универзумите со многу повеќе темна енергија од нашиот можат да создадат ѕвезди. Зошто тогаш во нашиот универзум има толку малку темна енергија? Мислам дека би требало да побараме нов закон по физика кој ќе ја објасни оваа чудна појава во нашиот универзум", рекол Бауер. 

Овие истражувања се објавени во два поврзани трудови во списанието "Monthly Notices of the Royal Astronomical Society", а симулациите се направени со помош на проектот "EAGLE - Evolution and Assembly of Galaxies and their Environments", кој најреалистично го мапира Универзумот за кој знаеме. 

Општоприфатена е теоријата дека нашиот универзум настанал по големата експлозија. Многу научници сметаат дека тоа значи дека универзумот во некои подрачја и натаму се шири и дека тоа станува бесконечно. Така се создаваат неограничен број на други универзуми, кои имаат планети како Земјата, општества, држави, па дури и поединци кои се наша слика и прилика. 

Едно младо момче од Пакистан преживеало вистински хорор кога татко му и браќата му ги ископале очите, бидејќи сакал да се ожени по свој избор.

22-годишниот Абдул Баки на своето семејство му ја изразил својата желба да се ожени со девојката со која е во врска. Момчето ги замолило да однесат понуда за брак во куќата на девојката, но тоа не им се допаднало на неговите браќа и неговиот татко, кои му ги ископале очите. 

"Барав од татко ми и браќата да се оженам со девојката со која сум во врска", рекол Баки и додал дека неговиот татко најпрво се согласил.

"Три часа подоцна тој и моите четворица браќа ме одведоа во соба каде ме заврзаа за кревет и почнаа да ми ги вадат очите", рекол тој.

"Кога завршија ги молев да ме убијат, но тие велеа дека сакаат да бидам пример за другите деца во селото".

Баки во владината болница брзо го префрлиле други роднини, кои биле известени за инцидентот од соседите. Докторите само потврдиле дека Баки повеќе нема да може да гледа.

 

Роден како син на столар, Џим Редклиф (65) некогаш живеел во социјален стан близу Манчестер, а денес е најбогатиот човек во Велика Британија.

Неговиот татко водел фабрика која произведувала лабораториски мебел, а мајка му работела како книговодител. На почетокот од својот живот, Редклиф живеел многу скромен живот со своето семејство. 

Според пописот кој е објавен во “Sunday Times”, богатството на овој основач на хемиската компанија “Ineos” се проценува на 21,05 милијарди фунти односно околу 24 милијарди евра, пренесува “BBC”.

Минатата година, богатството на Редклиф вредело 15 милијарди фунти, односно околу 17 милијарди евра. За само една година, вредноста пораснала за околу седум милијарди евра.

Најбогатиот Британец, покрај големото богатство е познат и по учеството на експедиции на Северниот и Јужниот пол и трчањето на маратони.

На листата на најбогатите Британци на второто место се најдоа браќата Хиндуја, Сри и Гопи, кои “тежат” 20,64 милијарди фунти односно околу 23 милијарди евра, а на третото место е поранешниот британско-американски индустријалец, а сега медиумски тајкун Лен Блаватник со 15,26 милијарди фунти или 17 милијарди евра.

 

Џејми Оливер и модниот тајкун Филип Грин паднале на листата која е објавена во “Sunday Times”.

Еден од најголемите проблеми со веб мејл сервисите е токму тоа што ви е потребна интернет мрежа за да им пристапите, што не е проблем кога сте дома или на работа.

Меѓутоа, што да правите кога сте на патување или на некое место на кое не постои добра интернет врска? 

Но, Google почна да нуди решение за овој проблем односно офлајн опција (offline mode) за Gmail. Тоа значи дека овој популарен мејл сервис ќе им понуди на корисниците можност да читаат и да одговараат на пораки дури и кога не се на интернет.

Испратените мејлови кои се креирани офлајн, секако нема да можат да се испратат пред да се воспостави интернет конекција. Корисниците кои сакаат да ја користат оваа опција за Gmail ќе мора да инсталираат Google Chrome 61 или понова верзија од овој пребарувач.

Сè што е потребно е да отидете во Settings и да наместите колку денови сакате да ви траат пораките во offline mode. Доколку постојат пораки кои се постари од наместениот датум, пристапот до истите нема да биде возможен.

Повеќе детали за новата опција на Google, која е дел од новиот дизајн на сервисот, може да се најде на страницата за поддршка на Google.

Научниците користејќи техники за дигитална обработка на фотографии, успеале да прочитаат две страни од славниот воен дневник на Ана Франк, и откриле непристојни шеги за сексот и проституцијата.

Фондацијата "Ана Франк" денес го објавила откритието и навела дека тоа ќе помогне да се објасни нејзината заинтересираност за сексуалноста. 

Директорот на музејот "Ана Франк", Роналд Леополд, рекол дека таа "како и секој адолесцент била заинтересирана за таа тема" и додал дека и на други места во дневникот било пишувано за тоа.

 

Ана Франк го пишувала дневникот додека со семејството повеќе од две години се криела од нацистите во тајна просторија во куќа во Амстердам.

Кога откриени и уапсени, биле пратени во концентрациони логори, а Ана и нејзината сестра умреле во логорот Берген Белзен.

 
 

 

30 годишната Карли Бенер од Тексас стекнала огромен број следбеници на Инстаграм благодарејќи на фотографиите на кои го дои своето бебе додека вежба јога. Мајката на три деца се претставува како мултитаскинг личност, која е спосoбна да прави повеќе работи од еднаш.

Тоа го докажа со неверојатната видео снимка на која го дои своето 19 месечно бебе и истовремено прави стој на раце.

Нејзината објава предизвика големо внимание, а поголемиот дел од корисниците на Интернет и` се восхитуваат на мајката која изведува вистинска уметност.

A post shared by Carlee Benear (@carleebyoga) on

Карли објаснува дека со јога започнала да се занимава откако го роди второто дете кога и` се појавила силна депресија.

“Благодарејќи на јогата станав подобар родител, односно мајка каква што секогаш сакав да бидам. Секојдневното изведување на јога ми помогна да станам пожртвувана и пострплива, а овие лекции сега им ги пренесувам и на моите деца”, вели таа.

Поврзана слика

“Додека бев бремена постојано вежбав јога, обожувам кога вежбам. Моите деца се прилагодени на овие движења и сосема добро се вклопуваат во рутината за доње и истовремено вежбање. Не можев да се снајдам на друг начин, имам многу обврски околу децата, а на овој начин учествуваат и тие”, рекла мајката од Тексас која нема во план да престане да го промовира овој начин на живот.

 
 

 

Во 2009 година таа беше главна тема на сите светски медиуми. Наџа Сулеман беше порно глумица и стриптизерка која веќе имала 6 деца кога родила уште 8. Нејзиниот живот со месеци беше актуелен во јавноста, а потоа еуфоријата се намали. Еве како изгледа денес.

Фотографијата од трудничкото стомаче на Наџа Сулеман после успешното "ин витро" оплодување во 2009 го обиколи светот. Преку ноќ станала славна и медиумите се натпреваруваа кој прв ќе објави вест за неа и приновата. Во такви околности не било лесно да се израснат осум бебиња и шест деца. 

Резултат со слика за natalie suleman pregnant

Поврзана слика

"Си го уништив животот и себе и на децата! За што размислував?", изјави Наџа за американската телевизија "Fox" во двочасовното интервју кое беше прикажано неколку месеци после породувањето.

Многу набрзо беше откриено дека таа живее од социјална помош и дека јавноста остро ја осудуваат. Се појавуваше во сите печатени медиуми, па дури и во телевизиската емисија на Опра.

Денес Натали е горда и самохрана мајка на 14 здрави деца иако долго време едвај "врзувала крај со крај", а едно време дури повторно работела како стриптизерка, но тој период за среќа кратко траел.

Судејќи по фотографиите кои редовно ги објавува на Инстаграм, таквите времиња се останати во минатото.

Резултат со слика за natalie suleman pregnant

Резултат со слика за natalie suleman pregnant

"Од очај и сиромаштија, за да преживеам и да го хранам семејството, се жртвував и усрамено го прифатив новиот и непосакуван идентитет "Октомама". Во март 2013 година ставив точка на тоа. Заедно со семејството го напуштивме местото кое штетно влијаеше врз нас, пред да ме убијат и да ги уништат животите на моите деца. Се вратив кај моите корени, личноста која бев пред да бидам мајка на осум деца. Се вработив како терапевтка и учам за мастер", рекла таа.